feature

Лацио го враќа Лукас Тореира во Серија А

Лацио склучил договор со Арсенал за да го донесе Лукас Тореира како ново засилување во тимот на Маурицио Сари.

Преговорите веќе беа во тек неколку дена, а според последните гласини трансферот може да се смета за завршена работа.

Уругвајскиот репрезентативец оваа сезона ја помина на позајмица кај Атлетико Мадрид и нема намера да се врати во Лондон. Тој забележа само 26 настапи за шампионот во Ла Лига, придонесувајќи со еден гол и една асистенција.

Се очекува Лацио да го позајми со обврска да го купи за околу 15-20 милиони евра следната сезона.


Уште еден тренер го одби Тотенхем!

Наскоро ќе се навршат полни три месеци откако Тотенхем бара наследник за Жозе Мурињо, а во меѓувреме уште еден тренер го одби тој клуб.

Се работи за тренерот на Севиља, Хулен Лопетеги, на кого Тотенхем наводно нудел „вртоглав“ износ, но тој ја одбил понудата. Таа вест ја изнесе претседателот на шпанскиот клуб, Хозе Кастро.

„Хулен ми се јави и ми кажа. Рече дека имал понуид, но не ги слушал. Тука беше и вртоглавата понуда на Тотенхем. Ми рече дека не заборава и дека е мотивиран овде. Му верувавме и му веруваме, му дадовме нов двегодишен договор и сигурен сум дека ќе донесе уште многу успеси на клубот. Секој ден ги гледаме неговите способност и лидерски вештини. Некои тренери се водат само од економски причини, но Хулен беше дециден и среќен е овде. Рече дека тешко ќе пронајде подобро место за работа.“ – рече Кастро.

Тотенхем претходно се обидуваше да доведе разни тренери, но се уште не успеа во намерата. Пробаа со Маурисио Покетино, Антонио Конте, Пауло Фонсека, Џенаро Гатузо и други бројни стручњаци, а сега на таа листа е додаден и Лопетеги.


Аргентинецот Николас Гонзалез потпиша за Фиорентина

Фиорентина го потврди доаѓањето на крилниот играч на Штутгарт, Никoлас Гонзалес.

Аргентинецот со Фиорентина потпиша договор на пет години според кој ќе заработува 2.7 милиони евра. На германскиот клуб ќе му припаднат 23 милиони евра и уште четири преку разни бонуси.

Брајтон беше сериозно заинтересиран за Гонзалес и овој клуб беше блиску до договор, но на крајот тој ја отфрли можноста да премине во англискиот клуб.

23 годишниот фудбалер минатата сезона одигра 17 натпревари за Штутгарт и постигна шест голови, а подели и две асистенции.


Бројните изненадувања продолжуваат – Евротип караванот низ цела Македонија!

Возбудувањата на Европското првенство се чини дека полека, но сигурно, земаат замав. Заврши групната фаза во која покрај тоа што ги бодревме македонските репрезентативци во нивниот историски успех и пласман на големото натпреварување, имавме можност да сведочиме на бројни интересни натпревари и убави погодоци!

По успешните акции во поголемиот дел од државата, по дводневна пауза во која нема натпревари од Европското првенство, караванот на Евротип продолжува во сабота во Куманово. Потоа, акцијата продолжува наредниот ден во Кавадарци, во понеделник следи Крушево, а на 29.06 Евротип караванот ќе биде во Штип!

Голем број на љубители на фудбалот и обложувањето се приклучија, навиваа со нас и се забавуваа со Евротип караванот, па искористете ја и вие приликата за следење на натпреварите од Европското првенство заедно со нас и истовремено да освоите некоја од наградите и големите изненадувања кои Евротип ги подготви за Вас.

Повелете во Спорткафе терасите на Eвротип заедно да го проследиме ова историско Европско Првенство во фудбал, бодрете ја вашата омилена репрезентација и обложувајте се со најдобрите услови и квоти кои ќе ги најдете само во Евротип!

Бројните изненадувања продолжуваат, бидете заедно со нас!


Хаџер е новиот клуб на Ѓоко Хаџиевски во Саудиска Арабија

Македонскиот фудбалски стратег и поранешен селектор, Ѓоко Хаџиевски и официјално ја потврди соработката со екипата на Хаџер од Саудиска Арабија.

Тој потпиша едногодишен договор со клубот кој има за цел пласман во елитата на саудискиот шампионат.

Минатата сезона Хаџиевски беше на чело на екипата на Емирати Клуб во ОАЕ.


Словаците без првата ѕвезда во „балонот“ во Скопје

Олег Мелешченко, селекторот на репрезентацијата на Словачка, еден од нашите противници на претквалифиакцискиот турнир за Светскиот Куп 2023 година, го објави поширокиот список на кандидати за средбите во „балонот“ кој од 12. до 18.август ќе се одржи во Скопје.

