feature

Анчелоти: Модриќ има доживотен договор со Реал Мадрид

Карло Анчелоти го коментираше евентуалниот потпис на нов договор со играчот за врска Лука Модриќ.

„Модриќ уште не го потпишал новиот договор. Но, можеме да кажеме дека има доживотен договор со Реал Мадрид“ изјави Анчелоти за „Мундо Депортиво“.

Претходно се дозна дека 36-годишниот хрватски играч за врска Лука Модриќ се договорил за условите од договорот со Реал Мадрид. Новиот договор на Хрватот со Реал Мадрид ќе важи до летото 2023 година. Според него, платата на Модриќ ќе биде намалена за 10%.

Модриќ се приклучи на шпанскиот тим во 2012 година, откако дојде од Тотенхем. Оваа сезона хрватскиот играч за врска има пет асистенции во 20 натпревари од Лигата на шампионите и шпанскиот шампионат. Неговата цена во моментов се проценува на 10 милиони евра.


Тотенхем се вклучува во борба за потписот на Лингард

Претставници на Тотенхем започнаа преговори со менаџерите на Џеси Лингард за негов евентуален трансфер во текот на летото.

29-годишниот репрезентативец на Англија има право на разговори со други клубови, бидејќи неговиот договор со тимот од „Олд Трафорд“ истекува на крајот од оваа сезона.

По се изгледа Манчестер Јунајтед нема да го продаде Лингард во јануари, иако тој може да го напушти клубот како слободен играч. 

Интерес за Џеси Лингард освен Тотенхем, покажуваат и екипите на Вест Хем, Њукасл и Милан.


Милан сака дефанзивец на Манчестер Јунајтед

Милан може да испрати понуда за фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Баили, откако остана без услугите на централниот дефанзивец, Симон Кјаер.

27-годишниот играч на Брег Слонова Коска моментално настапува на Африканскиот куп на нации. Тој иако неодамна го обнови договорот со  „црвените ѓаволи“, ретко се појавува во игра.

Во исто време, Милан има и други опции за зајакнување на одбраната. Се наведува дека клубот е заинтересиран и за Нејтан Аке од Манчестер Сити и Свен Ботман од Лил.


Данило од Палмеирас пред потпис со Арсенал

Арсенал испрати понуда од 20 милиони евра плус 5 во вид на бонуси за играчот за врска на Палмеирас, Данило.

Младиот бразилски фудбалер откако ја помина школата на Палмеирас, дебитираше за првиот тим во 2020 година.

Тој во последниве две сезони има одлични настапи. Данило одигра 83 меча и постигна пет голови на сите турнири.


Никола Карабатиќ со јубилејно Европско првенство

Претстојното Европско првенство во ракомет кое започнува за неколку дена, ќе биде јубилејно десетто за еден од најдобрите светски ракометари во историјата, Никола Карабатиќ.

Репрезентативецот на Франција сепак не е рекордер во оваа статистика, бидејќи легендарниот Гудјон Валур Сигурдсон за својот Исланд има учествувано на 11 Европски првенства.

Сепак, Карабатиќ е рекордер по бројот на вкупно одиграни натпревари на Европските шампионати со 63 настапи во дресот на Франција.


Ѓоковиќ вклучен во ждрепката за Австралија опен

Челниците на Австралија Опен веруваат дека Новак Ѓоковиќ ќе настапи на турнирот во Мелбурн.

Ѓоковиќ ја доби првата битка и веќе одработи два тренинзи во Мелбурн, меѓутоа се чека конечната одлука од министерот за емиграција на Австралија. Се уште не е познато дали Ѓоковиќ ќе добие зелено светло, но организаторите на два дена до ждрепката го потврдија Новак како носител на истата.

Втор носител е Данил Медведев, потоа следуваат Зверев, Циципас, Рубљов и Надал.

Помеѓу дамите ностелка е Ешли Барти која е и најдобра на ВТА листата. Зад неа високо котираат Сабаленка и Мугуруза.


Мбапе: Бензема го заслужува ова што го доживува

Напаѓачот на Пари Сен Жермен и на Франција, Килијан Мбапе, го сподели мислењето за ѕвездата на Реал Мадрид, Карим Бензема.

„Тој заслужува се што доживува сега. Карим е одличен фудбалер, остави белег во историјата на Реал и исто така се врати во француската репрезентација со големи чекори. Сите сме среќни што го гледаме назад“, вели Мбапе за неговиот соиграч од репрезентацијата на „триколорите“.

Бензема кој беше суспендиран од француската селекција на ЕП 2016, чекаше цели четири години за повторно да го облече дресот на „Галските петли“.


Јувентус во преговори со Лион за доведување на Гимараеш

Екипата на Јувентус започнала преговори со францускиот Лион околу можен ангажман на Бруно Гимараеш.

24-годишниот Бразилец Гимараеш, игра на позицијата дефанзивен играч за врска и има одлична сезона во екипата на Лион.

Единствен посериозен проблем за реализација на овој трансфер претставува високата сума која ја бара Лион, а се шпекулира дека таа изнесува 45 милиони евра.

Гимараеш е потенцијален сениорски репрезентативец кој досега ги помина сите категории во селекциите на Бразил.


Фиорентина отфрли можност за купување на Иско

Спортскиот директор на Фиорентина, Даниеле Праде, го негираше интересот на италијанскиот клуб за играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Иско.

„Ние во никој случај нема да го купиме Иско. Фиорентина не знае ни кои се неговите агенти“, изјави Праде..

Претходно медиумите објавија дека Фиорентина е заинтересирана за потписот на 29-годишниот шпански играч за врска, чиј договор со актуелниот клуб истекува ова лето. Иско игра за Реал Мадрид од 2013 година, а во овој период освои 16 трофеи со тимот. Фудбалерот оваа сезона на теренот мина 183 минути во девет натпревари од шпанското првенство, постигнувајќи еден гол.


Шкендија се засили со Клисман Цаке од Струга

Актуелниот шампион во македонската Прва лига, екипата на Шкендија ја засили одбраната со доведување на Клисман Цаке од Струга Трим Лум.
Според договорот, 22- годишниот Цаке ќе остане во екипата од Тетово во наредните три и пол години. Пред да пристигне во Македонија, дефанзивецот настапуваше за тимот на Тирана од Албанија.
Шкендија е доста активна на фудбалскиот пазар овој период. Пред трансферот на Цака, тетовчани ги доведоа и Ферхан Хасани, играчот од Бразил, Месалао, како и Михаил Маневски.