Клоп сака засилување од Брајтон за следната сезона
Откако го договорија Конате од Лајцпиг „црвените“ влегуваат во финализација на преговорите со Јвес Бисума. Оваа информација ја пренесува Ливерпул „Ехо“. Станува зборува за 24 годишен фудбалер кој е член на Брајтон и сениорски репрезентативец на Мали. Бисума во овој момент има вредност од 17 милиони евра. Брајтон сигурно нема туку така да го пушти овој фубдалер, па прашање е колку Ливерпул ќе мора да издвои од касата. Споменатиот играч за врска сезонава одигра 34 натпревари со Брајтон во сите натпреварувања. Природна позиција му е последен играч за врска, а постигна и два гола сезонава. Се снаоѓа на сите позиции во средниот ред.
Челзи продава 12 играчи за да го доведе Халанд
Англиските медиуми веќе подолго време пишуваат за Ерлинг Халанд и неговото можно доаѓање во Премиерлигата. Досега беше поврзуван со секој од најголемите шест клубови, а најновата шпекулација е поврзана со Челзи. Медиумите тврдат дека Халанд е главна желба на Томас Тухел, а управата на клубот е подготвена да оди на „се или ништо“ за да го доведе. Поточно, Челзи би можел да се ослободи од дури 12 играчи, како би заработил средства кои се потребни за одработување на таков трансфер, сигурно најголем во клупската историја. Трансферот на Халанд во Челзи, или било кој друг европски клуб, не би можел да чини помалку од 200 милиони евра, а Челзи е подготвен на драстичен чекор за да го оствари тоа. Се споменува заминување на Тами Абрахам, Курт Зума, Томори, Дринквотер, Запакоста, Мозес, Ван Гинкел и уште неколку помалку познати фудбалери, на кои Челзи би можел да заработи околу 200 милиони евра. Меѓутоа, останува прашањето дали и тој износ ќе биде доволен за доведување на Халанд, чиј агент е Мино Раиола.
Баерн спремен да го продаде Левандовски во Реал
Роберт Левандовски може да се пресели во Реал Мадрид ова лето, изненадувачки денес објави „Скај Германија“. Баерн Минхен е подготвен да се раздели со својот голгетер за 60 милиони евра за да ги пополни финансиските празнини направени за време на пандемијата на коронавирусот. Реал на Полјакот гледа како на привремено решение на проблемите во нападот, бидејќи тој ќе чини многу помалку од толку посакуваниот Ерлинг Халанд или Килијан Мбапе.
Италијанците најавија гледачи во финалето на Купот
Претседателот на Серија А, Паоло Дал Пино објави дека на гледачите ќе им биде дозволено да присуствуваат на финалето на фудбалскиот Куп на Италија меѓу Аталанта и Јувентус. Благодариме на владата што го одобри нашето барање да ги вратиме навивачите во финалето на Купот на Италија. Тоа е знак на враќање кон нормалноста што ни треба, го цитира Дал Пино Фудбал Италија. Натпреварот Аталанта – Јувентус ќе се игра на 19 мај на стадионот „Мапеи“ во Реџо Емилија.
Мисијата успешна, нов потпис на Олд Трафорд?
Уругвајскиот напаѓач Единсон Кавани е блиску до договор да ја продолжи соработката со Манчестер Јунајтед на уште една година, пишуваат англиските медиуми. Кавани во Манчестер пристигна во октомври по седум години поминати во Париз Сен Жермен и потпиша договор на една сезона, со можност на продолжување на истиот за уште 12 месеци. Менаџерот на Манчестер, Оле Гунар Солскјер инсистираше на останување на Кавани, а според најновите информации е доста блиску да постигне договор за нова едногодишна соработка. Бока Јуниорс сака да го врати Кавани во Јужна Америка, но се чини дека Солскјер успеа во намерата да го убеди да остане уште една сезона на Островото.
Над 500 игри, високи коефициенти и бонуси во Евротип!