На поширокиот список на играчи, се најдоа и искусни, но и нешто помлади кошаркари кои ќе ја бараат својата шанса за настап на претквалификацискиот турнир.

Менаџерот на тимот на Словачка, Мирослав Паленик го претстави изборот:

„После неодамнешниот камп на кој беа поканети 21.играч, селекторот Олег Мелешченко одлучи да направи поширока листа на  кандидати за активностите каи ќе ги имаме во текот на ова лето. На списокот има 24. кошаркари. Поради здравствени проблеми, испаднаа три имиња: Борис Бојановски, Михал Чековски и Виктор Јуришек. По паузата, на 6 јули ќе поканиме само шеснаесет играчи на собирот. А конечните 12 играчи кои ќе патуваат во Скопје, ќе го имаме на 9 август“ – појасни Паленик.

Во групата на кошаркари на која сметаат селекторот Мелешченко и неговите помошници Михал Мадзин и Марош Хелмеси, го нема најзвучното име, играчот кој беше составен дел од тимот во изминатиот период, Кајл Кјурик.  

Натурализираниот Словак со американски пасош, кој настапува за шпанскиот првак Барселона, нема да биде дел од овој летен циклус на претквалификации за Мундобаскетот. 


Дешамп: Мора да се опоравиме, турнирот започнува сега

Франција во последниот натпревар од групната фаза ремизираше со Португалија со резултат 2:2. Со тоа, ја задржа првата позиција во групата, па во осминафиналето ќе игра против Швајцарија.

Селекторот Дидие Дешамп беше задоволен со расплетот. „Беше тоа голема борба и не беше нималку едноставно. Им подаривме два гола од грешки. Се обидовме да победиме, не ни беше сеедно. На врвот сме во групата, а тоа е најдобра позиција. Треба тоа да го цениме и да се опоравиме. Сега започнува сосема нов турнир.“ – изјави Дешамп.

Францускиот стручњак оствари голем успех, ова за него е четврт голем турнир на кој со репрезентацијата е на првото место во групната фаза.

Титулата за играч на натпреварот ја понесе Карим Бензема, кој постигна два погодоци.

„Никогаш не се сомневав во себе. Знаев дека очекувањата се големи и драго ми е дека се покажав во вистинско светло.“ – заклучи напаѓачот на Реал Мадрид.


Ливерпул не го пушта Салах на Олимписките игри

Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах сака да патува со Египет на овогодишните Олимписки игри во Токио. На фудбалскиот турнир таму може да учествуваат само играчи до 23 години, но дозволено е да има три кои ја надминуваат таа возраст. Египет сака тоа да бидат Салах и Мохамед Елнени од Арсенал, кои и самите сакаат да патуваат за Токио.

Проблемот е што Ливерпул не планира да го пушти Салах, затоа што фудбалскиот турнир на Олимписките игри трае од 22 јули до седми август, додека Премиер лигата почнува на 13-ти август. Салах така би ги пропуштил целите подготовки, а можеби и стартот на сезоната, што на клубот од Англија никако не им се допаѓа. Дополнителен проблем е и Африканскиот куп на нации, кој се игра во јануари 2022. година, а таму ќе оди Салах, па за Ливепрул би бил преголем удар да го загуби својот играч во два наврати во една сезона.

Претседателот на фудбалската федерација на Египет, Ахмед Мегахед потврди дека тие се во разговори со Ливерпул и дека ќе се обидат да го наговорат Ливерпул да му даде дозвола на Салах да игра во Токио, но тоа засега е без успех.


Роналдо го израмни рекордот на Али Даеи

Напаѓачот на Португалија, Кристијано Роналдо, со двата гола на синоќешниот меч против Франција, успеа да го израмни светскиот рекорд по број на постигнати голови во националниот тим.

Ѕвездата на Јувентус синоќа стигна до бројката од 109 гола во дресот на Португалија, со што го израмни рекордот на Иранецот Али Даеи кој досега беше единствен на врвот на оваа листа.



Франција и Германија се фаворити на Конте за европски првак

Италијанскиот тренер Антонио Конте  потенцира дека постојат четири фаворити за титулата и не очекува изненадување на Европското првенство. Тој не ја вброи Англија меѓу земјите кои треба да се борат за посакуваниот трофеј.

„Мислам дека никој од аутсајдерите нема шанси да го освои првенството. Најсериозни кандидати се Франција и Германија поради составите со кои располагаат и искуството. Тука е Белгија под услов Де Брујне и Витсел да играат во топ форма и секако Италија. Нашите репрезентативци покажаа континуитет и самодоверба, нема љубомора во тимот затоа што некој игра а друг не, заедништвото е многу значајно ако сакате да освоите таков турнир“, изјавил Конте.