feature

Фудбалерите на Иран добија американски визи,ќе играат на СП

Иранските фудбалери добиле визи за влез во Соединетите Американски Држави, каде треба да настапат на претстојното Светско првенство, изјави официјален претставник на Белата куќа за Ројтерс во петокот, само 10 дена пред нивниот прв натпревар во Лос Анџелес, поради конфликт меѓу двете земји.

Амбасадорот на Иран во Мексико, Аболфазл Пасандидех, изјави доцна во четвртокот дека тимот сè уште не ги добил своите американски визи, но дека тие биле доделени преку ноќ, изјави официјален претставник на Белата куќа

Техеран преговараше за преместување во последен момент на базата на тимот од Аризона во Тихуана во Мексико поради проблемите со визите и растечкото чувство во Иран дека присуството на тимот во Соединетите Американски Држави треба да се сведе на минимум.

Тие треба да слетаат во Тихуана рано наутро во недела.

Иран треба да го игра својот прв натпревар од Групата Г на 15 јуни против Нов Зеланд во Лос Анџелес, каде што ќе се соочат и со Белгија, пред да се соочат со Египет во Сиетл.


Слот ја мерка клупата на холандската репрезентација

По заминувањето од Ливерпул, Арне Слот веќе добива понуди за нов ангажман. Според англиските медиуми, Фулам стапил во контакт со Слот и му понудил да го наследи Марко Силва, кој во меѓувреме ја презеде Бенфика. Сепак, Холанѓанецот љубезно ја одбил можноста да седне на клупата на лондонскиот клуб.

Причината за ваквата одлука наводно е неговата желба да ја преземе репрезентацијата на Холандија. Актуелниот селектор Роналд Куман има договор до крајот на Светското првенство, а засега нема најава дека соработката ќе биде продолжена.

Токму затоа Слот се смета за еден од најсериозните кандидати за оваа позиција.

Во својата кариера, Слот работеше во Камбур и АЗ Алкмар, но најголемите успеси ги оствари на клупата на Феенорд, каде што се етаблираше како еден од најценетите холандски тренери.


Пењароја доби нов договор како тренер на Партизан

Шпанскиот кошаркарски стручњак Жоан Пењароја го продолжи договорот со Партизан до 2028 година.

Поранешниот тренер на Барселона ја купи довербата на оние кои не му веруваа кога пристигна, а клубот одлучи да ги награди добрите резултати и да го „заклучи“ Шпанецот на клупата на овој тим.


Формула 1 ќе остане во Лас Вегас до 2027 година

Формула 1 ќе продолжи да се вози во Лас Вегас барем до 2037 година, откако беше постигнат нов договор за десетгодишно продолжување. Организаторите на трката со тоа ја потврдија долгорочната иднина на еден од најатрактивните настани во светскиот спорт.

Трката се вози на патека од 6,2 километри, а автомобилите достигнуваат брзина од повеќе од 322 километри на час минувајќи покрај препознатливи обележја на градот. Од првото издание во 2023 година, Големата награда на Лас Вегас генерираше вкупен економски ефект од 3,2 милијарди долари за Јужна Невада.

Сите претходни трки беа распродадени, што дополнително го зацврсти статусот на Лас Вегас како една од најважните дестинации во календарот на Формула 1.


Розе ќе го менува Ираола во Борнмут

Германскиот фудбалски тренер, Марко Розе, го презеде кормилото на Борнмаут, објави доцна синоќа прес-службата на англискиот клуб.

Росе е познат по енергичниот стил и напаѓачки фудбал. Тој одлично работи и со младите фудбалери, се наведува во дел од објавата.

„Тој имаше импресивна кариера во Австрија и Германија тренирајќи клубови во Бундеслигата, Лигата на шампионите на УЕФА и Лигата на Европа“, се наведува кон крајот на соопштението на Борнмаут.


Рома го продава Коне, бара 50 милиони евра

Фудбалерот на Рома, Ману Коне, може ќе си замине од клубот во летниот трансфер период, тврдат медиумите во Италија. Неговата пазарна вредност е околу 50 милиони евра.

Тој во последната сезона имаше 29 натпревари со ефект од два гола и три асистенции но, имаше и одлични статистички показатели во другите елементи.

Французинот во моментов се подготвува со неговата селекција за претстојниот Мундијал во САД, Канада и Мексико.


Куеста потпишува нов договор со Парма

Најмладиот тренер во Серија А, Карлос Куеста, ќе продолжи да го води тимот на Парма и во наредната сезона, објавија медиумите во Италија.

30-годишниот Шпанец наскоро може да потпише нов договор до 2028 година. Поранешниот помошник на Микел Артета во Арсенал, имаше добра дебитантска сезона на чело на „млекарите“.

Неговиот тим го освои 13-то место и успеа да обезбеди опстанок во најсилната фудбалска конкуренција на „Чизмата“.


Арналди предаде поради болест, Коболи и Зверев во финалето на Ролан Гарос

Италијанското полуфинале на Ролан Гарос не ни почна, Матео Арналди поради болест го предаде мечот, Флавио Коболи ќе игра во финалето против Александер Зверев.

Организаторот рече и дека ќе им бидат вратени парите на навивачите кои платија за да го гледаат италијанскиот меч меѓу Арналди и Флавио Коболи.

Претходно Александер Зверев со 3-1 го победи Јакуб Меншик. Финалето на програмата е во недела од 15:00 часот.


Гого Славески убедливо славеше против Тељо за осма победа во БКФЦ

Македонскиот борец, Гого Славески, ја оствари осмата победа во БКФЦ (бокс со голи раце) откако го совлада Џони Тељо со едногласна одлука на судиите, по пет жестоки рунди.

Славески доминираше во борбата, неколку пати го испрати канадскиот натпреварувач во нокдаун, но тој некако успеа да ја заврши борбата. Судиите немаа голема дилема и без размислување го прогласија нашиот борец за победник.

Oва е осма победа на Славески во својата деветта борба во кариерата. Тој е и поранешен шампион во ова натпреварување. Последниот триумф го имаше во декември 2025 година.


Македонија со пораз од Холандија ја стартуваше Европската лига

Одбојкарската репрезентација на Македонија со максимални 0-3 (19-25, 21-25, 22-25) го загуби мечот против Холандија во салата „Парк“ во рамките од новото издание на Европската лига.

Холандија ја контролираше играта во првиот сет и на крајот стигна до 25-19, додека „лалињата“ не беа најдобри на почетокот на вториот сет кога Македонија водеше неколку пати, а последно со 11-10. Потоа ривалот влезе во одличен ритам и стигна до 25-21.

Третиот сет го одбележа нова доминација на Холандија, која го имаше водството од првиот до последен поен и славеше со 25-22. Најдобар во победничкиот тим со 25 поени беше Мејс, додека Никола Ѓоргиев запиша 11 поени за Македонија.

Македонија вториот натпревар го игра против Луксембург на 7 јуни од 19:00 часот.