feature

ПСЖ и Галтие му дадоа одмор на Меси до средината на јануари

Лионел Меси најверојатно нема да игра за ПСЖ до средината на јануари.

Според весникот „Ле Паризиен“, по победата на Аргентина на Светското првенство во 2022 година, напаѓачот добил 10 дена за одмор.

Меси ќе тренира на индивидуална основа и најверојатно нема да игра за ПСЖ до средината на јануари. Се чека и клупска потврда.


Иско најави заминување од Севиља уште во јануари

Шпанскиот фудбалер, Иско, ќе си замине од Севилја и тоа по само неколку месеци откако двете страни потпишаа договор до 2024 година.

Медиумите на Пиринеите објавија дека Иско неодамна имал расправија со спортскиот директор, Мончи и дека по само 10 минути го напуштил тренингот.

Играчот дојде во Севилја како слободен агент од Реал Мадрид.  Тој со „белите“ за девет години освои се што можеше. Според одредени шпекулации, за неговиот потпис се заинтеерсирани Бетис и Рома.


Лазаров ги собра репрезентативците пред Мундијалот во Полска и Шведска

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров денеска во хотелот „Александар Палас“ ја има прват апрозивка на ракометарите повикани за настап на Светското првенство кое од 11 јануари следната година ќе се одржи во Шведска и Полска.

Македонија е во група со Норвешка (13 јануари), Холандија (15  јануари) и Аргентина (17 јануари), а предводникот на нашиот најдобар национален тим во рамките на подготовките на располагање ќе има 23 имиња.

Според планот нашите момци денес заминуваат во Маврово каде е предвидено да одиграат два пријателски натпревари против Црна Гора.

Пред Нова година ќе се вратат во Скопје, а на трети јануари ќе се одигра мечот на деценијата, по што следниот ден заминуваат во Хрватска каде ќе бидат дел од „Кроација Купот“.


Емилијано Мартинез продолжува со провокациите кон Мбапе

Голманот на репрезентацијата на Аргентина, Емилијано Мартинез, продолжува со неспортското однесување при прославата на титулата на својата земја на Мундијалот во Катар.

После контроверзниот гест при добивањето на трофејот за најдобар голман, како и после барањето на минута молчење за Мбапе во соблекувалната на Аргетнина, голманот Мартинез после враќањето во Буенос Аирес, продолжи со провокациите кон Мбапе.

На 24.роденден на француската звезда, Мартинез беше забележан од камерите како држи кукла-бебе со ликот на Мбапе.

Мартинез му ја замери на Мбапе изјавата дека Бразил и Аргентина не го имаат подигнато нивото на играта на големите натпреварувања.


Еурофарм Пелистер 2 ја прекина соработката со Дејан Кукулоски

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер 2, на спогодбен начин ја прекина соработката со ракометарот Дејан Кукулоски. 

24-годишниот Кукулоски имаше договор со клубот од Битола до јуни 2023 година, но двете страни се одлучија да стават крај на неговиот престој во клубот.

Дејан Кукулоски пристигна во Битола во 2020 година, и настапуваше за Еурофарм Пелистер. Оваа сезона ја мина во дресот на Еурофарм Пелистер 2 со кого обезбеди пласман во плеј-оф разигрувањето. Нов клуб на ракометарот ќе биде екипата на Брно од Чешка.


Маркус Турам е трансфер мета на Манчестер Јунајтед, Баерн и Интер

Англискиот фудбалски клуб Манчестер Јунајтед се вклучува во трката за купување на Французинот Маркус Турам од Борусија Менхенгладбах.

Договорот на Турам со тимот од Менхенгладбах истекува во летото 2023 година, и според некои информации германскиот клуб може да прифати понуда за продажба на играчот во висина од 10 милиони евра. Турам во последните шест месеци од договорот ќе има можност да преговара со други клубови и да го напушти бундеслигашот како слободен играч.

Освен Манчестер Јунајтед, за услугите на Маркус Турам се заинтересирани и Баерн Минхен, Интер и Њукасл.


Канте сака трансфер во Барселона

Фудбалерот на Челзи, Нголо Канте, посакува да потпише преддоговор со Барселона во јануари, и да му се приклучи на екипата од Камп Ноу како слободен играч следното лето.

Барселона е во потрага по засилување од средината на теренот, но под услов играчот да биде доведен без обештетување. Како кандидати за преселба во Барса се споменуваат и Жоргињо од Челзи, Тилеманс од Лестер, како и Мартин Субименди од Реал Сосиедад.

Според некои информации, управата на Барселона веќе имала разговори со претставниците на 31-годишниот Канте, со цел финализирање на овај трансфер. За францускиот фудбалер интерес покажуваат и италијанските клубови Јувентус и Интер.


Милан се вклучи во трката по Сергеј Милнковиќ-Савиќ

Сергеј Милинковиќ-Савиќ повторно е главна тема на Апенините бидејќи игра уште една одлична сезона.

Медиумите тврдат дека донел одлука да ја одбие понудата на Лацио за продолжување на договорот и одлучил да ја промени средината. Со оглед на фактот дека Милинковиќ-Савиќ на лето влегува во последната година од договорот Лацио ќе биде приморан да го продаде.

Јувентус и Арсенал веќе подолго време го сакаат Србинот, но сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Милан.

Трнерот Пиоли одлично го познава СМС од времето кога работеше во Лацио и сака да го убеди да му се придружи на „Сан Сиро“.

Бидејќи на лето Сергеј ќе влезе во последната година од договорот се верува дека Лацио ќе мора да се задоволи со 50 милиони евра, сума која „росонерите“се спремни да ја платат.


Барса го сака Бенџамин Павард од Баерн

Бенџамин Павард е спремен да ја промени средината, а најсилен интерес за него покажува Барселона.

Иднината на 26-годишниот Французин е прилично неизвесна во Баерн и тој уште во летниот преоден рок сакаше да ја промени средината. Каталонците будно ја следат ситуацијата околу дефанзивецот и се спремни да испратат понуда во зимскиот преоден рок.

Барселона не е задоволна од Белерин и бара нов десен бек, а Павард е на врвот на листата желби на Чави.

Меѓутоа, Барселона  нема буџет за јануарски трансфери, па ќе се обиде да го донесе на позајмица со право на откуп на лето за 30 милиони евра.


Аргентинскиот голман Мартинез пред преселба во Минхен?

Скај Спорт пренесува дека фудбалскиот клуб Баерн Минхен е заинтересиран за ангажман на голманот на Астон Вила и репрезентативец на Аргентина, Емилијано Мартинез.

30-годишниот Мартинез го привлече вниманието после одличните настапи на Светското првенство во Катар, на кое ја освои шампионската титула со Аргентина, и беше прогласен за најдобар голман на првенството.

Приоритет за Баерн Минхен во зимскиот преоден рок ќе биде доведување на голман, откако Мануел Ноер доживеа повреда на скијање и се очекува да го пропушти остатокот од сезоната.