feature

Џо Мазула е тренер на годината во НБА лигата

Тренерот на Бостон Селтикс, Џо Мазула, е прогласен за најдобар тренер во НБА, со што официјално заврши доделувањето на индивидуални награди за сезоната 2025/2026.

Мазула ги предводеше Селтикс до 56 победи и второ место на Истокот и покрај тоа што Џејсон Тејтум го пропушти поголемиот дел од сезоната поради скината Ахилова тетива.

Мазула, кој за еден месец ќе наполни 38 години, стана најмладиот добитник на наградата од Фил Џонсон во 1975 година.

Во четири сезони на клупата на Бостон, тој има скор од 238-90, најдобар во НБА во тој период, и ги предводеше Селтикс до шампионската титула во 2024 година.

Стана четвртиот тренер во историјата на франшизата што ја освоил наградата за тренер на годината, придружувајќи им се на Бил Фич, Томи Хајнсон и Ред Оербах.


Гаруба е сериозно повреден, го чека подолга пауза

Реал Мадрид официјално потврди дека Усман Гаруба „заработил“ целосно кинење на Ахиловата тетива на левата нога.

Дваесет и четиригодишниот шпански репрезентативец се повреди на натпреварот против Валенсија, кога на почетокот од последната четвртина падна на паркетот и веднаш беше јасно дека станува збор за сериозна повреда.

Лекарската екипа веднаш реагираше, а Гаруба со помош на соиграчите го напушти теренот бидејќи не можеше сам да оди.

По деталните прегледи, од Реал потврдија дека станува збор за една од најтешките спортски повреди и дека кошаркарот во наредните денови ќе биде подложен на операција.

Гаруба оваа сезона одигра 40 натпревари во Евролигата и имаше важна улога во тимот, особено по повредата на Валтер Таварес.


Робертсон пред потпис со Тотенхем

Фудбалерот на Ливерпул, Ендрју Робертсон, постигнал усмен договор со Тотенхем, објавија медиумите во Англија.

Со тоа паѓаат во вода сите најави дека десниот бек ќе замине во екипата на Јувентус иако „старата дама“ најави дека работи на неговиот трансфер. Играчот ќе го напушти „Енфилд“ без обештетување бидејќи на крајот на јуни ќе му заврши договорот.

„Спарси“ се обидоа да го ангажираат Робeртсон и во зимскиот трансфер период но, тоа не се случи.


Интер нема да го продава Бастони ова лето

Претседателот на Интер, Џузепе Марота, потврди дека најавениот трансфер на фудбалерот, Алесандро Бастони, во Барса нема да се реализира. Тој напомена дека клубот не продава играчи за профит.

„Ако некој сака да си замине, тоа е целосно по негово слободно убедување. Бастони не изразил таква желба. Тој е задоволен од тимот и немаме причина да го пуштиме да си оди“ – рече Марота.

Тековниот договор на дефанзивецот со „нероаѕурите“ е до летото во 2028 година. Тој во сезоната 2025/2026, одигра 40 натпревари со ефект од два гола и шест асистенции.


Кристал Палас ја освои Конференциската лига, Матета го сруши Рајо

Кристал Палас ја освои Конференциската лига, со победата над Рајо Ваљекано 1-0. Финалниот натпревар во Лајпциг, го реши Жан-Филип Матета во 55.минута. Кристал Палас прв пат во историјата освои европски трофеј, но со ова финале заврши златната ера на Оливер Глазнер во клубот. Под водство на овој тренер Палас претходно го освои ФА купот и Суперкупот на Англија.

Во првото полувреме се почувствува важноста на овој натпревар. Рајо Ваљекано имаше сериозна шанса преку Унај Лопес од околу 18 метри кога доби одлична повратна топка, но шутираше покрај стативата. Алемао исто така се закани пред тоа, но шутираше лошо во шеснаесетникот.

Најдобрата шанса во првите 45 минути ја имаше Кристал Палас. Мичел од непосредна близина лошо шутираше.

Избраниците на Оливер Глазнер поводеа во вистинско време. Вортон упати одличен удар од далечина, Батаља го одби, а Матета се најде на вистонското место и ја смести топката во празната мрежа.

Кристал Палас можеше да ја дуплира предноста по само неколку минути. Пино испрати ракета од слободниот удар, погоди две стативи, а топката излезе надвор од голот.

Веќе во следниот напад, Матета имаше шанса, но Батаља брилијантно одбрани.

Кога ќе се погледне сè, тимот на Оливер Глазнер успеа да го затвори натпреварот како што треба, бидејќи шпанскиот клуб немаше сериозна шанса до крајот . Последниот обид Шпанците го имаа во 94-та минута, преку Алемао остана сам и шутираше по добар прием, но покрај стативата.


