37 крвни единици беа собрани на досега најуспешната крводарителска акција организирана од страна на спортските обложувалници Евротип и Голд Слот клубовите. Третата по ред акција од ваков карактер наиде на голем одзив помеѓу вработените, а за првпат се вклучи и Благојче Брдаровски, верен обложувач во Евротип, кој за акцијата дозна преку социјалните мрежи, а на овој начин сакаше да ја истакне својата хуманост.
Покрај од Битола,
течност која живот значи даруваа и вработени во Евротип и Голд Слот клубовите
од Дебар, Прилеп и Ресен.
„Искрено сме
изненадени од одзивот на кој наиде оваа наша акција. Во неа се вклучуваат наши
верни играчи, вработени од другите градови, а на наше задоволство, акцијата
наиде на слух и кај останати компании од градот, кои се одлучија да учествуваат
по направениот прв чекор од Евротип и Голд Слот. Ќе продолжиме и понатаму со
организирањето на акции од ваков карактер, а се надеваме дека и други ќе се
вклучат на оваа наша иницијатива. Ние не застануваме тука со нашата хуманост. “ –
изјави Елена Трајчевска, организатор на акцијата на Евротип и Голд Слот
клубовите.
Од општинската
организација на Црвен Крст – Битола изразија благодарност до сите кои
учествуваа, како и до организаторите за нивната мотивација да организираат
вакви акции и да даваат поттик на секој кој може, да помогне на ваков начин.
Ова беше трета
акција по ред организирана од Евротип и Голд Слот, а на претходните две беа
собрани 33, односно 27 крвни единици. На крводарителите кои даруваа крв по петти
и десетти пат им беа доделени благодарници.
Бидете хумани,
дарувајте крв и спасете живот!