feature

Модриќ: Реднап е експерт, штета што не стана селектор на Англија

Поранешниот фудбалер од средниот ред на Тотенхем, Лука Модриќ, зборуваше за соработката со Хари Реднап во лондонскиот клуб.

„Во Тотенхем игравме еден од најубавите стилови на фудбал во Премиер лигата. Хари е вистински експерт, човек кој го разбира фудбалот. Мислам дека е неверојатно што никогаш не стана селектор на Англија. Тој беше совршено решение за генерацијата што ја имаа“, рече Модриќ во поткаст со Славен Билиќ.

Модриќ играше за Тотенхем од 2008 до 2012 година. Тој одигра 160 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 17 гола и давајќи 24 асистенции.

Четириесет годишниот Модриќ од Тотенхем отиде во Реал, каде остана до 2025 година. Сезонава е игра за Милан.


Фламенго пресилен за Пирамидс, ќе игра за интерконтиненталната титула против ПСЖ

Фудбалерите на Фламенго обезбедија пласман во финалето на Интерконтиненталниот куп, откако во полуфиналниот дуел одигран во Ал Рајан славеа победа од 2-0 над египетскиот Пирамидс.

Бразилскиот шампион, кој неодамна ја одбрани титулата во Јужна Америка, ја одлучи средбата со головите на Лео Переира во 24. минута и Данило во 52. минута од натпреварот.

Како освојувач на Копа Либертадорес, Фламенго на 17 декември ќе се соочи со европскиот шампион Пари Сен Жермен, кој директно избори пласман во финалето на Интерконтиненталниот куп.

Завршниот дуел ќе биде одигран во Катар.


Хезоња се повреди, нови проблеми за Реал Мадрид

Марио Хезоња е сè уште еден од најдобрите играчи на Реал Мадрид, но се чини дека доаѓа време за нови предизвици.

Конечно, ќе има можност да го смени клубот во текот на летната пауза, а според израелските медиуми, тој е цел на Хапоел Тел Авив.

Иако го продолжи договорот со „кралскиот клуб“ минатото лето, тоа не гарантира дека ќе остане во Мадрид.

Според „Спорт5“, контактот меѓу Хезоња и Хапоел веќе е воспоставен, а главната работа за која ќе се преговара е висината на обесштетувањето, бидејќи хрватскиот репрезентативец има договор до 2029 година.

Се претпоставува дека личната добивка нема да биде голем проблем, бидејќи сопственикот на Хапоел, Офер Јанај, покрај големите амбиции, има и голем буџет, а Хезоња е главна цел на израелскиот тим ова лето.


Србинот Бомаштар го поврзуваат со Вардар

Вардар 1961 има поставено високи цели за тековнава сезона, сезона во која работите се движат во посакуван правец и покрај повредите на неколку важни играчи, но клубот веќе размислува и за следната кампања и веќе има договорено неколку засилувања.

Пред два дена „Моцарт Спорт“ пренесе дека „црвено-црните“ го договориле крилото Вукашин Воркапиќ, а сега истиот медиум тврди дека е завршена работата и со 26-годишниот Милан Бомаштар.

И Милан е српски репрезентативец, голман висок 201 сантиметар кој во моментов е дел од француски Шатр, но по завршувањето на договорот на крајот на сезонава ќе се пресели во Скопје.

Тој имал доста понуди, но одлучил да ја прифати онаа на двократниот европски шампион.


Скандал на повидок: Аргентина може да биде исфрлена од Мундијалот?

BUENOS AIRES, ARGENTINA – MARCH 25: Raphinha of Brazil reacts to Cristian Romero of Argentina during the South of American FIFA World Cup 2026 Qualifier between Argentina and Brazil at Estadio Más Monumental Antonio Vespucio Liberti on March 25, 2025 in Buenos Aires, Argentina. (Photo by Marcelo Endelli/Getty Images)

Teкст на аргентинскиот весник „Ла Насион“ крена голема прашина во јавноста, откако беше објавено дека сериозен финансиски скандал би можел да го доведе под знак прашалник настапот на Аргентина на Светското првенство во 2026 година.

