feature

Барселона се вклучува во битката за потписот на Чуамени од Монако

Екипата на Барселона е уште еден клуб кој пројави интерес за играчот од средниот ред на Монако, Аурелиен Чуамени.

Чуамени кој веќе станува редовен репрезентативец на Франција, импресионира со своите игри за клубот во Лига 1.

Барса има намера да го подобри квалитетот на дефанзивата во средниот ред на тимот и поради тоа ќе се обиде да го доведе 22-годишниот фудбалер во летниот трансфер период.

Договорот на Чуамени со Монако истекува во 2024 година, и за него освен Барселона, заинтересирани се и гигантите Реал Мадрид, Челзи и Манчестер Јунајтед.


ПСЖ влегува во трка за Осман Дембеле

Откако стана јасно дека преговорите меѓу Осман Дембеле и раководството на Барселона за нов договор пропаднаа, многу европски гиганти сакаат да ја искористат ситуацијата.

Дембеле во јануари одби да ја напушти Барселона, но ги одби сите понуди за продолжување на соработката, па на лето ќе замина како слободен агент.

Иако неколку европски клубови се заинтересирани за Дембеле, сепак најконкретен е Пари Сент Жермен, кој започнал преговори со агентот на Французинот.

ПСЖ во Дембеле гледа идеална замена за Ди Марија, кој сигурно заминува на лето, а и иднината на Мбапе е неизвесна.

Наводно „светците“ се спремни да ги задоволат финансиските барања на Дембеле, односно 20 милиони евра нето по сезона и 20 милиони евра бонус при потпис на договорот.


Санкции, но не и исклучување за руските и белоруските тенисери

Руските и белоруските тенисери ќе можат да играат на турнири организирани од АТП и ВТА, но под неутрални знамиња, објавија тие организации.

Според соопштението, руските и белоруските тенисери до дополнително известување ќе играат во таков статус на Грен слем турнирите. Играчите од Русија и Белорусија ќе продолжат да се натпреваруваат на меѓународните тениски турнири, но ќе мора да играат под неутрални симболи, без знамиња и химни, до понатамошно известување“, се вели во соопштението.

АТП и ВТА претходно го откаж Купот на Кремљ, кој беше закажан за октомври, а Меѓународната тениска федерација го суспендираше членството на Тениската федерација на Русија и Тениската федерација на Белорусија во нејзините органи.


Ерик тен Хаг би ја прифатил евентуалната понуда од Манчестер Јунајтед

Англискиот весник Дејли Мејл пренесува дека тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг, веќе зема часови по англиски јазик пред започнувањето на неговите преговори со Манчестер Јунајтед. 

Според информациите 52-годишниот Холанѓанец веќе донел одлука да го напушти Ајакс по завршетокот на сезоната и е подготвен да ја прифати евентуалната тренерска понуда од „Олд Трафорд“. 

Тен Хаг е еден од главните кандидати да го замени Ралф Рангник на клупата на „црвените ѓаволи“. Другиот сериозен кандидат е тренерот на Париз Сен Жермен, Маурицио Почетино. Најнова информација е дека и тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти би можел да биде еден од претендентите за клупата на Јунајтед.


Баерн сака млад талент на Нотингем Форест

Баерн Минхен покажал интерес за Џед Спенс. Германскиот шампион испратил скаути на последните натпревари на Нотингем Форест за да го следат дефанзивецот. Спенс во редовите на англиските тим настапува како позајмен фудбалер.

Покрај Баерн се потенцира дека Спенс го следат уште неколку германски клубови меѓу кои Борусија Дортмунд, Баер Леверкузен и Лајпциг, како и уште неколку англиски. Со Спенс во јануари се поврзуваа Тотенхем и Арсенал, но сепак до посериозни преговори не дојде.


Тимо Вернер ќе биде нов фудбалер на Борусија Дортмунд?

Екипата на Борусија Дортмунд го посочува напаѓачот на Челзи и германската репрезентација,Тимо Вернер, како можна замена за Ерлинг Халанд, кој се очекува да го напушти клубот ова лето. 

Сепак, според информациите од Скај Германија, челниците на Дортмунд сеуште не започнале конкретни преговори со клубот од Лондон.

Вернер пристигна на Стемфорд Бриџ од РБ Лајпциг за 53 милиони евра, и има договор до 2025 година при што заработува 16 милиони евра по сезона. Висината на неговата плата може да биде проблематична доколку црно-жолтите од Дортмунд тргнат во трансфер на Германецот.

Вернер се соочува со големи потешкотии во својата игра за Челзи, и се чини дека никако да се адаптира на стилот на игра во Премиер лигата. Тој досега има постигнато само 7 гола на 46 лигашки натпревари.


Верстапен го продолжи договорот со Ред Бул до 2028 година

Формула 1 тимот на Ред Бул и Макс Верстапен ја потврдија новата соработка до 2028 година. Тоа значи дека Холанѓанецот уште долго време ќе го вози болидот на австриската екипа во Формула 1 шампионатот.

Најголемиот успех на Ред Бул и верстапен беше она што се случуваше минатата сезона, кога холандскиот пилот ја доби битката со Луис Хамилтон и ја освои шампионската титула.

„Навистина уживам што сум дел од Ред Бул, па изборот да останам до 2028 година беше лесна одлука. Го сакам овој тим и минатата година беше едноставно неверојатна. Нашата цел откако се здруживме во 2016 година беше да го освоиме шампионатот и го направивме тоа, па сега е да го задржиме број еден на болидот долгорочно“ , истакна Верстапен.


Феран Торес: Цел на Барселона е освојување на Лига Европа

Екипата на Барселона, во последно време настапува во извонредна форма, и новиот напаѓач на тимот ги истакнува амбициите на клубот до крајот на сезоната.

Барселона веќе нанижа три победи по ред на кои постигна по четири голови. Торес на „Камп Ноу“ пристигна во зимскиот преоден рок од Манчестер Сити, и засега на девет натпревари постигна два гола.

„Ние сме голем клуб и мислам дека ситуацијата во Барселона е многу подобрена. Спремни сме да направиме чекор напред и да оствариме добри резултати. Мислам дека имаме реални шанси да стигнеме доста далеку во Лига Европа, па дури и да ја освоиме истата“, истакнува 22-годишниот Торес.


Русија и руските екипи тргнати од видео играта FIFA 22

Компанијата за електронски игри „Electronic Arts“ преку својот Твитер профил објави дека ќе ја отстрани руската репрезентација и сите руски клубови од една од своите најпродавани видео игри „FIFA“ и нејзиното најново издание „FIFA 22“.

Истата компанија поседува и ексклузивна лиценца за хокеј игри, па Русија ќе биде отстранета и од играта „NHL 22“.

„Во солидарност со украинскиот народ како и многу луѓе ширум светот, EA Sports сака итен прекин на инвазијата врз Украина и повикува на мир“, соопштуваат од компанијата.


Иско ќе го замени Реал Мадрид со Севиља

Шпанските медиуми пренесуваат дека играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Иско се согласил да ја засили Севиља по крајот на сезоната. Договорот на Иско со тимот од Сантијаго Бернабеу истекува ова лето.

29-годишниот шпански фудбалер веќе има соработувано со тренерот на Севиља Лопетеги во репрезентацијата на Шпанија како и за време на краткиот престој на тренерот во Реал.

Иско е член на Реал Мадрид од 2013 година каде пристигна од екипата на Малага.