feature

Де Роси пред промоција за тренер на Рома

Даниеле Де Роси е прв кандидат за наследник на Португалецот
на тренерското место во Рома.
„Римската волчица“ одлучи да се раздели со Жозе Мурињо и
сезоната да ја продолжи со друг тренер. Тоа најверојатно ќе биде
Даниеле Де Роси кој наскоро треба да биде назначен за нов
предводник на тимот.
Контактите се веќе направи, преговорите течат, двете страни
сакаат Де Роси да биде тренер на Рома и тоа веројатно ќе се
случи. Де Роси е вистинска легенда на Рома, цели 18 години
играше за римскиот клуб, една сезона се проба во Бока јуниорс и
во 2020 година Италијанецот има тренерско искуство во СПАЛ каде помина три години.


Два премиерлигаши го сакаат Фримпонг од Леверкузен

Арсенал и Ливерпул се заинтересирани за дефанзивецот на Баер
Леверкузен, Џереми Фримпонг, пренесуваат англиските медиуми.
Фримпонг пристигна во Леверкузен од Селтик за 11 милиони евра
и има договор со „фармацевтите“ до 2025 година, а се
етаблираше во еден од најдобрите бекови во Бундеслигата.
Премиерлигашите го следат неговите настапи и веќе ја започнаа
битлата за неговиот потпис.
Фримпонг има откупна клаузула во договорот од 40 милиони евра,
сума која споменатите клубови се спремни да ја платат.


Ндиди од Лестер прва опција за засилување во Барса

Барселона е силно заинтересирана за дефанзивниот играч за врска на Лестер, Вилфред Ндиди, пренесуваат шпанските медиуми.

После големиот пораз во финалето од Суеркупот, Чави сака да реагира и да го засили средниот ред со дефанзивен играч за врска.

Меѓутоа, клубот нема голем буџет на располагање, па Ндиди е иделано решение.

Договорот на Ндиди со Лестер истекува на крајот на сезоната, а оваа сезона игра одлично во Чемпионшип и може да се пресели на „Камп Ноу“ за симболична сума.


Торино ја одби првата понуда за Бонџорно

Дефанзивецот на Торино, Алесандро Бонџорно, доби понуда да се пресели во редовите на Милан но, челниците на „биковите“ ја одбиле.

Тие бараат најмалку 40 милиони евра додека  „росонерите“  сакаат да ја намалат сумата и во договорот да го вклучат и еден фудбалер.

24-годишниот Италијанец во сезонава има одиграно 19 средби на кои постигна 3 гола и имаше една асистенција.


Венбајама ќе настапи на викендот на сите ѕвезди

Кошаркарот, Виктор Венбајама, ќе настапи на  – „Skills Challenge“ на Ол-Стар викендот во НБА кој ќе се одржи во Индијанаполис од 16 до 18 февруари.

Првиот пик на драфтот во 2023 година, има одличен старт на сезоната во дресот на Сан Антионио Спарс.

224 сантиметри високиот центар досега забележа просек од 19 поени, 10 скокови и 3 асистенции.


Партизан се противи на влегување на Дубаи во Евролигата

Претседателот на српскиот гигант Партизан, Остоја Мијаиловиќ се спротистави на влезот на тим од Дубаи во регионалната АБА-лига.

Дубаи веќе доби место во Евролигата од сезоната 2024/25 поради тоа што потпиша договор вреден 150 милиони евра со раководството на лигата.

„Имаме комплицирана ситуација која ни е позната на сите. Еден клуб со години прави проблем, иако гласаше за реформа на матичната компанија. Поради тоа лигата не е регулирана и бизнисот е тежок. Влез на нов тим во АБА-лигата дополнително би создал проблеми. Додека не се реши проблемот, Партизан е против влез на Дубаи во АБА“, изјави Мијаиловиќ.


Унгарија и Хрватска ќе се борат за европското злато во ватерполо

Ватерполо репрезентациите на Хрватска и Шпанија ќе се борат за трофејот на Европското првенство. Шпанија во првото полуфинале ја победи Италија со 7-4. Овој меч беше реприза на дуелот за бронзениот медал од минатото првенство.

Алваро Гранадос и Фелипе Пероне беа најзаслужни за триумфот во една ваква тешка партија со по два гола.

Хрватите пред домашната публика ја победија Унгарија со 11-8. Најефикасен кај Хрватска беше Јерко Мариниќ Крагиќ со три гола, а Лорен Фатовиќ додаде два.

Кај Унгарците со по три гола најдобри беа Винс Вигвари и Адам Наѓ.


Нкунку не е сериозно повреден, наскоро се враќа на терените

Медиумите во Англија објавија дека повредата на бутот на ногата на фудбалерот на Челзи, Кристофер Нкунку, не е толку сериозна иако првичните проценки го најавија спротивното.

Според информациите, напаѓачот ќе продолжи со тренинзите и веројатно ќе биде достапен за реваншот од полу-финалето на Карабао купот против Мидлсборо на 23 јануари.

Нкунку ги пропушти првите четири месеци од сезоната поради повреда на коленото и досега има само еден настап во Премиер лигата.


Мурињо пред отказ, Де Роси ќе биде негова привремена замена

Сопствениците на Рома наводно не се задоволни со играта и
резултатит под водство на Жозе Мурињо и му спремаат отказ на
португалскиот стратег.
„Спортмедиасет“ пренесува дека веќе во клубот имаат идеја кој
би можел да го наследи, Даниеле Де Роси. Ваквата информација
се појави по двата порази на Рома од градскиот ривал Лацио (1-0)
и Милан (3-1).
Она што посебно треба да ги загрижува во Рома се резултатите
против екипите кои се борат за излез во Европа. Од 24 можни
бодови во тие натпревари, Рома освои само шест.
Де Роси за Рома играше од 2001 до 2019 година, а вкупно настапи
на 616 натпревари и постигна 63 голови, асистираше за 60. Исто
така беше дел од италијанската репрезентација која го освои
Светското првенство во 2006 година.


Анталијаспор суспендираше Израелец поради политички пораки

Турска Анталијаспор го суспендираше Израелецот Сагив Јехезкел
поради тоа што на вчерашниот натпревар од турската Суперлига
против Трабзонспор (1-1), го прослави својот гол покажувајќи завој
со датумот на нападот на Хамас врз Израел – 7 октомври.
Во официјалното соопштение, Анталијаспор ги нарече постапките
на Јехезкел „спротивни на вредностите на земјата“ и ја објави
одлуката на управата да го суспендира напаѓачот. Претседателот
на клубот Синан Бозтепе изјави дека најверојатно ќе биде
раскинат договорот со израелскиот фудбалер.