feature

Синот на Карло Анчелоти е нов тренер на Ботафого

Карло Анчелоти стана селектор на Бразил, а во таа земја оди и неговиот син, Давиде Анчелоти кои го презема кормилото на Ботафого.

36-годишниот Давиде Анчелоти до минатата сезона беше помошник на Карло, а сега почнува самостојна тренерска кариера.

Давиде повторно ќе биде во земјата каде ќе е и неговиот татко, но овојпат ќе работат на различни проекти.

Анчелоти јуниор ќе има голем предизвик бидејќи го презема кормилото на Ботафого кој е актуелен шампион на Бразил и на Копа Либертадорес.

Бразилскиот шампион изминатата сезона го водеше Артур Жорже, кој по големите успеси се пресели во Катар. На негово место во февруари дојде Ренато Паива, кој по само неколку месеци беше отпуштен. Под негово водство, Ботафого приреди изненадување победувајќи го ПСЖ во групната фаза на Светското клупско првенство, но потоа испадна од Палмеирас во првото елиминациско коло.


Мањан се предомисли, ќе брани за Милан и следната сезона

Голманот на Милан, Мајк Мањан и во наредната сезона ќе брани во Милан, потврди тренерот на италијанскиот гигант Масимилијано Алегри.

Мањан пристигна во Милан во 2021 година од Лил, а летово на големо се поврзувааше со преселба во Челси, сепак тоа нема да се случи.

„Навистина сум среќен што Мајк одлучи да остане, тој е еден од најдобрите голмани во Европа и ќе продолжи да биде наш капитен“, изјави Алегри.

Покрај Лил, Мањан во кариерата беше дел само уште од Париз и трансферот во Милан за него беше прв надвор од границите на Франција.


Американците нови јуниорски светски прваци во кошарка

Кошаркарите на САД ја освоија титулата на Светското јуниорско првенство, откако синоќа во финалето ја совладаа Германија со 109-76, додека Словенија го освои бронзениот медал со триумф од 91-87 над Нов Зеланд.

Американците стигнаа до светската титула со седум победи, освојувајќи го својот деветти златен медал во јуниорска конкуренција.

Американецот Еј-Џеј Дибантс е избран за најкорисен, МВП, играч на првенството со просек од 14,3 поени, 4,1 скокови, 2,3 асистенции и 1,1 украдена топка на турнирот.

Дибантс се најде и во идеалната петорка на јуниорскиот Мундијал, заедно со неговиот сонародник Микел Браун, германскиот тандем Кристијан Андерсон и Ханес Штајнбах, како и Словенецот Жан Смрекар.

Тагови: кошарка


Ракитиќ објави фудбалска пензија, но ќе остане да работи во Хајдук

Иван Ракитиќ денес и официјално објави крај на кариерата, а со емотивно писмо од него се збогуваше и македонскиот репрезентативец, Александар Трајковски.

Трајковски со Ракитиќ беше соиграч во Хајдук каде што изгради и пријателство со поранешниот фудбалер на Барселона и Севиља.

„Денешот ден не е обичен бидејќи означува крај на едно убаво поглавје од твојот живот. Денес го напушташ теренот како фудбалер, но со себе го носиш она што низ годините секогаш го даваше: Страста, верноста, жртвите – и над сè, класата, на теренот и надвор од него.

За мене беше привилегија да се дели оваа година со тебе и многу научив, не само како соиграч, туку и како човек. Ме прими како брат и направи да се чувствувам посебен. Ти честитам на кариерата која ја изгради и на целите кои ги постигна. Денес престануваш да играш, но никогаш нема да престанеш да бидеш пример за сите нас. Среќно во се што те чека“, објави Трајковски.

Во хрватските медиуми се најавува дека Ракитиќ ќе продолжи во Хајдук во улога со која ќе помага во спортскиот сектор.


Мексико по десетти пат го освои Голд Купот

Фудбалерите на Мексико го освоија северноамериканскиот Голд Куп по десетти пат, откако го победија домаќинот САД со 2-1 во финалето на овогодинешното издание во Хјустон.

