feature

Барселона блиску до ангажман на Кристенсен од Челзи

Дефанзивецот, Андреас Кристенсен, по се изгледа дека на крајот од сезоната ќе го напушти неговиот актуелен клуб Челзи.

Данскиот интернационалец нема намера да потпише нов договор со клубот од Стенфорд Бриџ, и најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Барселона.

Каталонците од поодамна ја следат ситуацијата со Кристенсен, и сега се во можност да ја искористат шансата за негово ангажирање како слободен играч, без обештетување.

25-годишниот Андреас Кристенсен настапува за Челзи од 2015 година, и неговата пазарна вредност според Трансфермаркт изнесува 35 милиони евра.


Петров од Металург позајмен на РК Вардар 1961

Екипата на ракометниот клуб Вардар 1961 донесе уште едно засилување во своите редови. Станува збор за пивотменот на Металург Костадин Петров, кој за „црвено-црните“ ќе настапува како позајмен играч до крајот на сезоната.

 Според договорот на двата клуба, 29-годишниот Петров после завршувањето на сезоната ќе се врати во екипата на Металург.


Нов удар за Русија: ФИДЕ ја дислоцира шаховската Олимпијада од Москва

Меѓународната шаховска федерација (ФИДЕ) објави дека 44. шаховската Олимпијада нема да се одржи во Москва како последица на руската инвазија врз Украина.

„На вонредниот состанок донесовме одлука сите планирани натпреварувања да ги дислоцираме од Русија. Брзото влошување на геополитичката ситуација го принуди Советот да донесе тешка одлука“, се наведува во соопштението на ФИДЕ.

Тоа значи дека покрај Олимпијата нема да се реализира и годишниот конгрес на  Светската шаховска федерација.


УЕФА го раскинува договорот за спонзорство со рускиот „Гаспром“

После одземањето на организацијата за домаќинство на финалето од Лигата на шампионите кое требаше да се одржи во рускиот град Санкт Петерсбург, УЕФА се реши на уште еден чекор со што ќе го изрази своето незадоволство од руската воена акција во Украина.

Имено, од УЕФА бараат начин како да го раскинат спонзорскиот договор за Лигата на шампионите со компанијата „Гаспром“, која е еден од главните финансиери на натпреварувањето.

Оваа разрешница се очекува во наредните денови кога и ќе се дознае какви финансиски последици истата би предизвикала.


Рудигер ќе го издаде Челзи и ќе потпише за Манчестер Јунајтед

Антонио Рудигер би можел да направи сензационален трансфер на лето и да потпише за Манчестер Јунајтед, пренесуваат медиумите на Островот.

Договорот на Рудигер со Челзи истекува на лето, но се помали се шансите да ја продолжи соработката со „сините“ откако ги одби сите нивни понуди. ПСЖ и Реал Мадрид од поодамна се заинтересирани за Германецот, но сега во трката се вклули и Манчестер Јунајтед.

Англиските медиуми пренесуваат дека „црвените ѓаволи“ испратиле најдобра понуда до неговиот агент и во моментов се во пол-позицја за неговиот потпис.

Доколку вистина дојде до овој трансфер, тоа сигурно би било големо предавство и тоа навивачите на Челзи нема да му го простат.


Од Галатасарај оптимисти за европскиот двомеч против Барса

Барселона во осминафиналето од Лигата на Европа ќе игра двомеч со турскиот гигант Галатасарај.

Каталонскиот тим секако е голем фаворит за пласман во помеѓу најдобрите тимови во ова натпреварување, но од истанбулскиот клуб јасно тврдат дека нема да се предадат во овие натпревари.

Тие сметаат дека Галатасарај може да ја исфрли Барселона, а изјавата на членот на Управниот одбор Нихат Кирмиз е прилично оптимистичка.

„Веруваме дека ќе ја исфрлиме Барселона. Не смееме да заборавиме дека ние сме Галатасарај.


Надал го надигра Медведев во полуфиналето во Акапулко

Помалку од еден месец од нивното епско финале на Австралија Опен, шпанскиот тенисер Рафаел Надал втор пат едноподруго беше поуспешен од Русинот Данил Медведев, кој од понеделник ќе го преземе приматот најдобар светски тенисер на АТП листата од Србинот Новак Ѓоковиќ.

Надал во синоќешниот дуел, кој траеше два часа, го совлада Медведев со 6-3, 6-3 и со својата 14 победа во низа избори пласман во финалето на АТП турнирот во Акапулко.

За третиот трофеј сезонава Надал во финалето ќе игра против Британецот Камерон Нори, кој во првото полуфинале на турнирот во Акапулко беше подобар од Гркот Стефанос Циципас со 6-4, 6-4.


Бразилскиот селектор, Тите, ја напушта репрезентацијата после СП во Катар

Селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил, Тите, најави дека ќе ја напушти функцијата по завршувањето на Светското првенство во Катар на крајот од оваа година.

Селекцијата на Бразил е петкратен светски првак и е една од фаворитите на првенството.

„Да бидам искрен, ќе останам селектор на тимот само до крајот на Светското првенство“, изјави 60-годишниот селектор во интервју за бразилска телевизија“.


ПСЖ со висока понуда за купување на Нуњо Мендеш

Париз Сен Жермен планира финализирање на понудата за купување на Нуњо Мендеш. 19-годишниот лев бек во моментот настапува во дресот на ПСЖ како позајмен играч од португалскиот Спортинг Лисабон.

Очекувањата се дека клубот од Париз ќе испрати понуда од 40 милиони евра за откуп на правата за Португалецот.

„Напредокот на Нуњо е огромен. Ако продолжи да се развива на овој начин, ќе стигне далеку. Тој ќе биде меѓу најдобрите во екипата“, изјави тренерот на ПСЖ, Маурицио Почетино.


Кристијан Ериксен се враќа на терените по осум месеци

Тренерот на Брентфорд, Томас Франк, потврди дека фудбалерот од средниот ред Кристијан Ериксен ќе дебитира во 27. коло од англиската Премиер лига со Њукасл.

30-годишниот Данец беше претставен како играч на Брентфорд на крајот на јануари откако потпиша договор со тимот до крајот на сезоната.  Тој меч ќе биде прв официјален за Ериксен од јуни 2021 година кога на мечот со Финска на ЕП доживеа срцев удар.

Ериксен има вграден дефибрилатор, кој не смее да се користи во Италија по што мораше да го раскине договорот со Интер.