feature

Барса купува напаѓач, во јануари ќе тргне по Обамејанг

Шпанските медиуми изминативе денови се преполни со шпекулации поврзани со каталонскиот гигант Барселона.

Голем дел од шпекулациите се поврзани со веројатно новиот тренер на клубот, Чави Ернандез кој наскоро треба да биде промовиран како перманентен наследник на Роналд Куман кој неодамна заработи отказ поради лошите резултати.

Јасн е дека Чави ќе добие одредена сума за засилувања во јануарскиот преоден рок, а уште појасно е дека парите ќе бидат потрошени за ангажман на нов напаѓач.

Причината за тоа е што Серхио Агуеро долг период ќе биде надвор од терените поради срцеви проблеми, па на Барселона ќе и е потребен стабилен напаѓач.

Првично се шпекулираше дека четири имиња се можна опција за каталонскиот клуб, за сега добро упатениот „Ел Насионал“ да јави дека од клубот ќе сторат се да го ангажираат Пјер Емерик Обамејанг од редовите на Арсенал.


Луис Суарез: Дајте му ја „Златната топка“ на Левандовски, инаку јас ќе му ја дадам својата

Многумина се сложуваат во тоа дека напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски кој игра на високо ниво подолг период, заслужува да ја освои „Златната топка“ за најдобар фудбалер на светот.

Пред извесен период низ јавноста протече документ во кој јасно се гледа дека токму Левандовски има најмногу гласови, а легендарниот шпански фудбалер Луис Суарез беше краток и јасен за тоа кој ја заслужува престижната награда.

„Дајте му ја Златната топка на Левандовски, по ѓаволите! Во спротивно, јас ќе му ја дадам мојата“, рече Суарез, кој инаку е единствениот Шпанец кој ја има освоено таа награда.


Кутињо не е во плановите на Чави и заминува во Њукасл

Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Филипе Кутињо може да биде едно од новите засилувања на Њукасл Јунајтед, пренесуваат дел од англиските медиуми.

29-годишниот Бразилец во 2018 година премина од Ливерпул во редовите на Барселона но не се снајде најдобро и го загуби статусот на првотимец. Според информациите од каталонскиот клуб, Кутињо не се очекува да биде дел од плановите ниту на извесниот нов тренер на тимот, Чави Ернандез.

Англискиот премиерлигаш Њукасл Јунајтед сака да го искористи овој факт и е спремен да испрати понуда за доведување на Кутињо во своите редови. Планот на новото раководство на клубот е понудата првично да се однесува за позајмување на играчот но со опција за трајно откупување на крајот од сезоната.


Жозе Мурињо повторно лут на судиите

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо уште еднаш им се налути на судиите после разочарувачкиот нерешен резултат од 2:2 против Бодо Глимт во Лигата на конференции.

 Мурињо упати остри критики и кон своите играчи, но според него главни виновници за овој резултат се судиите кои не досудија два пенали за Рома.

„Мислам дека овој резултат не е фер. Не прикажавме многу добра игра, направивме многу технички грешки, особено во првото полувреме кога одбраната не реагираше како што е потребно. На крајот резултатот е 2:2, но според мене имаше два чисти пенали во наша корист кои беа чисти како солза. 

Можеме да зборуваме што сакаме, но на крајот резултатот е тој, тие имаа два шута и постигнаа два гола, додека ние дадовме два меѓутоа ни беа ускратени и два чисти пенали. Не знам која е причината што се делегираат млади и неискусни судии кои уште не се докажани во својата работа. 

Во Норвешка не кажав ништо за судиите бидејќи загубивме со 1:6, но денеска двата пенали беа апсолутно чисти“, изјави Мурињо после натпреварот на „Олимпико“.


Алегри го сака Себаљос во Јувентус

Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри сака во јануари да го засили тимот со играч на Реал Мадрид, пренесуваат италијанските медиуми.

Алегри не е задоволен од настапите на Адриен Рабио и сака да го донесе шпанскиот плејмејкер Дани Себаљос.

„Старата дама“ сака да го засили средниот ред, а Алегри смета дека Себаљос ќе биде идеален партнер за Локатели.


Реал се вклучи во трката по Адејеми

Реал Мадрид е силно заинтересиран за новата ѕвезда на Салцбург, Карим Адејеми. 19-годишниот Адејеми блеска во дресот на Салцбург и го привлече вниманието на многу европски гиганти, а Реал Мадрид сака да ја победи конкуренцијата.

Реал Мадрид ќе има жестока конкуренција бидејќи за Адејеми интерес покажуваат Баерн Минхен, ПСЖ и Ливерпул, но „кралевите“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент.

Младиот напаѓач оваа сезона има одиграно 20 меча на кои постигна 14 гола и запиша 2 асистенции, а Салцбург за неговата слобода бара 40 милиони евра.


Милан ќе го откупи Брахим Дијаз

Фудбалскиот клуб Милан одлучи да го задржи во своите редови Брахим Дијаз кој настапува како позајмен играч од Реал Мадрид.

Милан за позајмицата на Дијаз плати 3 милиони евра но сега има можност да го откупи за дополнителни 20 милиони евра.

Самиот играч истакна дека е презадоволен од неговите настапи на „Сан Сиро“ и се согласува да потпише повеќегодишен договор со миланезите.


Њукасл го купува Зуле од Баерн Минхен

Инвестицискиот фонд од Саудиска Арабија и официјално го презеде Њукасл и е спремен да вложи голема сума за реконструкција на тимот.

Англиските медиуми пишуваат дека Њукасл ќе може да потроши меѓу 200 и 250 милиони евра во зимскиот преоден рок, а веќе направиле список од неколку засилувања.

Прва трансферна цел во зимскиот преоден рок ќе биде дефанзивецот на Баерн Минхен, Николас Зуле. Договорот на Зуле истекува на крајот на сезоната, а Баерн е спремен да го продаде во јануари.


Половина Европа го бара напаѓачот на Далас

Челниците на Манчестер Јунајтед размислуваат да го ангажираат фудбалерот на Далас, Рикардо Пепи. 18-годишниот талент на вкупно 30 натпревари од почетокот на сезоната во МЛС-лигата даде 13 голови и направи 2 асистенции.

За неговите услуги се заинтересирани и Ливерпул, Челзи и Манчестер Сити, но, според информациите на „Ил Ресто дел Карлињо“, „црвените ѓаволи“ се чекор понапред во однос на конкурентите.

Италијанскиот клуб Болоња исто така планираше да го ангажира Американецот во јануарскиот трансфер период, но, најверојатно тоа нема да се случи.


Американките први обезбедија полуфинале на „Били Џин Кинг куп“

Тенисерките на САД ги добија двата сингл меча против Шпанија во групата Ц и обезбедија пласман во полуфиналето на тенискиот турнир – „Били Џин Кинг куп“.

Слоун Стивенс со 6-4, 6-4  ја совлада Нурија Парисас-Дијаз додека Даниел Колинс ја загарантира втората победа на САД откако за само еден час ја совлада Сара Сорибес Тормо со 6-1, 6-0. Сега Американките ги чека пресметката со селекцијата на Русија која ја победи Франција.

„Мислам дека во сегашниов формат, секој дуел, секој сет е значаен и влијае на пласманот. Јас и Слоун бевме мотивирани, самоуверени и знаевме дека сме подготвени за победа“, изјави Даниел Колинс.