Во натпреварот меѓу двете најсилни репрезентации во Северна Америка, САД поведоа уште на самиот почеток со голот на Крис Ричардс во 4. минута.

Сепак, Мексико успеа да израмни преку својот искусен напаѓач Раул Хименез во 27 минута, пред Едсон Алварез да го постигне победничкиот гол во второто полувреме во 77 минута.

Мексико на тој начин го одбрани трофејот освоен пред две години и дојде до својата десетта титула во 18 изданија на Голд Купот, додека САД останаа на седум трофеи.


Пораз за Ивановски на стартот од Челинџерот во Романија

Македонскиот тенисер Калин Ивановски го заврши настапот на Челинџер 100 во романскиот град Јаши што се игра за награден фонд од 145.250 евра. Поуспешен од Ивановски беше вториот носител од квалификациите Германецот Марко Торо, кој мечот го доби со 2-0 во сетови (6-3, 6-4) за 102 минути.

Во првиот сет Торо успеа да направи веднаш брејк и поведе со 2:0 во гемови, а Ивановски во следниот гем на сервис не ривалот не ја искористи брејк шансата. Предноста од 3-0 германскиот тенисер ја зачува до крајот на сетот што го доби со 6-3. Во вториот сет Торо во третиот гем направи брејк и поведе со 2-1 во семови. Сетот „се кршеше“ во осмиот гем кога Ивановски имаше три брејк топки, но германскиот тенисер ја задржа предноста од два гема предност (5-3). Таа предност ја зачува до крајот на сетот што забрши со 6-4 во гемови.

Ивановски следниот настап ќе го има на Челинџер турнир во Сан Марино.


Раул Алонсо го напушти Еурофарм Пелистер

Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер ќе влезе во новата сезона со нов тренер, откако битолскиот тим и шпанскиот стратег Раул Алонсо спогодбено ја прекинаа соработката.

До прекин на соработката, како што објави претпладнево Еурофарм Пелистер, дојде по барање на Алонсо, кој поради приватни причини побарал да се врати во Германија.

„Еурофарм Пелистер му се заблагодарува на Раул и му посакува многу успех понатаму“, се наведува во клупското соопштение.

Алонсо седна на клупата на Еурофарм Пелистер во ноември лани и со клубот од Битола изминатата сезона ја одбрани шампионската титула во македонското првенство.


Симоне Инзаги ја изготви трансфер листата во Ал-Хилал

Тренерот, Симоне Инзаги, го информирал раководството на Ал-Хилал дека сака да се раздели со 4 фудбалери.

На неговиот списокот се ставени Малком, потоа најдобриот стрелец, Александар Митровиќ (20 гола на 23 натпревари), играчот од средниот ред Каи Цезар и дефанзивецот, Ренан Лоди.

Минатата сезона, Ал-Хилал заврши на второто место во Саудиска Арабија а стигна до полуфиналето на Азиската Лига на шампиони и до четвртфиналето на Светското клупско првенство.


Крис Пол потпиша за Милвоки Бакс

Дејмиен Лилард го напушти тимот на Милвоки Бакс, но НБА франшизата веднаш пронајде негова замена и го доведува во своите редови искусниот плејмејкер, Крис Пол.

Иако има полни 40 години, Пол може да биде големо засилување за екипата, а минатата сезона одигра 82 натпревари и просечно бележеше 8,2 поени, 3,6 скокови и нешто повеќе од седум асистенции.

Крис Пол никогаш ја нема освоено титулата во НБА лигата, па можеби ќе добие прилика со Милвоки, тим кој има прилично силен и квалитетен ростер со шампионско педигре.


Тео Хернандез без избор, го сака само Ал-Хилал

Медиумите во Италија се убедени дека фудбалерот на Милан, Тео Ернандез, ќе замине во Ал-Хилал откако ќе заврши Светското клупско првенство во САД.

Францускиот интернационалец бидејќи не успеа да издејствува трансфер во шпанскиот Атлетико Мадрид, веројатно ќе ја прифати понудата од Саудиска Арабија.

Засега не се потенцира трансферната сума. Преговорите веројатно ќе се интензивираат во почетокот на наредната работна недела.