feature

Мојс: Разликата меѓу Евертон е Челзи е една милијарда фунти!

Челзи на „Стемфорд Бриџ“ сигурно го совлада Евертон со 2:0 во рамките од 16. коло на Премиер лигата. Головите за лондонскиот тим ги постигнаа Кол Палмер во 21. и Мало Густо во 45. минута, со што „сините“ се искачија на четвртото место на табелата, кое води во Лигата на шампионите.

И покрај поразот, Евертон не е далеку зад Челзи и има само четири бода помалку.

По натпреварот, на прес-конференцијата новинарите го прашаа менаџерот на Евертон, Дејвид Мојс, која е разликата меѓу неговиот тим и Челси. Одговорот беше краток и духовит:

„Една милијарда фунти“, рече Мојс со насмевка.

Според „Трансфермаркт“, вкупната вредност на тимот на Евертон изнесува околу 400 милиони евра, додека ростерот на Челзи е проценет на дури 1,18 милијарди евра


Македонија ЃП водечка по првиот дел од сезоната во пионерската Суперлига

Во последниот натпревар од првиот дел на сезоната во пионерската Суперлига, Македонија ЃП ја совлада Брегалница со 4-2 и на пауза заминува како водечка екипа во шампионатот.

Гостите од Штип имаа предност од 2-0, но сепак на крајот пионерите на Македонија ЃП направија пресврт и стигнаа до трите бода кои има ја обезбедија првата позиција.

Брегалница поведе преку Ванчо Кочубов во 16. минута. Во 34. Антонио Арсов зголеми на 2-0, а во последните секунди од првиот дел Лука Лазаревски ја намали предноста на противникот.

Во 58. минута Марко Стојановски израмни на 2-2, а само четири минути подоцна Таха Намик Менга го постигна третиот гол за домаќинот. Конечните 4-2 ги постави Лазаревски во 79. минута повторно се запиша меѓу стрелците за триумф на Македонија ЃП.

По 15. коло составот од Ѓорче Петров има 40 бода, два повеќе од Шкендија Тетово додека трет со 36 е Пелистер. Првиот дел од сезоната на четвртото место го заврши Работнички со 34 бода додека петтопласираниот Вардар освои 33.

Најефикасен играч во есенскиот дел од шампионатот е Алек Трпковски од Работнички кој 14 пати ги совладал противничките голмани, а погодоци постигнаа Петар Гулигаровси (Пелистер), Васко Папалиски (Скопје), Ерион Салихи (Башкими)и Стефан Војчески (АП Брера).

Првенството продолжува по двомесечната пауза и се пролетниот дел треба да почне кон крајот на февруари следната година.


Панчев: За балканските клубови идеално натпреварување е Лига Европа

Македонската фудбалска легенда,, Дарко Панчев, смета дека европските настапи во Лигата на Европа се далеку пореална и поисплатлива опција за клубовите од Балканот, отколку обидите за наметнување во Лигата на шампионите, каде што јазот во квалитет, според него, е преголем.

„Ако сме фудбалски реални и објективни, за сите балкански клубови – не само за Црвена звезда и Партизан, туку и за Динамо, Хајдук и другите, многу е подобро и покоректно да играат во Лигата на Европа. Тука квалитетот е на ниво што е поблиску до нашето и објективно имаме поголеми шанси да освојуваме бодови, да победуваме и да се радуваме“, истакна Панчев во изјава за ТВ Танјуг.

Панчев потенцира дека дури и пласман меѓу првите 24 екипи во второто по ранг европско натпреварување би претставувал значаен успех за Црвена звезда, додавајќи дека белградскиот клуб има реални изгледи да ја мине оваа фаза.

„Јас би бил задоволен Звезда да влезе меѓу првите 24. Имаме објективни шанси против Малме, кој има само еден бод и реално е без големи изгледи за пласман. Тоа треба да се искористи – да се одигра добро и да се освојат бод или три. Против Селта ќе биде многу потешко, шпанските екипи каде и да играат се силни и организирани“, изјави Панчев.


Викарио ќе го менува Зомер во Интер

Според италијанскиот весник „Газета дело Спорт“, Интер има голема желба да го замени Јан Зомер со голманот на Тотенхем, Гуљелмо Викарио.

Интер започна потрага по долгорочна замена за Зомер, а според информациите на весникот, прв „пик“ на „нероаѕурите“ е голманот на лондончани.

29-годишниот голман наводно ги исполнува сите критериуми што Интер ги наведе за нов, постојан прв избор на голман во следните неколку години. Моментално нема преговори меѓу Интер и Тотенхем, но се вели дека Италијанците ја подготвуваат стратегијата за тоа како договорот ќе биде реализиран.

Тотенхем има договор со Италијанецот до летото 2028 година.


