feature

Обамејанг се договори за враќање на „Велодром“

Пјер-Емерик Обамејанг се враќа во францускиот фудбалски клуб Олимпик Марсеј по едногодишен престој во Ал Кадисија, објави „Л’Екип“.

Напаѓачот, кој има 36 години, потпиша договор со Олимпик Марсеј до летото 2027 година.

Обамејанг постигна 30 гола во 51 натпревар за Марсеј во сезоната 2023/2024.

Напаѓачот од Габон беше играч на Милан, но како позајман играч настапуваше за Дижон,Лил и Монако, потоа за Сент Етјен, Борусија Дортмунд, Арсенал, Барселона и Челзи.


Лукман ја префрла топката кај Аталанта

Фудбалерот на Аталанта, Адемола Лукман, иако ги прифати условите на Интер за петгодишен договор со плата од 4 милиони евра по сезона, веројатно трансферот нема да се реализира во догледно време.

Имено, првите луѓе на тимот од Бергамо најавија дека немаат намера да прифатат сума помала од 50 милиони евра за 27-годишниот Нигериец додека „нероаѕурите“ испратија понуда од 40 милиони.

Црномурестиот фудбалер одигра 118 мечеви за Аталанта со ефект од 52 гола и 25 асистенции. Неговиот договор е валиден до летото во 2027 година.


Марко Арнаутовиќ се договори со Црвена Звезда

Се случи конечно и тоа! Марко Арнаутовиќ е нов фудбалер на Ѕвезда!

Како што наведува „Курир“, Арнаутовиќ ќе биде на „Маракана“ во понеделник, каде ќе биде организирано свеченото потпишување на договорот.

Арнаутовиќ доаѓа како слободен играч откако му истече договорот со Интер, со кој играше во финалето на Лигата на шампионите годинава.

Како што се наведува, Арнаутовиќ можеби ќе пристигне уште утре и ќе го проследи натпреварот од првото коло на неговиот нов клуб против Јавор.

Арнаутовиќ беше блиску до Ѕвезда и минатото лето, кога беше договорено да пристигне доколку се оствари пласман во Лигата на шампионите. Тоа се случи, но на крајот се изјалови.

Случајноста сакаше Арнаутовиќ да постигне гол во дуелот меѓу Интер и Ѕвезда во Лигата на шампионите претходната сезона.


Барса пак го одложи враќањето на „Камп Ноу“

Актуелниот шпански првак Барселона објави дека враќањето на фудбалерите на Камп Ноу нема да се случи на почетокот на август како што беше претходно најавено. Ова претставува уште едно одложување на враќањето на Барселона во својот дом поради тоа што, по реконструкцијата, сè уште не се исполнети сите услови за повторно отворање на култниот стадион.

Официјален датум за враќање сè уште не е објавен, но се очекува тоа да се случи во четвртото коло од новата сезона на шпанската Ла Лига, кога Барселона ќе биде домаќин на Валенсија на 13 или 14 октомври. Во првите три кола од новата сезона, во која го брани шампионскиот наслов, Барселона ќе гостува на Мајорка, Леванте и Рајо Валјекано.

Капацитетот на стадионот на почетокот на враќањето ќе биде ограничен на околу 60.000 места додека градбата не се заврши целосно следното лето, кога капацитетот ќе достигне предвидените 105.000 места. Вкупната вредност на овој проект за реконструкција изнесува околу милијарда и пол евра. Додека траеја работите на Камп Ноу, фудбалерите на Барселона беа домаќини на олимпискиот стадион на Монжуик.


Галатасарај го сака Едерсон, но испратил многу ниска понуда

Изгледа дека Манчестер Сити очекува бурно лето зад голот. Според француските медиуми, турскиот шампион Галатасарај испратил изненадувачка, па дури и малку чудна понуда за голманот Едерсон. Овој бразилски репрезентативец, кој за Сити одигра 372 натпревари и стана клучна фигура во ерата на Пеп Гвардиола, влегува во последната година од неговиот договор.

Со оглед на тоа што во август ќе наполни 32 години, шпекулациите за потенцијално заминување од Манчестер се сé погласни. Едерсон претходно привлече внимание од богати клубови, особено од Саудиска Арабија, и му беше многу блиску заминување од Етихад. Сепак, по разговор со Гвардиола, реши да остане во клубот барем до крајот на сезоната 2025/26.

Сега во приказната учествува нов клуб. Според написите на реномираниот Л’Екип, Галатасарај испрати официјална понуда до Сити за овој искусен голман, која изнесува неверојатно ниски три милиони евра.


