feature

Турчинот Челик го менува Лил со Рома

Фудбалерот, Мехмед Челик, го напушти составот на Лил и се пресели во редовите на Рома.

Целиот трансфер е во висина од 7 милиони евра со тоа што францускиот тим ќе добие и одреден процент од наредната продажба на фудбалерот.

Десниот бек е третото ново име кај Римајните кои претходно ги обезбедија услугите на голманот Свилар и на Матиќ.


Кошаркарот Весели се пресели во Барселона

Чешкиот кошаркар Јан Весели својата кариера ја продолжува во екипата на Барселона. 

32-годишниот Весели претходните осум сезони ги помина во турскиот шампион Фенербахче. Тој со тимот од Барселона потпиша договор на три години.

Весели е поранешен играч на Партизан, како и на НБА тимовите Денвер и Вашингтон.


Уапсен кошаркарот на Шарлот, Мајлс Бриџис

Мајлс Бриџис, кошаркар на Шарлот Хорнетс, беше уапсен во средата во Лос Анџелес поради семејно насилство.

Според „ТМЗ Спорт“, односно нивни извори од полицијата, неидентификувана жена побарала болничка помош откако расправија во вторник прераснал во физичка пресметка.

Во текстот понатаму се наведува дека 24-годишниот кошаркар сам се пријавил и си заминал од притвор со кауција од 130 илјади долари.

Бриџис пристигна во НБА пред четири години кога беше избран на 12. место на драфтот од Лос Анџелес Клиперс, кои го проследија во Шарлот.

Во текот на претходната сезона особено се проби, со просек од 20 поени и седум скока по натпревар.


Витиња е првото летно засилување на ПСЖ

Од Париз Сен Жермен соопштуваат дека нов играч на клубот е португалскиот репрезентативец Витиња. Тој во Париз пристигна од Порто и потпиша договор на пет години.

Клубот од Париз не наведува финансиски детали, но медиумите наведуваат дека се работи за трансфер вреден околу 40 милиони евра.

22-годишниот Витиња има запишано три настапи за репрезентацијата на Португалија. Витиња е првото засилување на ПСЖ во овој преоден рок.


Познати се групите од новата сезона во ракометната Лига на шампиони

На ждрепката која се одржа во Виена, Европската ракометна федерација ги одреди групите во Лигата на шампионите за наредната сезона. Како што е познато Македонија сезонава што следува нема да има свој претставник во ЛШ поради одлуката за исфрлање на Вардар 1961 од натпреварувањето. Единствен македонски претставник во ЛШ останува голманот на Порто, Никола Митревски.

Група А: ПСЖ, Магдебург, ГОГ Гудме, Порто, Динамо Букурешт, Веспрем, Висла Плок, ППД Загреб.

Група Б: ПИК Сегед, Барселона, Целје, Киелце, Кил, Нант, Елверум, Алборг.

Новата сезона во најпрестижното ракометно натпреварување започнува на 15. и 16. септември.


Олимпик Марсеј ќе го откупи Гендузи, Арсенал добива 10 милиони

Олимпик Марсеј постигна договор со лондонски Арсенал за целосен трансфер на францускиот играч за врска Матео Гуендузи во нивните редови, објави познатиот инсајдер Фабрицио Романо.

Според Романо, договорот меѓу клубовите бил целосно официјализиран уште во март и веќе се е договорено, а сумата за откуп на играчот ќе биде околу 10 милиони евра. Минатата сезона 23-годишниот француски фудбалер му се приклучи на Марсеј на позајмица за една сезона. Договорот вклучуваше и опција за последователен откуп, што тие ја искористија. Матео им се приклучи на Топџиите во 2018 година, откако претходно играше за Лориент.

Потоа играчот помина една сезона на позајмица во Херта. Како дел од берлинскиот тим, Гуендузи учествуваше на 24 натпревари од германската Бундес лига, на кои постигна два гола, даде една асистенција и доби пет жолти картони.


Дурант побара трејд, Мајами фаворит за неговиот потпис

Кевин Дурент предизвика тектонски потрес во НБА лигата, бидејќи еден од најдобрите играчи на ова натпреварување побара да си замине од Бруклин Нетс.

Како што пренесуваат и двајцата „инсајдери“, Шемс Чаранија од „Атлетик“ и Адријан Војнаровски од „ЕСПН“, Дурант официјално побарал и доставил барање за трејд од тимот од Њујорк. Уште не е познато каде ќе игра следната сезона, но двајца фаворити излегоа во преден план.

Првата „идеална дестинација“ за Дурент е Мајами Хит. Тимот од Флорида сака да ги спои него и Џими Батлер, што треба да биде доволно за чекор напред и борба за титулата.


Ричарлисон е нов играч на Тотенхем

Тотенхем објави дека бразилскиот напаѓач Ричарлисон и официјално е нов играч на лондонскиот клуб.

Ричарлисон потпиша петгодишен договор, и се пресели во екипата на Тотенхем после четири години поминати во Евертон.

Англиските медиуми пренесуваат дека целиот трансфер е вреден 60 милиони фунти. Бразилскиот напаѓач во Премиер лигата на вкупно 173 настапи за Евертон и Ватфорд постигна 48 гола.

Ричарлисон е четврт нов играч во Тотенхем во овај преоден рок после голманот Форстер, Иван Перишиќ и Ив Бисума.


Педри ја грабна осумката на Иниеста во Барса

Талентираниот играч за врска на Барселона, Педри избра нов број за следната сезона.

Талентираниот играч за врска на Барселона, Педри избра нов број за следната сезона.

19-годишниот плејмејкер го избра „осумката“ која има легендарен статус на „Камп Ноу“.

Во првите две сезони на „Камп Ноу“ тој го носеше дресот со број 16, но после заминувањето на Дани Алвеш одлучи да ја земе „осумката“.

Дресот со овој број беше носен од многу легенди на Барселона како Христо Стоичков и Андрес Иниеста, а сега таа чест ќе ја има Педри.

19-годишниот плејмејкер го избра „осумката“ која има легендарен статус на „Камп Ноу“.
Во првите две сезони на „Камп Ноу“ тој го носеше дресот со број 16, но после заминувањето на Дани Алвеш одлучи да ја земе „осумката“.
Дресот со овој број беше носен од многу легенди на Барселона како Христо Стоичков и Андрес Иниеста, а сега таа чест ќе ја има Педри.


Нов светски рекорд на Арманд Дуплантис

Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис постави нов светски рекорд во скок со стап на отворено.

Најдобриот скокач со стап на денешницата, успеа да го собори сопствениот рекорд кој сега изнесува 6.16 метри. Дуплантис новиот рекорд го забележа пред домашната публика на атлетскиот митинг од Дијамантската лига во Стокхолм.

Претходниот најдобар резултат на Дуплантис изнесуваше 6.15 и беше остварен во март 2020 година.