feature

Милан со ослабен состав против Ливерпул во ЛШ

Фудбалскиот клуб Милан ќе настапи без Тео Ернандез и Рафаел Леао на дуелот против Ливерпул во рамките на 6.коло од групната фаза во Лигата на шампиони.

31-годишниот Ернандез натпреварот ќе го пропушти поради болест, додека неговиот клупски колега Рафаел Леао нема да настапи поради повреда која ја заработи на натпреварот со Салернтитана  во Серија А.

Дуелот помеѓу Милан и Ливерпул ќе се игра на 7 декември и е последен натпревар од групната фаза.

Лидер на Б групата е Ливерпул со 13 бода и тој веќе обезбеди учество во наредната фаза. Втор е Порто со 5 бода а екипата на Милан се наоѓа на третата позиција со освоени 4 бодови.


Унгарски Веспрем го продолжи договорот со Петар Ненадиќ

Веспрем објави дека ги продолжил договорите со двајца играчи. Верноста кон клубот ја продолжиле Петар Ненадиќ и Патрик Лигетвари.

Српскиот репрезентативец Ненадиќ ќе остане во Веспрем и во сезоната 2022/2023. Ненадиќ во моментот е повреден, сигурно нема да игра до крајот на годината поради што е неизвесен неговиот настап на Европското првенство.

Ненадиќ во 2018 година од Фуксе Брлин пристигна во Веспрем.

За разлика од Ненадиќ, Лигетвари потпиша нов двегодишен договор со Веспрем.


Бејл започна со тренинзи, ќе биде во комбинација за дуелот со Интер

Велшкиот напаѓач во дресот на Реал Мадрид, Герет Бејл се врати на тренинзите. Играчот може да биде дел од тимот на Анчелоти на натпреварот од 6. коло од Лигата на шампионите со Интер, кој ќе се одигра утре.

Според изворот, Бејл на вчерашната сесија тренирал со комплетната група на Реал Мадрид. Во меѓувреме, Даниел Себаљос почна со индивидуални тренинзи.

Голема е веројатноста, првиот напаѓач на тимот, Карим Бензема, да го пропушти овој натпревар поради повреда


Клоп го сака Фабијан Руиз од Наполи

Фабијан Руиз е интересен за англиски Ливерпул.

25-годишниот шпански играч за врска за шефовите на Ливерпул е совршена аквизиција за засилување на средниот ред. И самиот фудбалер е подготвен да го направи следниот чекор во кариерата, а трансферот може да се реализира во летото 2022 година.

Руиз игра за Наполи од 2018 година, кога дојде во Италија од Бетис. Договорот на Руиз истекува во 2023 година.


Интер со 6 милиони евра го задржува Брозовиќ во екипата

Шампионот во Серија А, екипата на Интер, оваа недела ги започнува преговорите со менаџментот на Марсело Брозовиќ за продолжување на неговиот договор со клубот.

Од Интер се подготвени на 29-годишниот хрватски интернационалец да му понудат плата од 6 милиони евра по сезона и да го задржат во своите редови до 2025 година.

Актуелниот договор на Марсело Брозовиќ истекува во јуни 2022 година. По изминати 18 натпревари од стартот на сезоната, тој во „сино-црниот“ дрес има постигнато 1 гол и 2 асистенции.

Интер е втор на табелата во Серија А со 37 бода, еден помалку од лидерот Милан кој има 38.


Сент Етјен го отпушти тренерот Пуел

Тренерот Клод Пуел не е повеќе тренер на францускиот Сент Етјен. Тој доби отказ по поразот на домашен терен од тимот на Рен со 0:5, во натпревар од 17.коло на француското првенство.

Од Сент Етјен за отказот на тренерот Клод Пуел објавија официјално соопштение на клубската веб страна во кое се вели дека одлуката за негова смена ја донел извршниот претседател на клубот.

60-годишниот Пуел беше поранешен тренер во англиската Премиер лига каде ги водеше екипите на  Лестер и Саутемптон.

Сент Етјен е на последното место од табелата во Лига 1 со освоени 12 бода по 17 одиграни натпревари.



Ливерпул го купува Адама Траоре

Ливерпул ќе се обиде во зимскиот трансфер период да го доведе крилниот напаѓач на Вулверхемптон, Адама Траоре.

25-годишниот шпански репрезентативец, би можел да се пресели на „Енфилд“ за 20 милиони фунти. Траоре посакува нов предизвик во својата кариера а популарните „волци“ сакаат да заработат од неговата продажба бидејќи неговиот договор истекува во јуни 2023 година.

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп е во потрага на офанзивни играчи оваа зима поради  заминувањето на Мохамед Салах и Садио Мане на Купот на Афрички Нации кој се одржува во февруари 2022.


Дејан Станковиќ можен нов тренер на Сампдорија

Според италијанските новинари, екипата на Сампдорија постигнала начелен договор со Дејан Станковиќ за преземање на тренерската позиција во клубот од Џенова.

Меѓутоа од Црвена Звезда, клубот во кој 43-годишниот Станковиќ е актуелен тренер, бараат плаќање на финансиска отштета од Сампдорија за предвремен раскин на договорот со него кој е со важност до 2024 година.

Сега останува да се види дали претседателот на калчолигашот има намера да го плати обештетувањето за Србинот.

Дејан Станковиќ на клупата на Сампдорија би го заменил Роберто Д`Аверса кој се очекува да добие отказ после слабите резултати на клубот оваа сезона.


Икарди се сели во Премиер лигата, два клуба спремни да достават понуда

Мауро Икарди не е задоволен од својот статус во ПСЖ и сака да ја промени средината во зимскиот преоден рок. Икарди не добива голема минутажа во Париз поради големата конкуренција и побарал трансфер, а медиумите тврдат дека негова следна дестинација е Премиер лигата.

Имено, силен интерес за Икарди покажуваат Челзи и Арсенал. Тухел одлично го познава Аргентинецот и верува дека ќе биде иделана алтернатива за Лукаку, особено поради фактот што Вернер не ги исполни очекувањата.

Арсенал е во потрага по голгетер бидејќи Лаказет сигурно заминува, а најголема желба на Артета е токму Икарди.

Двата клуба се спремни да му ја даваат на Икарди истата плата која ја заработува во ПСЖ, а напаѓачот може да пристигне на позајмица со право на откуп.


Ериксен во јануари ќе го раскине договорот со Интер

Кристијан Ериксен постигна договор со Интер за раскинување на соработката, а се ќе биде официјализирано до крајот на годината.

Дури и двете страни да сакаа да го завршат договорот до крајот, поточно до летото 2024 година, тоа не беше можно бидејќи Данецот имаше поставено дефибрилатор, со кој е забрането да се бавите со професионален спорт во Италија.

Финансиските детали од договорот не се познати, освен што ФИФА досега покривала три четвртини од годишната плата на Ериксен, која изнесувала околу 10.000.000 евра.

Ериксен вчера тренираше за прв пат по 173-дневната пауза и срцевиот удар што го доживеа на натпреварот против Финска на ЕП, а наскоро ќе може слободно да избере нов играч за врска.

Данскиот играч за врска ќе продолжи да тренира со Оденсе, каде што порасна, а се работи за тренинзи со најлесниот интензитет.