Отказ за Франциско, Реал Сосиедад ќе добие нов тренер

Реал Сосиедад денеска му врачи отказ на досегашниот тренер на тимот, Серхио Франциско. Баскискиот клуб претрпе пораз од 2-1 на домашен терен од Џирона во петокот во 16-то коло од шпанското првенство, а претходно загуби три натпревари по ред во Ла Лига и се спушти на 15-то место со 16 бода.

Сосиедад објави раскинување на договорот со Франциско, кој претходно работеше во младинските тимови на Баскијците 11 години и го замени Иманол Алгуасил во првиот тим во летото.

Тимот до крајот на годината ќе го води тренерот на вториот тим, Џон Ансотеги.


Ван Дајк го кажа своето мислење во „случајот Салах“

Дефанзивецот на Ливерпул и капитен на тимот, Вирџил ван Дајк, проговори за ситуацијата со Мохамед Салах. По вчерашниот дуел и победата над Брајтон од 2-0, Холанѓанецот смета дека сите во клубот му даваат голема поддршка на Египќанецот.

„Сите се надеваме дека Салах ќе се врати и ќе биде важен за нас до крајот на сезоната. Од друга страна, сите знаеме дека во фудбалот тешко е да се предвиди иднината. Се надевам дека Мо ќе остане бидејќи тој е еден од лидерите и е многу важен за нас“, рече ван Дајк.


Јунајтед спремен да испрати понуда за Арда Ѓулер

Манчестер Јунајтед е еден од трите клубови од Премиер лигата кои покажуваат интерес за ѕвездата на Реал Мадрид, Арда Гулер, при што „црвените ѓаволи“ наводно воспоставиле контакт со играчот.

Според извештаите од Шпанија на Фичахес, за него се заинтересирани и Ливерпул и Арсенал. Турчинот кој има 20 години, се приклучи на Мадрид во летото 2023 година и има договор во шпанската престолнина до 2029 година.

Откако пристигна во клубот, има направено 83 настапи за Мадрид, постигнувајќи 15 голови и обезбедувајќи 18 асистенции. Оваа сезона, станал почесто стартер, при што 13 од неговите 16 настапи во Ла Лига се во почетниот состав.


Руни добивал смртни закани по преминот во Јунајтед

Поранешниот англиски фудбалски репрезентативец Вејн Руни обелодени дека добивал смртни закани кога во 2004 година го напушти Евертон за да се пресели во Манчестер Јунајтед.

Руни потпиша за Јунајтед на 18-годишна возраст во трансфер вреден 27 милиони фунти откако одби рекорден договор од Евертон. Неговата одлука предизвика жестоки реакции кај навивачите на клубот од Ливерпул.

„Добивав закани со смрт. Куќата на моите родители беше исчкртана со графити и оштетена. Куќата на мојата тогашна девојка, а сега сопруга, исто така, беше исчкртана со графити“, рече Руни во најновата епизода од „Шоуто на Вејн Руни“ кое се емитува на Би-Би-Си Спорт.

Руни истакна дека во тој период било клучно да се остане ментално силен

„Заминувањето беше тешко затоа што се преселив во Манчестер Јунајтед, а соперништвото меѓу Ливерпул и Манчестер беше огромно. Но, секогаш имав став: „Не ми е гајле“. Знаев што сакам и како да го постигнам тоа“, додаде тој.


Модриќ: Реднап е експерт, штета што не стана селектор на Англија

Поранешниот фудбалер од средниот ред на Тотенхем, Лука Модриќ, зборуваше за соработката со Хари Реднап во лондонскиот клуб.

„Во Тотенхем игравме еден од најубавите стилови на фудбал во Премиер лигата. Хари е вистински експерт, човек кој го разбира фудбалот. Мислам дека е неверојатно што никогаш не стана селектор на Англија. Тој беше совршено решение за генерацијата што ја имаа“, рече Модриќ во поткаст со Славен Билиќ.

Модриќ играше за Тотенхем од 2008 до 2012 година. Тој одигра 160 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 17 гола и давајќи 24 асистенции.

Четириесет годишниот Модриќ од Тотенхем отиде во Реал, каде остана до 2025 година. Сезонава е игра за Милан.


Фламенго пресилен за Пирамидс, ќе игра за интерконтиненталната титула против ПСЖ

Фудбалерите на Фламенго обезбедија пласман во финалето на Интерконтиненталниот куп, откако во полуфиналниот дуел одигран во Ал Рајан славеа победа од 2-0 над египетскиот Пирамидс.

Бразилскиот шампион, кој неодамна ја одбрани титулата во Јужна Америка, ја одлучи средбата со головите на Лео Переира во 24. минута и Данило во 52. минута од натпреварот.

Како освојувач на Копа Либертадорес, Фламенго на 17 декември ќе се соочи со европскиот шампион Пари Сен Жермен, кој директно избори пласман во финалето на Интерконтиненталниот куп.

Завршниот дуел ќе биде одигран во Катар.