feature

Седлоски: Еден гол ни го распадна системот, Данска ги казни сите слабости

Селекторот на македонската репрезентација, Гоце Седлоски, отворено по убедливиот пораз од Данска во Копенхаген, во полуфиналето од баражот за Светското првенство 2026.

Тој посочи дека пресвртниот момент на натпреварот бил раниот погодок на противникот на стартот од второто полувреме, по кој тимот целосно ја изгубил рамнотежата.

„Првото полувреме го одигравме дисциплинирано и бев задоволен од тоа како изгледавме. На паузата потенцирав да бидеме внимателни во воведните минути од продолжението, но токму тогаш примивме гол. Тоа нè исфрли од ритам и потоа тешко се вративме во игра“, изјави Седлоски.

Селекторот истакна дека противникот ги казнил слабостите на кои претходно предупредувал.

„Ова е тежок удар за нас. Данска доаѓаше до голови преку крилата, нешто што го анализиравме и се обидувавме да го затвориме. Нивните бекови постојано создаваа бројчена предност и ни правеа големи проблеми во одбраната“, додаде Седлоски.


Косово ја освои Братислава и дојде на чекор до Мундијалот

Soccer Football – FIFA World Cup – UEFA Qualifiers – Semi Final – Slovakia v Kosovo – National Football Stadium, Bratislava, Slovakia – March 26, 2026 Kosovo’s Fisnik Asllani celebrates scoring their second goal REUTERS/Radovan Stoklasa

Репрезентацијата на Косово го оствари најголемиот успех во својата историја откако денеска обезбеди пласман во финалето од баражот за Мундијалот.

На гостувањето во Словчака, Косовците славеа со 4-3 и сега се на чекор до сонот кој остана неотсонуван за многу генерации фудбалери и навивачи, вклучувајќи ги и македонските. Во клучниот меч, Косово ќе се сретне со Турција и победниот од тој натпревар ќе настапи на претстојниот Мундијал.

До триумфот, Косово стигна благодарение на фантастичното второ полувреме откако по првото, Словачка водеше со 2-1. Аслани израмни, Муслија и Хајризи се погрижија со 4-2, а Стрелец во судиското продолжение го постави конечниот резултат. Со денешната победа, косовските репрезентативци заработија 500 илјади евра, а ако ја победат Турција имаат еден милион.

Италија лесно си ја заврши работата, со 2-0 ја победи Северна Ирска. Головите ги постигнаа Тонали и Кин.


Франција го надигра Бразил во тест меч во Бостон

Франција го победи Бразил со 2-1 во пријателски натпревар одигран во Фоксборо, во близина на Бостон.

Натпреварот започна со мајсторијата на Килијан Мбапе, кој избега од одбраната на „кариоките“, а потоа ја „боцна“ топката преку Едерсон.

Работите се искомплицираа за „триколорите“ во 55-та минута, кога Дајо Упамекано доби директен црвен картон, поради груб старт врз Весли Франко, како последен играч.

Тоа не ги спречи Французите да го удвојат водството само 10 минути подоцна. Одлична транзиција, асистенција од Михаел Олисе за Уго Екитике.

Во 78-та минута, Бремер беше најснаодлив во шеснаесетникот на Франција, а истиот играч имаше волеј за израмнување во судиското продолжение, но овој пат беше непрецизен. Винисиус исто така имаше одлична шанса во судиското продолжение, но немаше промена на резултатот.

Бразил го очекува натпревар против Хрватска на 1 април, додека Франција ќе игра против Колумбија два дена порано.


Исланѓанецот Смарасон потпиша за Барса

Барселона официјално постигна договор со Јанус Смарасон за трансфер кој ќе стапи на сила од летото и ќе трае до 30 јуни 2029 година.

Смарасон зад себе има богато интернационално искуство, настапувајќи во неколку силни европски шампионати, вклучувајќи ги Германија, Унгарија, Данска и Норвешка, каде што остави значаен белег со своите настапи.

31-годишниот Смарасон доаѓа од ПИК Сегед, а настапуваше и за Магдебург, Колштад, Гепинген, Алборг, Хаукар и Селфос.


Данска ја декласира Македонија во баражот на „Паркен“

Македонската фудбалска репрезентација нема да игра на идното Светско првенство во САД, Мексико и Канада, откако во полуфиналниот бараж вечерва беше убедливо поразена и елиминирана од Данска со 4-0.

Лошо второ полувреме имаа фудбалерите на Македонија, откако по првиот дел немаше голови, а потоа Данците брзо дојдоа до предност од 3-0, за само 10 минути.