Фудбалските возбудувања и понатаму не застануваат, а со тоа им нема крај ниту на изненадувањата во спортските обложувалници Евротип! Викендов имаме низа дерби натпревари, најголемиот е во Англија каде Манчестер Јунајтед ќе го дочека Ливерпул кој се бори за пласман во Лигата на шампионите идната сезона, а Евротип Ви нуди над 500 игри за тој, но и за многу други натпревари ширум светот. Типувајте на конечен тип, голови, корнери, жолти картони, стрелци, а за сето тоа добијте ги и највисоките квоти! Не заборавајте, во Евротип се обложувате и со популарниот „Евробонус“ кој може да достигне и висина од 467%, а максималната добивка е шест милиони денари! Искористете ја вашата Евротип клуб картичка, доколку истата се уште ја немате, контактирајте го операторот во најблиската Евротип обложувалница и искористете ги поволностите кои истата ги нуди. И овој викенд за Вас се подготвени низа специјални игри, а доколку немате трпение да следите цел натпревар и да чекате 90 минути за добивка, игрите кои ги нуди Евротип во „Брзи пари“ се вистинскиот избор за Вас, со кои можете да го „кеширате“ Вашиот тикет по само 15 или 30 минути! Финишот на сезоната секогаш нуди интересни резултати, а тоа го очекуваме и сега. Посетете ги спортските обложувалници Евротип и добивката е загарантирана!
Евротип предлог тикет – Недела 02.05.2021
Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи околу 58 коефициент:
Монако – Лион 0-2 Уште еден директен дуел во борбата за титулата и борбата за влез во Лигата на шампионите. За разлика од дербито со Лил, овојпат веројатно ќе биде позатворен натпревар и нема да има многу голови. Квалитетот е на страната на гостите, но во одлична форма се домаќините од Монте Карло.
Тотенхем – Шефилд Јунајтед 1-1, 3+ По поразот во финалето на Карабао Купот, Тотенхем има конечно противник против кој може да го истури бесот. Квалитетот е неспорно на страна на домаќините, а им треба и добра партија за самодоверба. Секој резултат освен домашна победа за Кејн, Сон и другарите ќе биде сензација.
Наполи – Каљари 1, 4-6 Дуелот на „Сан Паоло“ редовно носи многу голови, а често и изненадувања. Наполи ја стабилизира играта и рамноправно се бори за место во Лигата на шампионите со северните клубови. За очекување е отворен натпревар, многу голови и домашна победа. Манчестер Јунајтед – Ливерпул 0-2 Многу дерби натпревари оваа сезона во Премиер лигата завршија со мал број на голови, а често и со непопуларни 0-0. Бодовите им се понеопходни на гостите, а тие се и поодморни, бидејќи „ѓаволите“ играа во четвртокот во Лига Европа. Екипата која прва ќе постигне гол ќе има голема предност да дојде до бодовите.
Ајакс – Емен 1, 1+ПП1+ВП Ајакс ќе биде старо-нов шампион на Холандија и има големи шанси со домашна победа да ја прослави титулата. Емен е противник по мерка, па тимот на Тен Хаг има домашен натпревар за убедлива победа и прослава на уште една титула во Ередивизие.
Американецот Марш е наследникот на Нагелсман во РБ Лајпциг
Екипата на РБ Лајпциг потврди дека екипата во сезоната 2021/2022 ќе ја предводи Џеси Марш. На официјалната страница, Лајпциг објавија, дека со Марш потпишале договор до јуни 2023 година. Џеси Марш, во Лајпциг, ќе го замени Јулијан Нагелсман, кој од наредната сезона се сели во Баерн Минхен. Марш, во Лајпциг доаѓа од братскиот клуб Ред Бул Салсбург. Американецот, во сезоната 2018/2019 работеше во Лајпциг, како помошен тренер. Во кариерата, Мар, работел во Монтреал и Њујорк Ред Бул.
Репрезентативките ги дознаа противниците за СП
Најдобрата женска фудбалска репрезентација на Македонија ги дозна противниците за квалификациите за Светското првенство за 2023 година, кои ќе стартуваат на крајот од актуелната година. Нашите фудбалерки се најдоа во квалификациската група „Д“ во друштво на селекциите на Англија, Австрија, Северна Ирска, Летонија и Луксембург.
Мбапе неизвесен за реваншот против Манчестер Сити
ПСЖ се надева дека 22-годишниот напаѓач ќе биде во можност да биде во составот на својата екипа за реванш полуфиналето во Лигата на шампионите со Манчестер Сити на 4 мај. „Граѓаните“ победија во Париз со 2:1 и се во многу подобра позиција од својот ривал. ПСЖ во моментов е втор во Лига 1, со еден бод помалку од лидерот Лил.