feature

Соуса: Новак е себичен во своите барања

Португалскиот тенисер Жоао Соуса го нарече Новак Ѓоковиќ помалку себичен поради одлуката да пристигне на Австралија Опен невакциниран против коронавирусот и додаде оти тоа е тешко да се прифати.

Соуса наведе дека другите тенисери се лути бидејќи Ѓоковиќ ги избегнал правилата и оти се испраќа лоша порака што тој е единствениот невакциниран тенисер на Австралија Опен.

„Ја почитувам неговата борба за своите уверувања и имам емпатија за сè што минува во Австралија, но помалку е себичен таквиот однос кон колегите. Себично е од него да дојде тука како единствен невакциниран играч, Многумина од нас, не и јас, не сакавме да се вакцинираме, но моравме да го направиме тоа за да играме. Такви се правилата, а тој ги заобиколи правилата и е единствен, кој не се вакцинираше. За нас останатите играчи тоа е тешко да се прифати, иако разбирам дека тој ги брани своите идеали“, изјави Соуса.


Милан Лазаревски го замени Металург за словенскиот Тримо Требње.

Досегашниот член на ракометниот клуб Металург, Милан Лазаревски, потпиша договор со Тимо Требње од Словенија.

24-годишниот Лазаревски ја прифати понудата од Словенија, и за прв пат ќе настапува за клуб надвор од Македонија. Тој во Тримо Требње се очекува да биде замена за повредениот Лан Грбиќ на позицијата пикер.

Екипата на Требње е водена од легендата на словенечкиот ракомет, Урош Зорман и се наоѓаат на втората позиција од табелата, зад тимот на Цеље.


Судија на Купот на Африка двапати отсвири крај пред 90. минута

Бројни судиски грешки го одбележаа вечерва дуелот од воведното коло во групата Ф во рамки на африканскиот Куп на нации меѓу Мали и Тунис (1-0), а пропустите кулминираа во финишот кога арбитерот во два наврати предвреме отсвири крајот на натпреварот.

Мали ја обезбеди победата преку пенал што во 48. минута го реализираше Ибрахим Коне, а Тунис на ист начин можеше да возврати во 77. минута, но Вахби Казри биеше непрецизно од белата точка.

Во крупен план на овој натпревар, сепак, беше главниот судија Џани Сиказве, кој со многу грешки го водеше дуелот, а најголемиот пропуст го направи во 85. минута, кога означи крај на натпреварот. Кратко потоа, на сугестија на својот помошник, одлучи да го продолжи натпреварот, означувајќи дефинитивно крај во 90. минута, иако во вториот дел беа досудени два пенали, беа извршени девет измени, а неколку пати се вклучуваше и ВАР системот.


Февруари клучен за иднината на Дибала во Јуве

Јувентус ги продолжува преговорите за обновување на договорот со Пауло Дибала, но се уште нема конечен договор меѓу двете страни. Извршниот директор на клубот Маурицио Аривабене најави дека во февруари ќе има нова средба со фудбалерот и неговите претставници.

„Во февруари ќе разговараме со играчите на кои им истекуваат договорите за да одлучиме за нивната иднина. Секој мора да го освои своето место во тимот и да докаже дека го заслужува тоа“, изјави Аривабене.

„Ова важи за сите – играчи, тренери и менаџери. Во наредните денови ќе видиме дали тоа ќе се случи. Да се ​​обидеме да ги постигнеме целите што ги поставивме“, додаде тој.

Пауло Дибала моментално е слободен да преговара со други тимови. Според италијанскиот весник „Газета дело Спорт“, Јувентус нема намера да му понуди на Аргентинецот повеќе од неговата сегашна плата – 7,3 милиони евра годишно, што ја доведува во прашање неговата иднина во клубот.


Австриски судии ќе го водат дуелот Македонија – Словенија

ЕХФ веќе ги одреди и судиите за премиерата на нашата репрезентација на ЕП во Унгарија. Утрешниот прв меч на шампионатот ќе го судар Австријците Радојко Бркиќ и Андреј Јусуфхоџиќ.

