feature

Гвардиола најчесто поразуван во европските полуфиналиња

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола испадна по шести пат во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Тоа се случуваше во сезоните 2009/2010 и 2011/2012 со Барселона, 2013/2014, 2014/2015 и 2015/2016 со Баерн Минхен и во сезоната 2021/2022 со Манчестер Сити.

Според овој показател, тој го повтори антирекордот на Жозе Мурињо. Да потсетиме, во реванш полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите, Манчестер Сити загуби од Реал Мадрид со резултат 1-3.

Првиот натпревар заврши со победа на Манчестер Сити со резултат 4:3. Така, по резултатите од два натпревари, Реал Мадрид победи со 6:5 и се пласираше во финалето на Лигата на шампионите по продолжението кое беше одиграно синоќа.


Руските клубови во иднина ќе играат во азиските натпреварувања

Досега имаше неколку земји кои ја заменија конфедерацијата од спортски или безбедносни причини – Австралија се пресели од Океанија во Азиската фудбалска федерација, додека Израел и Казахстан од Азија во УЕФА.

Руската фудбалска федерација (РФУ) размислува да се приклучи на Азиската фудбалска конфедерација (АФЦ), откако беше казнета од Европската фудбалска унија (УЕФА) за руската инвазија на Украина.

„Мислам дека дојде време сериозно да се размислува за транзиција во азиската конфедерација. Не знаеме колку долго ќе трае забраната за руските клубови и репрезентации, а отсуството од меѓународните натпреварувања би било катастрофа за рускиот фудбал“, изјави поранешниот боксер, а сега пратеник Димитриј Пирог за Меч ТВ.


Русија размислува за преместување во Азиската фудбалска конфедерација

Медиумите во Русија објавуваат дека Рускиот фудбалски сојуз размислува за можноста за преместување во азиската фудбалска зона. Причината се санкциите од УЕФА која поради инвазијата на Украина ги отстрани руските национални и клупските тимови од сите меѓународни натпреварувања.

На Русија исто така им е одземена можноста да се кандидира за домаќин на Европските првенства во 2028 и 2032 година.


Олимпијакос е фудбалски шампион на Грција

Екипата на Олимпијакос по 47. пат во својата историја стана фудбалски шампион на Грција, откако како гостин во Солун го совлада ПАОК со 2:1. 

На четири кола пред крајот на првенството, Олимпијакос има 16 бода предност пред Паок кој е втор. Третото место на табелата му припаѓа на Панатинаикос.


Рекорд на Карло Анчелоти во Лигата на шампиони

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти собори уште еден рекорд во својата богата кариера. Италијанскиот стручњак се пласира во финалето на турнирот после победата над Манчестер Сити со 3:1 во дуел кој се одигра на „Сантијаго Бернабеу“. Во финалето „Кралскиот клуб“ за противник ќе го има тимот на Ливерпул.

Анчелоти стигна до своето петто финале во Лигата на шампионите, што е повеќе од било кој друг тренер во светот. Три од финалињата се со Милан во 2003, 2005 и 2007 година и едно финале со Реал во 2014 година. Од овие натпревари тој загуби само во 2005 против Ливерпул во Истанбул.


Гвардиола:Тешко е но мора да го прифатиме поразот

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола беше искрен после поразот со 3:1 од Реал Мадрид во реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите, со кој популарните „граѓани“ се елиминирани од турнирот.

„Тешко ни е во моментов, не можам да демантирам. Бевме многу блиску до финалето. Сега мораме да го надминеме ова и да се свртиме кон домашното првенство и да ги одиграме последните четири натпревари што ни преостануваат. Во првото полувреме не успеавме да ја прикажеме нашата игра, не бевме доволно добри, но сепак немавме многу проблеми. Откако постигнавме гол, бевме подобри. Го најдовме нашето темпо и нашата игра и играчите се чувствуваа добро на теренот. Не го одигравме нашиот најдобар натпревар, но тоа е нормално, полуфинале е, играчите ја чувствуваат тензијата. Фудбалот е непредвидлив на вакви натпревари. Мора да го прифатиме поразот“, изјави Гвардиола.


Одбојкарите се собраа во Маврово, прозиваше новиот селектор Павличевиќ

Македонската одбојкарска репрезентација, предводена од новиот селектор Ратко Павличевиќ, денес во Маврово ќе го има првиот собир во рамките на подготовките за престојниот старт на Европската сребрена лига 2022.

Павличевиќ на собирот повика 24 одбоjкари, главно оние кои се дел од нашата репрезентација и во последните два циклуса.

На техничарската позиција се повикани Ѓорѓи Ѓорѓиев, Филип Деспотовски, Ефтим Ричлиев и Давид Стојанов; Никола Ѓорѓиев, Стојче Арсов и Стефан Алексов се на коректорската позиција, на позицијата примач се повикани Владо Милев, Александар Љафтов, Стојан Илиев, Лука Костиќ, Васе Михаилов и новаците Блертон Бафтијари од Шкендија, Ангел Бошков од Универзитет во Тетово и Оливер Куновски од Борец.

Стандардните Филип Маџунков, Ристо Николов, Филип Савовски, Славе Наков и Филип Лепидовски се блокери, а шанса ќе има и за Михајло Мирасчиев од Штип УГД и за Христијан Андоновски од Борец. Дарко Ангеловски и Костадин Ричлиев се повикани на позицијата либеро.


Јунајтед спремен да му даде висока плата на Усман Дембеле

Манчестер Јунајтед му нуди договор на напаѓачот на Барселона, Усман Дембеле, со годишна плата од околу 12 милиони евра..

Претходно 24-годишниот напаѓач беше на мета и на ПСЖ, а парижани на Французинот му понудиле околу 14 милиони евра годишно.

Договорот на Дембеле со Барселона истекува во јуни, но Каталонците ќе се обидат да го задржат играчот и следната сезона. Оваа сезона тој одигра 29 натпревари за Каталонците, постигнувајќи два гола и 11 асистенции.


Синот на Лилиан Турам на мета на два европски гиганти

Реал Мадрид и ПСЖ покажуваат сериозен интерес за играчот за врска на Ница, Кефрен Турам, пренесуваат шпанските медиуми.

„Кралскиот“ клуб во 20-годишниот Французин гледа идеална алтернатива за Каземиро во средниот ред. Од друга страна ПСЖ сака да го донесе францускиот талент во Париз.

Кефрен е син на легендарниот француски дефанзивец Лилијан Турам и брат на напаѓачот на Борусија Мехенгладбах, Маркос Турам.

Кефрен оваа сезона игра фантастично во дресот на Ница, запиша 37 настапи на кои постигна 4 гола и 3 асистенции.

Тој се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во француското првенство, па Реал и ПСЖ ќе водат битка за неговиот потпис на лето.


Ѕвездата на Бенфика е прва желба на Тен Хаг во Јунајтед

Дарвин Нуњес ќе биде примарна трансфер цел на Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок.

22-годишниот уругвајски репрезентативец игра одлично и е на мета на многу европски гиганти, но Јунајтед е спремен да ја победи конкуренцијата. Клубот од „Олд Трафорд“ е спремен да плати 80 милиони евра за неговиот потпис и наводно веќе започнал преговори со неговиот агент.

„Црвените ѓаволи“ потврија дека на лето сакаат да донесат најмалку еден врвен напаѓач, а најголема желба на Тен Хаг е токму Нуњес.

Уругваецот има и други понуди, но преферира да игра во Премиер лигата и дал зелено светло за трансфер на „Олд Трафорд“.