feature

Мистеријата наречена Месут Озил

Делуваше дека напуштањето на Арсенал и промената на средината предизвикана со трансферот во Фенербахче позитивно ќе влијае на Месут Озил, но поранешниот германски репрезентативец се уште се „бара“ во Истанбул.
Беше тоа ден од соништата за фановите на Фенербахче кога минатиот месец Озил слета на истанбулскиот аеродром, а кратко потоа и потпиша договор со клубот. Не беше во прашање дали ќе оправда и еден цент од тоа што е платен, со оглед на репутацијата со која пристигна, но неиграњето оваа сезона во Арсенал и тоа како влијаеше на луцидниот фудбалер.
Озил одигра пет натпревари за Фенер и се уште не се запишал во листата на стрелците, а тоа и не би било толку чудно доколку клубот не се наоѓа во криза која се отсликува во дури три порази на петте натпревари откако пристигна Озил.
Два порази во првенството значеа пад на табелата на третото место, а изгубеното градско дерби против Башакшехир значеше и елиминација од Купот.
Со оглед на тоа што не настапуваше во претходните 10 месеци, трпението во Фенербахче за Озил не смее да изостане, но сигурно е дека е крајно време да „проработи“.


Сити победи во 19 натпревари по ред – Гвардиола ја откри тајната на успехот

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола синоќа ги водеше „граѓаните“ до нивната 19. победа по ред во сите натпреварувања, овој пат против Борусија Менхенгладбах во Лигата на шампионите, а за медиумите ја откри и причината за ваквата форма.
Сити на првиот осминафинален натпревар славеше со 2:0 и практично го обезбеди пласманот во четвртфиналето. По натпреварот, Гвардиола призна дека парите играат клучна улoга.
„Имаме многу пари да купиме доста неверојатни играчи.“ – вели Гвардиола.
Проговори и за главните актери во победата, португалскиот тандем Жоао Кансело и Бернардо Силва.
„Кансело напредуваше и одлучи да преземе повеќе ризик во својата игра. Ни дава нешто посебно во играта. Пресреќен сум поради неговите две асистенции во завршната третина од теренот.“ – изјави Пеп, а за Силва рече дека се работи за интелигентен играч.


Мурињо го сака Ник Поуп од Барнли

Голманот на Барнли, Ник Поуп, е на мета на Тотенхем. Според изворот, клубот бара замена за Хуго Љорис, кој се поизвесно ќе се пресели во ПСЖ на лето.
Договорот на Љорис со Тотенхем завршува во летото 2022 година, а Тотенхем сака да го подмлади составот со нов голман, па затоа почна да се врти кон Ник Поуп од Барнли.
Поуп оваа сезона одигра 25 натпревари за Барнли, прими 26 гола и деветпати остана несовладан.


Ван Дајк забрзано тренира за да се врати на терените сезонава

Дефанзивецот на фудбалскиот состав Ливерпул, Виргил ван Дајк, првпат направи тренинг со топка по тешката повреда што го извади од терените подолг период.
29-годишниот стопер продолжува да се опоравува од повредата што ја заработи на 17 октомври на натпреварот од петтото коло во Премиер лигата против Евертон (2-2).
Холанѓанецот денеска работеше прво во теретана а потоа и на тревнатиот терен. Искусниот дефанзивец во сезонава одигра 8 натпревари за Ливерпул и постигна еден гол.


Кутињо за 50 милиони евра се сели во Милан

Милан игра одлично оваа сезона и се очекува после неколку години конечно да се врати во Лигата на шампиони. Раководството на „росонерите“ сака на лето да донесе нова ѕвезда во тимот, а прв на листата желби е Филипе Кутињо од Барселона.
Бразилецот оваа сезона се врати на „Камп Ноу“ и добро ја отвори сезоната, но заработи тешка повреда и ќе биде надвор од терените до април. Каталонците сакаат да го продадат на лето, а Милан е еден од најзаинтересираните клубови за неговиот потпис. Италијанските медиуми пренесуваат дека „росонерите“ веќе стапиле во конаткт со неговиот агент и се спремни да понудат 50 милиони евра за неговиот потпис.


