Баерн и Јуве подготвуваат трампа на фудбалери за врска
Хасан Салихамиџиќ е силно заинтересиран за плејмејкерот на Јувентус, Родриго Бентанкур. Главна цел на Баварците во летниот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред, а Бентанкур е на врвот на листата желби. Уругваецот оваа сезона не добива голема минутажа и Јувентус е спремен да го продаде, а Баврците и нудат трампа на „старата дама“. Имено, Баерн е спремен да понуди трампа, така што во Торино ќе ги испрати Леон Горецка. Горецка има договор до 2022 година и на лето ќе влезе во последната година од договорот, а Јувентус е заинтересиран за Германецот.
Интер нуди 70 милиони евра за Муриел и Госенс од Аталанта
Аталанта веќе неколку сезони игра фантастично во Серија А, па во Бергамо се промовираа неколку фудбалери кои се мета на европските гиганти. Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер е заинтересиран за две ѕвезди на Аталанта и за тоа спремил 70 милиони евра. Имено, Антонио Конте сака во својот тим да ги донесе напаѓачот Луис Муриел и левиот бек Госенс. Двајцата фудбалери се спремни за чекор напред во кариерата и сакаат да се прселат во Милано, а „нероаѕурите“ веќе спремија понуда од 70 милиони евра.
Лазаров: Полесно ми е да бидам тренер и играч, отколку само тренер
Во интервју за „Ал Џазира“, капитенот и селектор на нашата ракометна репрезентација, Кире Лазаров, зборуваше за својот деби настап на кормилото на македонскиот тим и за очекувањата во иднина. „Мислам дека во овој момент ми е многу полесно да бидам селектор и играч, отколку само селектор. Јас сум побезбеден кога сум на паркетот и кога можам да распоредувам играчи и да донесувам одлуки на теренот. Младите играчи треба да ги користат постарите некое време за да продолжат да играат сами. Ова е национален тим, во кој немаме многу работни денови во годината заедно и затоа ќе го искористиме секој момент максимално. Составив добар тим. Им давам задачи и досега работиме многу професионално и квалитетно. Финска и Швајцарија? Мојот тим има право да размислува само за тоа како да се победи и ништо друго не ме интересира, ниту имињата на противниците. Ќе има порази, но ги ценам играчите кои даваат 100% и кои се победници“, вели Лазаров.
Италија и Турција ќе го отворат ЕП со гледачи на трибините во Рим
Натпреварот меѓу Италија и Турција, со кој на 11 јуни во Рим ќе биде отворено Европското првенство во фудбал ќе се одигра во присуство на гледачи и покрај пандемијата со ковид-19, потврди претседателот на Италијанскиот фудбалски сојуз Габриеле Гравина. Тој на прес-конференција во Рим соопшти дека публиката ќе биде присутна на стадионот „Олимпико“, но не ја прецизираше бројката на навивачи. Сè уште не знам колку гледачи ќе има, но сигурно ќе има многу луѓе, најави првиот човек на италијанскиот фудбал. Италија е една од 12-те земји домаќини на претстојното ЕП, а во услови на пандемија на коронавирус на европскиот континент плановите за одржување на едномесечниот турнир сè уште не се прецизирани.
Откриено за кој премиерлигаш навива ѕвездата на Барселона
Играше во Франција, Германија и Франција, но Осман Дембеле со посебна страст следи клуб кој не е поврзан со ниту една од наведените лиги. Патрик Бамфорд од Лидс даде интервју за официјалната клупска страница, во кое откри дека Дембеле е голем навивач на Лидс, толку голем што на посебен начин го побарал неговиот дрес. Дембеле преку францускиот голман Мелие го побарал дресот на Бамфорд, а Бамфорд, секакo воодушевен од тоа, го подарил својот дрес. „По натпреварот Мелие ми рече дека го сака мојот дрес, а јас му реков дека нема никаков проблем и прашав за кого му треба. Ми одговори дека му треба за Дембеле, оној од Барселона. Не ми беше ништо јасно, а потоа ми објасни дека сака дрес и од Калвин Филипс, бидејќи Дембеле е голем навивач на Лидс. Пред некој ден на полноќ ме побара на телефон и ми го покажа дресот на Барселона на кој пишува „За мојот брат Бамфорд, од Дембеле“.“ – вели напаѓачот на Лидс.