Најпрво во 49. минута Дамсгард една одбиена топка ја спроведе во голот. Следуваа два гола во една минута на Исаксен. Првиот во 58. минута на асистенција на Дамсгард, а потоа минута подоцна одбиената топка ја смести во голот на Димитриевски.

Конечните 4-0 ги постави Норгард во 76. минута, откако по нафрлена топка Конечните 4-0 ги постави Норгард во 76. минута, откако по нафрлена топка од корнер на Ериксен, со глава ја спроведе топката во македонскиот гол.


Момците на Лазаров ќе ги почнат квалификациите против Грција

Македонските ракометари добија поволна група, во која ќе играат со еден гигант и два аутсајдери. Шведска е голем фаворит во групата, а преки Грција и Луксембург треба да се избориме за пласман на шампионатот во Шпанија, Португалија и Швајцарија.

Македонија ќе ги почне и ќе ги заврши квалификациите на домашен терен.

Квалификации за ЕП 2028:
Прво коло – 5/6 ноември 2026, Македонија – Луксембург
Второ коло – 8/9 ноември 2026, Грција – Македонија
Трето коло – 10/11 март 2027, Македонија – Шведска
Петто коло – 5/6 мај 2027, Луксембург – Македонија
Шесто коло – 9 мај 2027, Македонија – Грција

Првопласираните и второпласираните селекции од секоја група во квалификациите ќе обезбедат место на Европското првенство во 2028 година, како и четирите најдобри третопласирани репрезентации.

1 allegato

Scarica
Screenshot Capture – 2026-03-27 – 00-50-23.png
Screenshot Capture – 2026-03-27 – 00-50-23
.png
PNG · 707,1 KB


Македонија ги доби Грција, Шведска и Луксембург во евро-квалификациите

Македонската ракометна репрезентација ги дозби противниците во квалификациите за пласман на Европското првенство 2028 година кое ќе се одржи во Шпанија, Португалија и Швајцарија.

Нашите ракометари ждрепката ја дочекаа од вториот шешир, и добија интересна група, против јужниот сосед Грција, аутсајдерот Луксембург, како и фаворитот Шведска.

Група 1: Хрватска, Холандија, Финска, Литванија,
Група 2: Норвешка, Австрија, Турција, Грузијa
Група 3: Исланд, Србија, Eстонија, Украина
Група 4: Унгарија, Фарски Острови, Косово, Црна Гора
Група 5: Словенија, Чешка, Израел, БиХ
Група 6: Франција, Полска, Летонија, Романија
Група 7: Германија, Италија, Словачка, Белгија
Група 8: Шведска, Македонија, Луксембург, Грцијa

Првопласираните и второпласираните селекции од секоја група во квалификациите ќе обезбедат место на шампионатот, како и четирите најдобри третопласирани репрезентации.


Тотенхем ќе го стави Ромеро на трансфер-листа

Тотенхем е подготвен да го отпушти дефанзивецот Кристијан Ромеро во друг тим во летниот преоден рок во 2026 година.

Според „Фудбал Инсајдер“, ставот и посветеноста на 27-годишниот Аргентинец во последните натпревари со тимот се опишани како срамни.

Во последните месеци, капитенот на Тотенхем јавно го напаѓаше тимот, кој, заедно со серијата лоши настапи, не направи ништо за да помогне.

Ромеро во сезоната 2025/26, постигна шест гола и имаше четири асистенции во 31 натпревар. Неговиот договор важи до 30 јуни 2029 година. Фудбалерот е во Тотенхем од август 2022 година.

„Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 50 милиони евра.


Седлоски одбра за Данска: Без Костадинов и уште тројца прекубројни

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, ги одреди 23-та фудбалери на кои ќе смета за вечерашниот историски бараж против Данска во Копенхаген.

Од вкупно 27 повикани играчи кои допатуваа во данската престолнина, четворица ќе мора да го следат натпреварот од трибините на стадионот „Паркен“.

Немаше многу дилеми околу изборот и Решат Рамадани, Имран Фетаи, Лука Станковски и Тихомир Костадинов.


Леао негира дека е во лоши односи со Алегри

Напаѓачот на Милан, Рафаел Леао, ги негираше информациите на социјалните мрежи дека на тренинг се расправал со тренерот, Макс Алегри.

Португалскиот интернационалец делуваше луто кога беше заменет на дербито со Лацио а потоа беше отстранет од составот за мечот против Торино со објава дека е повреден.

Медиумите, пак, објавија сосема поразлична информација дека тренерот не бил задоволен од вложувањето на Леао на тренингот и затоа не го ставил на списокот за мечот со „биковите“.