Баерн Минхен ќе постави статуа на легендарниот Франц Бекенбауер пред Алијанц Арената, се вели во соопштението на фондацијата на навивачи на клубот.
Бекенбауер, кој важеше за еден од најдобрите играчи на сите времиња, почина во јануари на 78-годишна возраст.
Статуата на Кајзер ќе биде поставена до статуата на неговиот поранешен соиграч и напаѓач Герд Милер, кој сè уште го држи рекордот на голови во Бундеслигата, почина во август 2021 година на 75-годишна возраст.
Ференцварош и Станковиќ се шампиони на Унгарија
Ференцварош повторно е шампион на Унгарија. Тимот ја освои титулата шести пат по ред.
Во 29. коло, вчера, Ференцварош одигра нерешено 0-0 против екипата на Кишварда и на 4 кола пред крајот на првенството ја освои шампионската титула.
Шестте последователни титули се најдобриот резултат во историјата на Ференцварош.
Апсолутниот рекорд за најмногу титули во Унгарија го држи МТК, кој десетпати го освојуваше првенството во периодот од 1914 до 1925 година. Ова е прв трофеј на клупата на Ференцварош на српскиот тренер Дејан Станковиќ.
Ѓоковиќ го откажа настапот на Мастерсот во Мадрид
Мастерсот во Мадрид ќе биде „посиромашен“ за најдобриот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој се реши да го откаже овој турнир. На негово место во главната ждрепка влезе Лука ван Еш.
Србнинот последен пат настапуваше на овој турнир во 2022 година, кога испадна во полуфиналето од Карлос Алкарас. Ова ќе значи дека Јаник Синер ќе биде прв носител на турнирот.
Ѓоковиќ ќе се подготвува за мастерсот во Рим, што ќе му биде „генерална проба“ пред Ролан Гарос. Српскиот тенисер изјави дека неговата цел е да биде во одлична форма за Франција.
Останаа два кандидати за клупата на Баерн
Селекторот на австриската репрезентација Ралф Рангник може да го предводи Баерн.
Според „Sky Sport Germany“, раководството на Баварците за можното назначување на тренерската позиција на 65-годишниот Германец.
Сериозен кандидат за клупата на Баерн Минхен е и актуелниот тренер на Брајтон, Роберто Де Зерби. Претходно се дозна дека Томас Тухел ќе го напушти клубот на крајот на сезоната 2023/24.
Педесетгодишниот Тухел е тренер на Баерн од март 2023 година. Под негово водство клубот избори полуфинале во Лигата на шампионите, но не успеа да ја одбрани шампионската титула во Бундеслигата. Тимот е втор во германското првенство со 63 бода од 29 натпревари. Недостижен на првото место е Баер Леверкузен.
Мугуруза објави неочекуван крај на кариерата
Шпанската тенисерка Гарбине Мугуруза објави дека се повлекува од професионалниот тенис.
Во јануари 2023 година, спортистката објави дека паузира од кариерата.
„Исклучително сум им благодарна на сите луѓе кои ми помогнаа и ме придружуваа на овој пат. Сега сум подготвена да започнам ново поглавје во мојот живот, кое веројатно ќе биде некако поврзано со тенисот и спортот“, рече Мугуруза на прес-конференција во Мадрид.
Триесетгодишната Шпанка е поранешен светски рекет број еден. За време на нејзината кариера, таа освои два Грен слем турнири во сингл (Ролан Гарос 2016 и Вимблдон 2017). Вкупно има 15 ВТА титули (десет од нив во сингл).
Емери кандидат за клупата на Барса
Тренерот на Астон Вила, Унаи Емери, може да стане нов кормилар на Барселона, објави англиското радио „ТокСпорт“.
Според изворот, раководството на Барселона будно го следи тимот на Астон Вила под водство на Емери и сериозно е заинтересирана за услугите на 52-годишниот шпански стручњак. Актуелниот договор на тренерот со клубот е до 30 јуни 2025 година.
Астон Вила моментално е четврта во Премиер лигата и се пласираше во полуфиналето на Конференциската лига.
Гасперини добива нов договор во Аталанта
epa09480165 Atalanta’s coach Gian Piero Gasperini during the Italian Serie A soccer match between Atalanta BC and Sassuolo at the Gewiss Stadium in Bergamo, Italy, 21 September 2021. EPA-EFE/PAOLO MAGNI
Тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини може да потпише нов договор со италијанскиот клуб. Според новинарот Николо Шира, раководството на „божицата“ сака да го задржи 66-годишниот специјалист и покрај интересот за него од врвните италијански клубови.
Гасперини веќе добил понуда за нов договор до 2026 година со можност за автоматско продолжување на уште една година.
Актуелниот договор на тренерот со клубот е до 30 јуни 2025 година.
Бастони е прва опција за одбраната на Реал
Реал Мадрид е заинтересиран за централниот дефанзивец на Интер, Алесандро Бастони. Според изворот, за купување на 25-годишниот италијански фудбалер е заинтересиран лично Карло Анчелоти, главниот тренер на „кралевите“.
Забележано е дека раководството на „нероаѕурите“ за Бастони ќе бараат најмалку 80 милиони евра.
Актуелниот договор на играчот со клубот е до 30 јуни 2028 година, со плата од десет милиони евра годишно.
Тренерот на Штутгарт од втор план може да го преземе Баерн
Иaкo во се појавија информации дека Зинедин Зидан е на чекор до тренер на Баерн од следната сезона, Германија го тврди сосема спротивното.
Германскиот новинар на Скај, Флоријан Плетенберг, вообичаено еден од посигурните извори кога се во прашање вестите од баварскиот клуб, тврди дека Зидан воопшто не е на списокот на кандидати на Баерн. Плетенберг додава дека Баерн одлучил да го врати Jулијан Нагелсман назад, но тој одбил и го продолжил договорот со германската репрезентација до Светското првенство во 2026 година. Во Баерн не беа подготвени за таков исход и воопшто не подготвија резервна опција.
Сепак, неколку часа откако објави дека Зидан не е опција, Плетенберг повторно проговори, овој пат за да објави дека Баерн има нов тренерски кандидат. Станува збор за Себастијан Хенес, тренер на Штутгарт и внук на Ули Хенес, еден од челниците на Баерн.
Хенес во досегашната кариера ги водеше јуниорите на баварскиот клуб, во 2019 година седна на резервната клупа и ги предводеше до титулата најдобар третолигаш во Германија. Потоа две години работеше како тренер на Хофенхајм, а во април минатата година го презеде Штутгарт и го извлече од дното на табелата.
Хенес успеа да го задржи Штутгарт во лигата, а оваа сезона го претвори во вистински хит. Моментално се на третото место со 63 бода, исто толку колку и Баерн.
Баерн фрлил око на Френки де Јонг
Барселона минатото лето се обидуваше да го продаде Френки де Јонг поради финансиски проблеми, но Холанѓанецот остана на „Камп Ноу“.
За Барселона најголем проблем е високата плата, а поради финансиските проблеми на лето повторно ќе мора да продава играчи.
Според каталонски „Спорт“, Каталонците на лето се спремни да го продадат и за неговата слобода бараат околу 70 милиони евра.
Најсилен интерес за него покажува Баерн Минхен, кој веќе стапил во контакт со агентот на Холанѓанецот и е спремен да ја плати таа сума.