Како што наведува познатиот медиум, аргентинското правосудство започнало истрага против претседателот на Аргентинската фудбалска асоцијација, Клаудио Тапија, човек кој важи за еден од највлијателните во земјата. Предмет на истрагата е неговиот имот, односно сомнежите за нерегуларности поврзани со недвижнините и начинот на кој е стекнато богатството.

Федералниот судија Даниел Рафекас наредил претреси во луксузна вила поврзана со компанијата „Real Central SRL“, која се доведува во врска со Лучијано Пантано и Ана Лучија Конде, лица за кои се тврди дека дејствувале како прикривање на вистинската сопственост на Тапија.

Во рамки на истрагата биле извршени контроли во повеќе од 15 фудбалски клубови, како и во деловен простор во центарот на Буенос Аирес. Акциите биле насочени кон имотот на Тапија и неговите најблиски соработници. Меѓу уапсените е и благајникот Пабло Товигињо, за кого се сомнева дека ја користел спорната вила, како и финансиската фирма „Сур Финанзас“, обвинета за одобрување кредити на клубови под крајно неповолни и злоупотребувачки услови.

Целиот случај будно го следи и ФИФА, а доколку се утврди дека Тапија навистина нелегално се стекнал со значителен имот, не се исклучува можноста Аргентина да се соочи со тешки санкции, па дури и со исфрлање од Мундијалот во 2026 година.


Лацио заврши со деветмина, но со три бода се враќа од Парма

Во натпревар со многу борба фудбалерите на Лацио денеска дојдоа до три бода на гостувањето кај Парма, славејќи со тесни 0-1.

Римјаните покажаа карактер и до триумфот дојдоа со двајца фудбалери помалку. Во самиот финиш на првото полувреме црвен картон доби Закањи, а во 78. минута и Бешиќ беше испратен во соблекувалната.

Но и во таква ситуација Лацио во 82. минута успеа да го скрши отпорот на домаќините. Нослин ја затресе мрежата и така донесе победа за својот тим.


Гризман човек на одлука, Атлетико ја надигра жилавата Валенсија

Фудбалерите на Атлетико, во Мадрид ја победија Валенсија со 2-1 во натпреварот од 16-тото коло на Ла Лига.

По два порази по ред во шпанското првенство, „Јорганџије“ ги пречекаа „Лилјаците“, кои никогаш не загубиле четири натпревари во низа пред овој дуел.

Атлетико, влезе како фаворит, но добр се намачи за да ги освои бодовите.

Капетанот Коке ги доведе домаќините на „Метрополитано“ во водство во 17-та минута од натпреварот и тоа беше сè од екипата на Диего Симеоне во првото полувреме.

По половина час игра, Валенсија израмни, но голот на Пепелу беше поништен поради офсајд, а Атлетико отиде на полувреме со минимална предност.

Во продолжението, Белтран, по добра акција, постигна убав гол од работа на шестаесетникот во 63-та минута.

Валенсија имаше реми само 10 минути. Гризман му ја врати предноста на Атлеитико. Негов 14-ти гол во кариерата против овој противник.

Целата акција беше брилијантна, од додавањето на Марк Пубил, топката леташе 40-тина метри, до приемот и ударот на Гризман, по кој втор пат се тресеше мрежата на Агирезабала.

До крајот на натпреварот, три минути по голот на Гризман, Александе Серлот, постигна гол, кој беше поништен порад фсајд по интервенција од ВАР собата.

Атлетико моментално е четврти со 34 бода, седум повеќе од петтопласираниот Еспањол со два натпревари помалку. Валенсија има само 15 пони и се наоѓа на 16-то место.


ФИФА пријави пет милиони апликации за билети за СП 2026 за само 24 часа

Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА) пријави голема побарувачка за билети за Светското првенство во 2026 година.

Само 24 часа по почетокот на третата фаза од продажбата на билети за Светското првенство, навивачи од повеќе од 200 земји поднесоа пет милиони апликации за билети преку веб-страницата.

Податоците покажуваат силен интерес за некои натпревари од групната фаза. Натпреварот помеѓу Колумбија и Португалија (Мајами, 27 јуни) е најбаран во моментов.