Креспо го доведе поранешниот напаѓач на Интер во Сао Паоло
Италијанскиот фудбалер Едер е нов член на Сао Паоло. Бразилскиот клуб потврди дека Едер потпишал договор на две години. Овој 34 годишен напаѓач дојде во Сао Паоло од кинескиот Џангсу каде што играше од 2018 година. Најголем чекор во кариерата на Едер беше трансферот од Сампдорија во Интер во 2016 година, а претходно го носеше дресот на Чезена, Бреша, Емполи и Фросиноне. За репрезентацијата на Италија одигра 26 натпревари и постигна шест голови.
Јунајтед го договори Љоренте од Атлетико Мадрид
Челниците Манчестер Јунајтед ќе му понудат на Атлетико Мадрид големи 80 милиони евра за фудбалерот од средниот ред Маркос Љоренте. Сумата е навистина висока споредено со кризата што ја предизвика пандемијата со ковид-19 и може да ги натера луѓето од Шпанија да ја прифатат. Изданието наведува дека самиот играч не сака да го напушти Атлетико затоа што се чувствува среќен во клубот. Фудбалерот на „јорганџиите“ во тековнава сезона има 10 погодоци и 9 асистенции. Тој лично доби понуда од англичаните да заработува двојно повеќе од тоа што го добива на – „Ванда Метрополитано“.
Дибала со својот одговор го изненади Јувентус
Газета Дело Спорт тврди дека Пауло Дибала нема намера да го напушти Јувентус ова лето, сака да го одработи договорот до крај, а тоа подразбира дека до јуни 2022. година ќе остане играч на „старата дама“. Раководството на Јувентус има намера да го продаде Дибала ова лето, веќе преговара со заинтересирани клубови, сака да профитира бидејќи напаѓачот им соопштил дека нема намера да го продолжи договорот. Дибала бара поголема плата за да го продолжи договорот, од Јувентус има понуда на 10 милиони по сезона, но тоа е малку за Аргентинецот. Во Јувентус не се задоволни од одлуката на Дибала, тој во 2019. година одби да замине во Јунајтед како дел од трансферот на Лукаку кај „старата дама“.
Евротип предлог тикет – Недела 28.03.2021
Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи околу 41 коефициент:
Грузија – Шпанија | 2 По неочекуваното реми против Грција, „фуријата“ на Луис Енрике мора да се покаже во Тбилиси. Победата не би требало да биде под знак прашалник, а и традицијата е на страната на Шпанија. Сепак, Грузија има нов селектор, сигурно ќе сака да се докаже и скапо да ја продаде кожата.
Украина – Финска | 1-1 Многу голем е напредокот под Шевченко и Тасоти во украинската репрезентација отколку претходно. Ремито во Париз пред неколку дена е показател за тоа, а и самодовербата расте. Финска, која е учесник на Европското првенство, исто така напредува, но во Киев нема никакви шанси за бодови.
Бугарија – Италија | 2, 2-3 „Азурите“ ја достигнуваат максималната форма под Манчини и треба да бидат меѓу најдобрите на Европското првенство, каде групната фаза ќе ја играат на домашен терен. Бугарија е никогаш послаба, па по поразот од Швајцарија, тешко може да изненади посилна селекција како Италија.
Хрватска У21 – Швајцарија У21 | 1 Победата на Швајцарија над Англија беше големо изненадување, но не верувам дека оваа селекција е кадарна за уште една сензација. Хрватска има многу добри млади фудбалери и моја претпоставка е дека ќе ги освои трите бода. Дури и традиционално Хрватите излегуваат на крај со селекции како Швајцарија.
Сан Марино – Унгарија | 4+ Унгарците прокоцкаа победа над Полска, но имаат одличен млад тим и двапати по ред се пласираа на Европско првенство. Ривалот викендов им е идеален за поправање на гол-разликата, а со тоа победата и бодовите треба да заминат за Будимпешта.
Фенербахче го сака Сари на клупата
Поранешниот тренер на фудбалерите на Челзи, Наполи и Јувентус, Мауруцио Сари може да седне на кормилото на турскиот гигант, Фенербахче, објавија дел од медиумите. Екипата од Истанбул неодамна му врачи отказ на Ерол Булут и како времено решение го ангажираше легендарниот, Емре Белозоглу, кој паралелно ја извршува и функцијата спортски директор. Според турските медиуми, 62-годишниот стратег ги започнал преговорите со раководството на Фенербахче иако има одредени шпакулации дека може да се врати во Серија А.