feature

Грацијано Пеле пред потпис со Јувентус

Јувентус има намера да доеде четврти напаѓач за да има за ротација. Тој четврти напаѓач би можел да биде Грацијано Пеле, 35 годишниот фудбалер кој играше во Кина сега е препорачан на некои клубови како Милан и Јувентус.
Милан нема намера да доведува напаѓач, тоа неодамна го кажа и Паоло Малдини па Пеле би можел да биде понуден на тимот од Торино.
Со Пеле исто така се поврзува и Вест Хем. Претходно Пеле играше за тимови како што се: Лече, АЗ Алкмар, Парма, Сампдорија, Фејенорд и Саутемптон. Во Кина е од 2016 година.


Барди започна со тренинзи, наскоро се враќа во дресот на Леванте

Енис Барди го одржа првиот тренинг со тимот по долго време, откако паузираше повеќе од два месеци поради повредата на грбот.
Шпанските медиуми објавија дека Барди ќе го пропушти мечот против Вилјареал, но најверојатно ќе биде подготвен да игра против Еибар на 10 јануари.
Барди до повредата играше одлично за шпанскиот тим и ги воодушеви сите со неговите настапи, па шпанските медиуми често пишуваа за него, а во последно време почнаа и шпекулациите дека наскоро Македонецот би можел да се пресели во Англија.


Кавани доби казна од 100.000 фунти за пост на социјалните мрежи

Единсон Кавани заработи казна од Фудбалската асоцијација на Англија (ФА), а причината за тоа е постот на социјалните мрежи употребен по драматичната победа над Саутемптон од 3-2 во Премиер лигата, меч на кој даде два гола меѓу кои и решавачкиот во судското продолжение.
Кавани беше прогласен за виновен од страна на ФА поради користење на навредливи, неправилни зборови, односно напаѓачот доби суспензија од натпревари, казна од 100.000 фунти, а ќе мора да помина и низ едукативна програма за да ова не му се повтори во иднина.
Во целата оваа ситуација не помогна ниту извинувањето на Единсон кој немал намера никого да навреди, но ФА немаше милост што значи дека Јунајтед нема да може да смета на голгетерот за пресметките против Астон Вила, Манчестер Сити (Лига Куп) и Вотфорд (ФА Куп).


Ларкин од Анадолу Ефес е играч на годината во кошаркарска Европа

Веќе 17-та година по ред, една од најугледните кошаркарски медиуми на стариот континент, „Евробаскет“ го направи својот избор на најдобрите во кошарката за тековната година.
Така е и пред крајот на оваа календарска 2020 година, во која „Евробаскет“ го направи изборот. Го подели на два дела-категории „европски“ (играчи кои моментално настапуваат во Европа), и „сеевропски“, во кој се вклучени и европските претставници, играчи надвор од границите на европскиот континент, кои во најголем дел, играат во најсилната лига на светот – НБА.
Ласкавото признание за играч на годината според „Евробаскет“, го доби бекот на турскиот Анадолу Ефес, Шејн Ларкин.
Играч кој имаше неверојатна сезона зад себе која за жал не ја круниса со титула во Евролигата која поради коронавирусот беше прекината пред онаа финална фаза во која тимот од Истанбул влезе како еден од топ-фаворитите за евролигашкиот трофеј. Имаше просек од 22,2 поени, 4,1 асистенции и 3,8 скокови на 25 натпревари во Евролигата.


Пандев: По ЕП со Македонија заминувам во пензија

Горан Пандев има две желби за 2021 година, да и помогне на Џенова да опстане во елитата на Италија и да го сочува здравјето за да може со Македонија да игра на ЕУРО 2021. „Оваа година секако дека беше успешна на спортски план, но мислам дека 2021 ќе ми донесе нови радости и покрај тоа што ќе имам полни 38 години. Верувам дека ова ќе биде мојата последна сезона во кариерата. Најпрво да обезбедам со Џенова опстанок во Серија А, па со Македонија да си го остварам сонот и да играм на Европското првенство, потоа мислам дека ќе следи пензија“, изјави Пандев. Нашиот најдобар фудбалер објасни дека планира по пензионирањето да остане во Џенова каде што неговото семејство се чуствува одлично.


Алиоски добива супер соиграч, Дракслер пред потпис со Лидс

Марсело Биелса и Лидс Јунајтед на одличен начин ја завршија 2020 година. Лидс славеше со 5-0 против ВБА, а на 2. јануари ги чека нов натпревар на гости против Тотенхем. Тоа ќе биде еден од поинтересните натпревари во 17. коло од Премиер лигата. Освен обврските во Премиер лигата во Лидс размислуваат и за засилувања. Според информациите од Островот една од првите мети на Лидс е Јулијан Дракслер од ПСЖ. Германецот го изгуби своето место во ПСЖ, неговиот договор истекува за шест месеци и тој уште од утре ќе биде слободен да преговара со заинтересираните клубови. Останува да се види дали ПСЖ ќе му дозволи да замине во јануари или ќе го чека летниот преоден рок.


Ибра и Роналдо го предводат тимот на годината на Серија А

На крајот на годината италијанските медиуми го избраа најдобриот тим во 2020 година во Серија А. Во тимот очекувано доминира Милан со четири претставници. „Росонерите“ беа најдобриот тим во Серија А во 2020 година и во идеалниот тим ги имаат Кјаер, Тео Хернандес, Чалханоглу и Ибрахимовиќ. Интересно е што во тимот нема ниту еден претставник на Интер, кој игра одлично и важи за еден од главните фаворити за титулата. Јувентус има двајца претставници, меѓу кои и најдобро оценетиот Кристијано Роналдо.


Калчолигашите воведуваат задолжителна вакцина

Сите професионалци во италијанската Серија А, меѓу нив и нашите Горан Пандев (Џенова), Илија Несторовски (Удинезе) и Елиф Елмас (Наполи) ќе мора задолжително да се вакцинираат, за да нема никаков прекин во Серија А. „Идејата за колективно вакцинирање е неколкупати споменувана вклучително и во разговорите со Асоцијацијата на играчи (АИЦ). Очигледно е дека нема друга алтернатива, ако се погледне што се случуваше во изминативе десет месеци“, вели Франческо Браконаро од лекарската комисија. Италијанците по десет дена пауза од недела повотрно се врачаат на фудбалските терени во Серија А.