Кирјиос го откажа настапот од турнирот во Вашингтон

Австралискиот тенисер Ник Кирјос се откажа од турнирот во Вашингтон. Триесетгодишниот Австралиец нема да игра во сингл.

Исто така на турнирот во американската престолнина нема да игра ниту Џордан Томпсон.

Тој и Кирјос ќе бидат заменети во главниот ждреб од Александар Ковачевиќ и Јошихито Нишиока.

Турнирот во Вашингтон ќе се одржи од 21 до 27 јули. Наградниот фонд е 2.4 милиони долари.


Грабеж во домот на Мишел Платини

Former UEFA president Michel Platini smiles when leaving the courthouse after the verdict of an appeal by Swiss Attorney General’s office against former UEFA and FIFA presidents over a suspected fraudulent payment, in Muttenz near Basel, on March 25, 2025. Former FIFA president Sepp Blatter and ex-UEFA chief Michel Platini were acquitted again on March 25, 2025 on appeal by a Swiss court in a long-running corruption case. (Photo by Fabrice COFFRINI / AFP)

Домот на некогашниот прв човек на УЕФА, Мишел Платини бил ограбен утрово во градот Касиса. Според тв-станицата РТЛ, поранешниот играч од средниот ред на Јувентус и репрезентативец на Франција се разбудил во 5:30 часот наутро во својот дом во Касиса откако слушнал звуци во градината. Гледајќи низ прозорецот, забележал човек во црно со качулка, кој веднаш избегал.

Откако го прегледал домот, Платини открил дека се украдени трофеи, пехари и медали складирани во посебен дел од куќата. Според информациите, украдени се околу дваесет предмети.Вкупната штета сè уште не е проценета.


Вардар 1961 доби група во мерка во Лига Европа

Денес во Виена во седиштето на ЕХФ беа формирани групите за новата сезона во Лига Европа.

Ракометарите на Вардар ќе бидат во групата Ф со Кристијанштад од Норвешка, Феникс Тулуз од Франција и победникот од двомечот меѓу хрватските состави Дуго Село и Сесвете.

Екипата на Алкалоид во елиминацискиот дел доколку го помине германскиот Хановер, ќе игра во групата „Г“ заедно со Фредериција од Данска, Татран Прешов од Словачка и победникот од шведската пресметка меѓу Савехов и Малме.


Луис Диаз се согласи да премине во Минхен, се чека договор меѓу клубови

Баерн Минхен се договори со напаѓачот на Ливерпул, Луис Диаз, за условите на неговиот личен договор. Договорот со 28-годишниот фудбалер е на четири години. Ова го објави „Билд“.

Според изворот, колумбискиот играч се договорил и со германскиот гигант дека во случај на трансфер, неговата плата ќе биде 14 милиони евра годишно пред даноци. Оваа сума вклучува бонуси за перформанси.

Се нагласува дека самите клубови сè уште не постигнале договор за трансферот на Диаз.

Минатата сезона, напаѓачот одигра 50 натпревари на сите турнири, постигнувајќи 17 гола и осум асистенции. Тековниот договор на играчот со клубот е со важност до летото 2027 година. Според информациите пазарната вредност на играчот е 70 милиони евра.


Арсенал се пофали со потписот на Мадуеке

Арсенал официјално го објави потпишувањето на крилниот напаѓач Нони Мадуеке од лондонскиот ривал Челзи во договор вреден околу 52 милиони фунти.

„Топџиите“ веќе некое време бараат нов крилен напаѓач, а интересот за Мадуеке првпат беше објавен кон крајот на јуни. По успешните разговори со Челзи и агентот на играчот, трансферот сега е завршен.

Мадуеке станува четвртото големо засилување на Арсенал ова лето, откако веќе ги потпиша Мартин Зубименди, Кристијан Њоргор и голманот Кепа Аризабалага. Се очекува Арсенал да ги финализира и договорите за Кристијан Москера и Виктор Гокерес во наредните денови.

По две и пол години на „Стемфорд Бриџ“, 23-годишниот Мадуеке пристигнува на „Емирати“ со надеж дека ќе ја оживее својата кариера. Тој има 92 настапи за Челзи, постигнувајќи 20 гола, освојувајќи ја Лигата на конференцијата и Светското клупско првенство со клубот ова лето. Мадуеке има и седум настапи за Англија.

Арсенал се надева дека ќе го комплетира својот состав со уште две засилувања пред нивната предсезонска турнеја во Азија, каде што ќе се соочат со Мила