Барса и Њукасл се договорија за Гордон

Шпанскиот шампион Барселона ги договори личните услови со напаѓачот на Њукасл Јунајтед, Ентони Гордон, а потоа доби зелено светло од англискиот клуб за спроведување на договорот.

Оваа информација ја потврдија повеќе релевантни извори.

Њукасл, управата на клубот и сопствениците, ја прифатиле понудата на Барселона – 70 милиони евра, плус бонуси. Со бонуси, овој трансфер би можел достигне 80 милиони. Кога ќе биде реализиран, ова ќе биде најскапиот трансфер на Барселона во последните седум години.

Англискиот фудбалер треба да пристигне во Барселона следната недела и да ги помине лекарските прегледи и конечно да го потпише договорот.

Гордон ја започна својата сениорска кариера во Евертон, а по позајмицата во Престон Норт Енд, пристигна во Њукасл во 2023 година, за речиси 46 милиони евра.

Оваа сезона, тој одигра 26 натпревари во Премиер лигата и постигна шест гола. Вкупно, оваа сезона тој играше за Њукасл на 46 натпревари, постигна 17 гола.


Реал ќе бира меѓу Флорентино и Рикелме

Реал Мадрид го објави датумот на своите претседателски избори. Гласањето ќе се одржи на 7 јуни.

Претходно, сегашниот претседател на клубот, Флорентино Перез, објави предвремени избори по втората последователна сезона без трофеј. Тој беше реизбран за претседател на Реал Мадрид со четиригодишен мандат во јануари 2025 година.

Седумдесет и деветгодишниот Перез ќе се соочи со бизнисменот Енрике Рикелме.

Перез го водеше Реал Мадрид од 2000 до 2006 година, враќајќи се на функцијата во 2009 година. Под негово водство, мадридскиот клуб ја освои шпанската лига седум пати, шпанскиот куп три пати и шпанскиот Суперкуп седум пати. Клубот, исто така, ја освои Лигата на шампионите седум пати, Суперкупот на УЕФА шест пати, Светското клупско првенство на ФИФА пет пати и Интерконтиненталниот куп двапати.

Во сезоната 2025/26, Реал Мадрид заврши втор во Ла Лига со 86 бода. Тие исто така стигнаа до четвртфиналето на Лигата на шампионите, каде што загубија од Баерн Минхен (1:2; 3:4), загубија од Албасете (2:3) во осминафиналето на Купот на кралот и беа поразени од Барселона (2:3) во финалето на шпанскиот Суперкуп.


Лампард е тренер на годината во Англија

За најдобар тренер во англискиот клупски фудбал во сезоната 2025/26 е прогласен Френк Лампард, кој со Ковентри избори пласман во Премиер лигата и го врати клубот во елитата по пауза од 25 години.

Поранешниот англиски репрезентативец го предводеше од клупата Ковентри до титулата во Чемпионшип лигата со 11 бодови предност пред најблискиот ривал, што му го обезбеди „Трофејот Сер Алекс Фергусон“, доделен од Здружението на фудбалски тренери (ЛМА).

Лампард во гласањето го остави зад себе дури и Микел Артета, кој ја освои титулата во Премиер лигата со Арсенал, прва за лондонскиот клуб по пауза од 22 години. Како утеха, Артета ја доби наградата за тренер на годината во Премиер лигата.

„Твоите карактеристики, подеднакво како тренер и како лидер, јасно се рефлектира во начинот на кој игра твојот тим, со самодоверба и верба во себе. Уживав гледајќи го“, му порача легендарниот Алекс Фергусон на Лампард.


Вардар 1961 ја подигна шампионската титула по победата над Бутел

Ракометарите на Вардар 1961 го совладаа вечерва градскиот ривал Бутел со 36-34 во рамки на последното коло во македонската Суперлига и со триумф ставија печат на сезоната во која по пауза од три години ја освоија шампионската титула.

Во пресметка без резултатско значење, Вардар беше во негатива до завршните 15 минути, кога со серија од 5-1 дојде во водство од 34-31 и ја забележа својата 30. победа во сезоната.

По завршувањето на натпреварот, се одржа свечена церемонија на која претседателот на Ракометна федерација на Македонија, Александар Стефанов, го додели шампионскиот пехар, додека претседателот на Натпреварувачката комисија, Бобан Мајнов, ги додели златните медали на играчите и стручниот штаб на РК Вардар 1961.


Барди дојде во Скопје повреден, ќе ги скокне двата пријателски натпревари

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди, поради повреда на коленото ќе ги пропушти претстојните контролни натпревари против БиХ и Турција.

Барди се појави на собирот на националниот тим, но по извршените медицински прегледи беше утврдено дека не е во можност да му се стави на располагање на селекторот за дуелите со Босна и Херцеговина.

Натпреварите се играат на 29 мај во Сараево и Турција на 1 јуни во Истанбул.