feature

Манчестер Јунајтед пред потпис со Пау Торес

Англиските портали објавија декас луѓето од Манчестер Јунајтед полека ги финишираат преговорите со фудбалерот на Вилјареал, Пау Торес.

Агентите на 25-годишниот дефанзивец неколку недели водат интензивни разговори за негов ангжман на – „Олд Трафорд“. Торес во последнава сезона одигра 33 мечеви со ефект од 5 голови и 1 асистенција.

За Шпанија има реализирано 17 натпревари и постигнато 1 гол. Во моментов нема конкретни информации за висината на трансферот.


Англиските таблоиди најавуваат трансфер на Салах во конкурент на Ливерпул

Мохамед Салах нема да има проблем да го напушти „Енфилд“ и да се пресели во друг клуб од Премиер лигата, пренесува „Атлетик“.

Египќанецот речиси една година преговара за нов договор со челниците на клубот, но засега не е постигнат договор, иако Салах влезе во последната година од договорот.

Салах одлучил доколку не се договори со Ливерпул во следните неколку дена, да почне да преговара со други клубови, пред се од Премиер лигата, пренесе „Атлетик“.

Тој смета дека како слободен играч, без обештетување следното лето ќе може да добие многу подобри финансиски услови од друг клуб.


Челзи ризикува да го загуби Канте

Нголо Канте би можел да го напушти Челзи ова лето.

Лондонскиот клуб и 31-годишниот играч за врска со месеци преговараат за условите за нов договор. Актуелниот договор меѓу Французинот и Челзи истекува во летото 2023 година.

Канте е среќен во Челзи, но неговата иднина останува неизвесна бидејќи многу клубови имаат понуди до Челзи за него.

За Канте беше објавено дека е најзаинтересиран Манчестер Јунајтед.


Жорж Жезус е нов тренер на Фенербахче

Легендарниот Португалец, Жорж Жезус, е нов тренер на турскиот гигант Фенербахче. 

Договорот на Жезус и Фенербахче е потпишан на една година. Со овој избор клубот од Истанбул сака да ја прекине долгата серија без освоена титула, и да се врати на старите победнички стази.

Португалскиот тренер е познат по своите успеси во водењето на Бенфика и Спортинг од Лисабон.


Бејл: Ми беше чест да го носам белиот дрес на Реал

Фудбалерот на Реал Мадрид и репрезентативец на Велс, Герет Бејл, соопшти дека дефинитивно го напушта гигантот од Мадрид. Неговиот договор со клубот истекува до крајот на јуни, и денес тој преку социјалните мрежи се збогува со Европскиот шампион.

„Неверојатно искуство, кое нема никогаш да го заборавам. Сакам да му се заблагодарам на соиграчите, тренерите, стручниот штаб и целиот персонал за големата поддршка. Овде стигнав пред девет години и ја исполнив желбата да играм за Реал. Сакав да го носам совршениот бел дрес со грбот на Реал на своите гради, да играм на Сантијаго Бернабеу и да освојувам трофеи“, напиша Бејл.

Велшкиот репрезентативец стигна во Реал од Тотенхем во 2013 година за 101 милион евра. Со „кралскиот клуб“ тој беше три пати шампион на Шпанија, и пет пати првак во Лигата на шампиони.


Брајтвајт од Барса се сели во Брајтон?

Англискиот фудбалски состав Брајтон сака да го доведе напаѓачот на Барселона, Мартин Брајтвајт.

Данецот кој за неколку дена ќе наполни 31 година ќе биде ставен на трансфер-листата а „галебите“ ќе се обидат да го  купат , пишува – „Мундо Депортиво“.

Фудбалерот кој се соочуваше со повреди и одигра само 4 натпревари на кои постигна 2 гола. Информациите од „Камп Ноу“ велат дека искусниот фудбалер не влегува во плановите на тренерот, Чави и сигурно ќе си замине.


Пол Погба го напушти Манчестер Јунајтед

Пол Погба денес и официјално го напушти Манчестер Јунајтед. На францускиот репрезентативец му истече договорот со екипата од Олд Трафорд.

Јунајтед од фудбалерот се збогува преку порака на социјалните мрежи, со која му се заблагодарија на неговите услуги.

Пол Погба на вкупно 233 натпревари за „црвените ѓаволи“постигна вкупно 39 гола и 51 асистенција. Тој веќе започна преговори за враќање во редовите на Јувентус од каде и пристигна во Манчестер Јунајтед.


Атлетико не сака нагодби со Јуве за Мората

Јувентус се обидел да го купи Алваро Мората од Атлетико Мадрид, но нивната понуда била одбиена.

Напаѓачот последните две сезони ги мина на позајмица во Торино, а во договорот имаше клаузула според која ова лето италијанскиот клуб има право да го задржи за 35 милиони евра. Сепак, „бјанконерите“ сметаат дека оваа сума е превисока и затоа понудиле 20 милиони, но добиле и негативен одговор.

Јуве веќе му плати на Атлетико 20 милиони евра за ангажманот во изминатите две сезони.


Алегри: Кога би можел би го преиграл финалето против Барса

Масимилијано Алегри, вели дека најмногу жали за двете загубени финалиња во Лигата на шампионите.

„Кога би можел, многу би сакал да го преиграм првото финале во Лигата на шампионите против Барселона. Во почетокот на натпреварот скапо ги плативме повредите а како што рече големиот Еторе Месина, одличните дефанзивци ги добиваат натпреварите. Јуве има специфична ДНК, која се заснова на здрава работа. Тоа е најголемиот тим во Италија кој има многу успеси во Европа“, изјави Алегри.


Динамо доби понуда да го продаде Аријан Адеми

Во летото кое следи, Аријан Адеми би можел да ја промени средината, наводно Динамо добил понуда од пет милиони евра за македонскиот репрезентативец.

Хрватските медиуми не го откриваат името на тимот кој е заинтересиран за Адеми, меѓутоа се истакнува дека раководството на клубот сериозно размислува дали да ја прифати.

За Динамо Адеми настапува уште од 2010 година, а од 2017 година е капитен на загрепскиот тим со кој освои 10 титули во првенството, шест во Купот на Хрватска и три во хрватскиот Суперкуп.