Вториот меч од групата меѓу Данска и Црна Црна ќе го суди судиска двојка од Романија, Бодан Старк и Ромео Стефан.


Барса сака да го врати Адама Траоре

Адама Траоре, кој потекнува од школата на Барселона, може да се врати кај Каталонците.

Играчот на Вулверхемптон кој претходно настапуваше за неколку англиски екипи, има трансферна вредност од 30-35 милиони евра. Траоре за „волците“ има одиграно 152 меча и постигнато десет гола.

Претставници на Шпанскиот гигант деновиве се сретнале со агентот на играчот, Жорж Мендеш.


Лазаров пред Словенија: Тие се фаворити, но ние не излегуваме со бело знаме

Македонските ракометари вчера пристигнаа во Дебрецин, каде веќе утре на премиерата на новото Европско првенство против Словенија ќе го одиграат и првиот меч на шампионатот.

Веќе денеска на брифингот со новинарите селекторот Лазаров и дел од ракометарите зборуваа за очекувањата од првиот меч со Словенија.

„Словенците се одлични, имаат неверојатни ракометари кои играат во големи екипи. Тоа е колектив предводен од добар селектор, со изградени играчи и Врањеш има задача да поработи само на ситни детали. Ние сме Македонија, знаеме како сме поставени и како функционираме. Нема да излеземе со бело знаме, иако имаме респект кон Словенија која е фаворит. Тие се екстра-квалитетна репрезентација. Словенците се играчи кои ако имаат свој ден, што и да направиме можат да не победат. Јасна е ситуацијата, имаме желба да одиме во вториот круг и тоа би бил огромен успех. Ние добивме тешка група со Данска, Словенија, па дури и Црна Гора. Ќе се стремиме кон целта, но мора да сме спремни на сè и да бидеме реални. Македонија е во транзиционен период и мора да бидеме трпеливи за да изградиме репрезентација која достојно ќе ја замени претходната генерација. Не сакам да правам притисок врз играчите, напротив, знаеме што сакаме и сме спремни, а дали тоа ќе биде доволно ќе видиме утре на теренот“, изјави Лазаров.


Луис Алберто побара трансфер од Лацио

Милан и Севиља ќе се обидат за време на зимскиот преоден рок да ги осигураат услугите на шпанскиот интернационалец од Лацио, Луис Алберто.

Искусниот играч за врска не е задоволен од минутажата која ја има во актуелната сезона и од соработката со новиот шеф на стручниот штаб, Маурицио Сари.

Наводно Луис Алберто влегол во вербална расправија со Сари и му соопштил на раководството дека сака уште во јануари да ја промени средината. Милан уште во летниот преоден рок беше заинтересиран за Шпанецот, но тогаш Лацио за неговиот потпис бараше 50 милиони евра.


Ливерпул постигна договор со Жил Кунде

Жил Кунде ја профатил изненадувачката понуда од Ливерпул. Французинот е главна трансфер цел на Челзи веќе подолго време, но тој преферира трансфер на „Енфилд“ и веќе ја прифатил понудата на „црвените“.

Ливерпул е спремен да ја плати неговата откупна клаузула од 75 милиони фунти.

Изненадувањето доаѓа од фактот што Клоп во моментов има доволно централни дефанзивци, а клубот пред неколку месеци плати 36 милиони фунти за Ибрахима Конате.

„Национал“ тврди дека уште овој месец Кунде може да се пресели на „Енфилд“, а во тој случај „црвените“ ќе го продадат Матип или Џо Гомез.


Челзи плаќа висока сума за враќање на позајмениот Емерсон

Поради проблемите со повредени играчи од одбраната, особено онаа на бекот Бен Чилвел, екипата на Челзи сака да го врати својот дефанзивец Емерсон Палмиери кој е на позајмица во Лион.

За таа цел „сините“ од Лондон се подготвени да издвојат 4 милиони евра кои ќе ги исплатат на Лион како отштета за предвремено раскинување на договорот за позајмување.

27-годишниот Италијанец кој е роден во Бразил оваа сезона за Лион одигра 15 натпревари и постигна еден гол.