Во Топ 5 интересни натпревари се и: Бразил против Мароко (Њујорк, Њу Џерси, 13 јуни), Мексико против Јужна Кореја (Гвадалахара, 18 јуни), Еквадор против Германија (Њујорк, Њу Џерси, 25 јуни) и Шкотска против Бразил (Мајами, 24 јуни).

Најголемиот број апликации дојдоа од земјите домаќини: САД, Мексико и САД. Меѓу првите на оваа листа се и: Колумбија, Англија, Еквадор, Бразил, Аргентина, Шкотска, Германија, Австралија, Франција и Панама.


Капинковски: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати

Репрезентацијата на Македонија до 18 години во изминативе неколку дена беше на мини подготовки во Струмица каде одигра два контролни натпревари со селекцијата на Црна Гора.

Составот предводен од селекторот Димитар Капинковски на двата меча забележа победи од 2-1 и најави дека следната година можеме да очекуваме добри вести од квалификацискиот турнир за пласман на континенталниот шампионат.

„Овие натпревари ги искористивме за воигрување на екипата бидејќи следната година не очекуваат квалификации за пласман на Европското првенство. За мечевите против Црна Гора сметав на 25 играчи и сите добија шанса што за мене и стручниот штаб беше одлична можност да видиме со каков потенцијал располагаме и на што треба да посветиме посебно внимание за можеме да бележиме напредок во следните натпревари”, изјави селекторот Димитар Капинковски.

Предводникот на репрезентацијата е задоволен од ангажманот на играчите за време на тренинзите во Струмица, а тоа се потврдува и со двете победи забележани на мечевите што се играа на теренот на комплексот Горан Пандев.

„Сите фудбалери максимално ја искористија можноста да тренираат заедно во овие неколку дена. Задоволен сум од нивната посветеност на тренинзите, но и залагањето на теренот како и исполнување на сите задачи што ги имаа добиено пред почетокот на натпреварите. Сметам дека во оваа генерација има голем потенцијал и доколку продолжат и во иднина да работат со овој интензитет, но и со поддршка од клубовите може да се очекуваат добри резултати”, продолжи предводникот на националниот тим до 18 години.

Оваа генерација на почетокот од следната година ги очекува силен квалификациски турнир што ќе биде голем предизвик за оваа талентирана генерација.

„Целосно сме фокусирани кон квалификациите што ќе се одржат во март следната година. Покрај домаќинот Холандија, противници ни се уште Фарски Острови и Молдавија. До одржувањето на турнирот ќе се обидеме да организираме уште еден собир и да одиграме уште некој контролен натпревар, кој ќе ни послужи за подобра подготовка пред главниот предизвик кој не очекува во март”, заврши Капинковски.


Македонија до 15 години ја победи Турција

Македонската репрезентација до 15 години славеше победа од 3-2 против врсниците на Турција.

На тренинг центарот “Петар Милошевски”, избраниците на селекторот Горан Станковски одиграа одличен меч и заслужено се радуваа на триумф против силната Турција. Димоски во 93. минута даде гол за победа, откако испуштивме 2-0 на полувреме.

Драган Петков веќе во 2. минута го отвори резултатот. Предноста ја удвоиме по 23. минути игра преку Стефан Стојановски.

Противникот во 51. и 60. минута искористи грешки во нашата одбрана и преку Озбугуту и Озкан успеа да го израмни резултатот.

Голот за победа на македонската репрезентација го постигна Павел Димоски во судиското надополнување од натпреварот.

Македонија до 15 години: Јован Дановски, Адел Мустафи, Еман Емини, Горан Ристовски, Калин Аврамовски, Дин Рожајли, Стефан Стојановски, Давор Танески, Јован Јанчевски, Драган Петков, Доротеј Христов;

Турција до 15 години: Берк Кирман, Осман Курумахмут, Окан Џенгизхан Озкаја, Ахмет Ејмен Серт, Ејмен Ајјилдиз, Мустафа Енес Бозабали, Нојан Озкан, Ноа Никчи, Топрак Кок, Армаган Лортоглу, Ајаз Озбугуту;