Легендарниот бразилец бурно прослави, па сфати дека борбата не е готова!

Неверојатна ситуација се случи на славниот бразилски ММА борез Зулузињо на приредбата на руската АМЦ промоција. Зулузињо се бореше против непоразениот руски борец Јусуп Шуаев и се чинеше дека ќе му го нанесе првиот пораз. Пред крајот на првата рунда, 42-годишниот Зулузињо жестоко го погоди русинот и го собори на земја, тргна на него, а судијата го запре. Бразилецот започна да ја слави победата, мислејќи дека судијата ја прекина борбата како не би го загрозил здравјето на Шуаев, но судијата реагираше бидејќи се огласи знакот за крај на рундата. На крајот, шокираниот Зулузињо мораше да се врати во кафезот, а таму русинот беше подобар и во наредните 10 минути со одлука на судијата победи. Бразилецот го доживеа десеттиот пораз во кариерата, прв по скоро три години.


Престрого, или правилно? Проценете сами (ВИДЕО)

Реал Мадрид има човек повеќе на терен на гостувањето кај Аталанта во Бергамо по стартот на Фројлер над Менди во 20 минута. Судија на овој натпревар е Штилер од Германија.
Стартот за црвениот картон можете да го видите на следното видео:


Дин Хендерсон го менува Лорис во Тотенхем

Жозе Мурињо сака нов голман, пишуваат англиските медиуми. Во Тотенхем не се задоволни како нивниот капитен Хуго Лорис брани оваа сезона и на лето ќе се обидат да доведат негова замена. Прва мета е Дин Хендерсон, резервниот голман на Манчестер Јунајтед. Хендерсон има 23 години и минатата сезона беше одличен на позајмицата во Шефилд. Оле Гунар Солскјер го врати во Манчестер Јунајтед, но младиот голман не успеа да се избори за место покрај Давид Де Хеа.


Клоп го напушта Ливерпул во 2022. година, станува селектор?!

Германскиот весник Билд објави на насловната страна прилог дека Јирген Клоп би можел наскоро да го напушти Ливерпул. Германскиот тренер е на Енфилд од 2015. година, пред две години ја освои европската титула со Ливерпул, а минатата сезона го освои и трофејот во Премиерлигата по цели 30 години. Но, Ливерпул оваа сезона изгледа очајно, нема никакви шанси да ја одбрани титулата, а ќе мора многу да се подобри за да дофати едно од четирите места кои водат во Лигата на шампионите идната сезона. Клоп има договор со клубот до 2024. година, но Билд смета дека тешко е да се очекува дека ќе го одработи договорот до крајот. За таков расплет, Билд дава 30 отсто шанси, а најмногу, дури 68 отсто, дека Клоп идното лето ќе го напушти Ливерпул и ќе стане селектор на германската репрезентација по Светското првенство.


Селтик го замени тренерот по 18 бодови заостанување зад Ренџерс

Шкотски Селтик објави дека се раздели со тренерот Нил Ленон, кој ја водеше екипата од 2019. година и освои трикратна титула минатата сезона. Сезоната пред тоа, исто така го освои првенството и Купот. Поранешниот играч на Селтик, кој за клубот одигра повеќе од 200 натпревари, го раскина договорот по слабата сезона. Шкотскиот првак зад водечкиот Ренџерс заостанува огромни 18 бода и нема никакви шанси да ја одбрани титулата. „Знаевме дека сезоната ќе биде тешка поради се што се случува и фрустрира тоа што не можевме да бидеме на задоволително ниво. Дадов се од себе, како и секогаш, да ја свртиме ситуацијата во наша корист, но не успеав. Селтик секогаш ќе биде дел од мене и му посакувам се најдобро.“ – изјави Ленон. Ленон во последните неколку години немаше никаква конкуренција во шкотското првенство, но сезонава Стивен Џерард работи одлично во Ренџерс, кој е целосно недопирлив во првенството, а има високи амбиции и во Лига Европа.