feature

Колку е важен CashBack?

Колку пати сте промашиле само еден пар на тикет?

Одговорот е краток, многу пати, а е важен колку 25 милиони!

Евротип Спортски Обложувалници изминатата година исплати 25,241,728 денари само на тикети кои оствариле поврат на својата уплата каде корисниците промашиле само еден пар!

Имено, за тикет со промашен еден натпревар, а погоден коефициент поголем од 25, Евротип ја враќа уплатата. Во зависност од тоа колку имате погоден коефициент, толку ќе добиете и повраток на средства. Значи доколку промашите еден натпревар, не го фрлајте тикетот, туку побарајте повраток на средствата на шалтерот во Евротип.
Единствен услов е 4 натпревари одиграни на еден тикет.

Добитни сте и кога не сте!
#СекогашПовеќе!


Мароканецот Унаки преговара за премин во Наполи

Репрезентацијата на Мароко беше вистински хит на Светското првенство, а еден од оние кои најмногу се истакнаа е Азедин Унахи.

Унахи кој во овој момент го носи дресот на Анже каде што пристигна во 2021 година, но е на мета на многу европски гиганти.

Се говореше дека Лестер спрема богата понуда, но последните информации велат дека Мароканецот има други планови и преферира трансфер во Серија А.

Имено, Наполи се посочува како прв фаворит за неговиот потпис и лидерот во Серија А спрема понуда од 20 милиони евра.


Зидан ќе го преземе Јуве ако Дешамп остане француски селектор

Зинедин Зидан е спремен да го прекине одморот и повторно да седне на клупата.

Веќе подолго време се шпекулира дека го чека заминувањето на Дидие Дешамп за да стане селектор на француската репрезентација, па поради тоа ги одби понудите на ПСЖ и Манчестер Јунајтед.

Доколку Дешамп остане на селекторското место како што се најавите, Зидан ќе се врати на фудбалот, па веќе испратил сигнали дека сака клупски ангажман, а негова прва желба е Јувентус.

Зизу својата фудбалска афирмација ја доживеа токму во италијанскиот гигант, а и Јувентус никогаш не ја криел желбата еден ден да го види Французинот на кормилото.

Алегри сигурно ќе остане на клупата до крајот на сезоната, а на лето се очекуваат големи промени во клубот и голема е веројатноста Зидан да ја преземе „старата дама“.


Руските и белоруските тенисери ќе можат да учествуваат на Австралија опен

Тениската федерација на Австралија, потврди дека тенисерите од Русија и Белорусија ќе учествуваат на овогодинешниот гренд слем турнир Австралија опен.

Во соопштението на федерацијата се наведува дека останува на сила одлуката со која им се дозволува настап на тенисерите од овие две земји, и покрај барањата од меѓународните спортски федерации за забрана на нивните настапи.

Меѓународниот олимписки комитет во февруари минатата година им предложи на спортските федерации да не дозволат учество на претставници од Русија и Белорусија на меѓународните натпреварувања поради војната во Украина.

Австралија опен ќе се одржува од 16. до 29.јануари во Мелбурн.


Саутемптон го купи Хрватот Оршиќ

Хрватскиот фудбалски репрезентативец и напаѓач на Динамо Загреб, Мислав Оршиќ, во иднина ќе настапува во Премиер лигата, откако постигна договор за трансфер во Саутемптон.

Според информацијата на Скај Спортс, вредноста на трансферот ќе изнесува 8 милиони евра.

30-годишниот Оршиќ играше на шест натпревари за Хрватска на Мундијалот во Катар и успеа да постигне еден гол. Хрватскиот фудбалер својата кариера ја започна во Интер Запрешиќ, а во последниве четири сезони беше играч на Динамо Загреб, каде на вкупно 214 натпревари постигна 91 гол.


Дејли Блинд потпишува договор со Баерн Минхен

Поранешниот фудбалер на Ајакс, кој неодамна ја прекина соработката со клубот од Амстердам, е пред потпис со шампионот на Германија, Баерн Минхен.

Според информациите на познатиот новинар Дејвид Орнштајн, 32-годишниот Холанѓанец веќе има закажани медицински прегледи со Баерн, и ќе потпише договор како слободен играч.

Блинд може да настапува на повеќе позиции во одбраната, а во кариерата има настапувано и за Манчестер Јунајтед.


Куртоа е голман на годината според ИФФХ

Тибо Куртоа е прогласен за голман на годината за 2022 година во изборот кој го направи Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (ИФФХС).

Куртоа освои 125 поени во рангирањето, оставајќи го зад себе на втората позиција чуварот на мрежата на аргентинската фудбалска репрезентација, Емилијано Мартинез, кој собра 110 поени.

Третото место му припадна на уште едно извонредно голманско име од СП во Катар, Мароканецот Јасин Боно, кој брани и за Севиља и кој собра 55 поени.

Меѓу најдобрите пет на листата на најдобри голмани за минатата година се и Доминик Ливаковиќ од Хрватска и Уго Лорис од Франција.


Ди Матео ќе работи во фудбалскиот сојуз на Јужна Кореја

Корејскиот фудбалски прволигаш Јеонбук Хјундаи Моторс денес го промовираше некогашниот менаџер на Челзи, Роберто Ди Матео, за нов технички советник во јужнокорејскиот клуб.

Последното место на работа за 52-годишниот Италијанец беше местото главен тренер на Астон Вила, на чие чело беше во 2016 година. Оттогаш тој се повлече од активната тренерска работа и чекаше нов предизвик, кој сега го доби во Ј. Кореја.

Ди Матео е познат и по работата со Шалке, Вест Бромвич и Челзи, кој чие негово водство ги освои Лигата на шампионите и ФА Купот во 2012 година.


Ривер ќе добие огромни пари од трансферот на Енцо Фернандез во Челзи

Ривер Плата ќе добие 51 милион од трансферот на Енцо Фернандез од Бенфика во Челзи, пренесуваат аргентинските медиуми.

Трансферот на Фернандез на „Стенфорд Бриџ“ е пред комплетирање откако Челзи се согласи да ја плати откупната клаузула од 127 милиони евра.

Ривер Плата ќе добие 33 милиони евра како матичен клуб од каде поникнал играчот. Исто така ќе добие и 18 милиони евра од Бенфика, според договорот при продажбата на Аргентинецот ова лето.

Фернандез ова лето пристигна во Бенфика и одигра само 15 меча за клубот од Лисабон, но блесна на Мундијалот каде беше избран за најдобар млад фудбалер.


Фирмињо најверојатно останува во Ливерпул

Напаѓачот на Ливерпул, Роберто Фирмињо, е подготвен да остане во клубот, и покрај сериозниот интерес за него кои го имаат клубови од Саудиска Арабија.

Договорот на Бразилецот со тимот од „Енфилд“ истекува на крајот од сезоната, и во моментот тој води преговори за продолжување на соработката.

31-годишниот Фирмињо е член на Ливерпул од 2015.година, кога за 29 милиони фунти пристигна од Хофенхајм.

Во последниов период интерес за ангажман на Фирмињо покажуваат и од Атлетико Мадрид, Јувентус и Сао Пауло.