feature

УЕФА подготвува драконска казна за Црвена Звезда

Црвена Звезда ја очекува драконска казна од УЕФА, по серијата инциденти што нејзините навивачи ги предизвикаа по натпреварот во Лига Европа против дански Митјиланд.

Српскиот тим загуби со 1-0, а натпреварот го заврши со девет играчи по исклучувањата на Милош Дегенек и Марко Гобељиќ.

Разочарани од поразот на својата екипа, навивачите на Ѕвезда на патот кон соблекувалната фрлаа тврди предмети кон унгарскиот судија Тамаш Богнар, а притоа еден од предметите го погоди во главата помошникот тренер на белградскиот клуб, Италијанецот Федерико Панончини. Тој со повреди на главата итно беше пренесен во болница, а поради инцидентот тренерот на Црвена ѕвезда Дејан Станковиќ ја пропушти прес-конференцијата за да го посети својот помошник во болничкиот кревет.

Дел од српските медиуми објавија дека во инцидентот бил повреден и помошникот судија.


Формула 1 спортот размислува за подобрување на условите на дожд

Рос Браун рече дека Формула 1 спортот се обидува да ја подобри видливоста на дожд.

„Во однос на дождот, се прави истражување за прскање и видливост. Во текот на последните етапи, Пет Сајмондс и други луѓе од ФИА комуницираа со возачите – особено со оние кои пилотираа други автомобили. Фернандо Алонсо рече дека е многу полесно да се трка на дожд во спортски автомобили отколку во Формула 1 болид. Да, има шофершајбна и бришачи, но рече дека има уште еден спреј“, изјави Браун, за „GPFans“.

Исто така, спортскиот директор на Формула 1 зборуваше за главните проблеми во дождливото време.

„Ќе проучиме каков спреј создаваат новите автомобили. Имаме неколку идеи како да ја подобриме ситуацијата. Има два големи проблеми – „аквапланинг“ и видливост. Аквапланинг се однесува на тоа како функционираат гумите во водени услови, а по одреден момент не можете да направите ништо. Но, видливоста веројатно може да се подобри. Има голем број работи што ги проучуваме“, ќе видиме дали ќе имаат влијание, додаде Браун.


Првпат Норвежанец се избор за место на завршниот Мастерс

Каспер Руд стана првиот Норвежанец во историјата, кој обезбеди место на завршниот АТП турнир закажан во Торино од 14. до 21 овој месец.

Руд обезбеди настап на завршниот турнир на кој традиционално учествуваат осумте најдобри тенисери и двојки со победата во осминафиналето на Мастерсот од серијата 1000 во Париз против Американецот Маркос Гирон со 6-2, 6-1.

Руд оваа година освои пет турнири, идентично како и Германецот Александер Зверев и со тоа двајцата тенисери се најуспешни на АТП турнирите оваа сезона.


Матеус: Санчо погреши што замина од Дортмунд летово

Лотар Матеус процени дека младиот Џејдон Санчо имаше лоша проценка кога се определи да ја напушти Борусија Дортмунд и да се пресели во редовите на Манчестер Јунајтед.

Санчо кај „милионерите“ имаше речиси загарантирано место во првата постава додека кај „црвените ѓаволи“ не успеа да се избори за првотимскиот статус. Напаѓачот во меѓувреме го загуби и местото во репрезентацијата на Англија.

„Санчо треба многу да работи за да направи чекор напред. Мислам дека неговите настапи и значењето на мечевите на кои се појавува не се доволни да напредува“, изјави Матеус.


Рафаел Бенитез бара засилувања за Евертон

Од англиските медиуми пристигнуваат информации дека тренерот на Евертон, Рафаел Бенитез сака да доведе најмалку двајца играчи во јануарсkиот преоден рок. Тој изјавува дека на Евертон му се неопходни засилувања за да остане конкурентен во продолжението на сезоната.

Идејата на Рафа Бенитез е да го засили тимот со уште еден крилен напаѓач и играч од средината на теренот. Имиња на потенцијални засилувања не се соопштуваат бидејќи нема одговор од управата на клубот колку пари ќе му бидат ставени на располагање за трансфери оваа зима.


Милан одлучи: Целосно ќе го откупи договорот на Брахим Дијаз

Милан во летниот преоден рок постигна договор со Реал Мадрид за двегодишна позајмица на Брахим Дијаз.

Милан за позајмицата плати 3 милиони евра, но на крајот на позајмицата ќе има право да го откупи за додатни 20 милиони евра. Шпанецот игра фантастично од почетокот на сезоната и Милан веќе донесе одлука да го откупи уште на крајот на оваа сезона.

Реал во договорот ќе има бај-бек клаузула и во следните две години ќе може да го врати Шпанецот за 27 милиони евра.

Брахим Дијаз е задоволен на Сан Сиро и дал согласност да остане и ќе потпише 5-годишен договор со „росонерите“.


Иличиќ потпишува нов договор со Аталанта

Според информациите кои доаѓаат од спортските портали во Италија, напаѓачот на Аталанта, Јосип Иличиќ, ќе го продолжи договорот со клубот. 

Од управата на клубот од Бергамо, веќе се договориле со 33-годишниот репрезентативец на Словенија за потпишување на нов договор кој ќе важи до 2024 година.

Иличиќ настапува за екипата на Аталанта од јули 2017 година. Од стартот на сезоната, напаѓачот одигра 14 натпревари со постигнати 4 гола и 2 асистенции.


Палмеирас загриза за ветеранот Кавани

Единсон Кавани, кој ја реализира последната сезона на „Олд Трафорд“, во текот на летото може да добие понуда да се пресели во Палмеирас.

Бидејќи 34-годишниот фудбалер ќе може да направи трансфер без обештетување, неколку елитни тимови сакаат да дојдат до неговиот потпис. Тука се споменуваат Реал, Барселона и Бока Јуниорс.

Уругваецот кој го облече дресот на „црвените ѓаволи“ во 2020 година, има одиграно  47 мечеви со ефект од 18 голови и шест асистенции.


Овен: Премиер лигата е далеку пред останатите

Мајкл Овен смета дека Премиер лигата е најсилното првенство во Европа.

Често се зборува за тоа која е најсилната лига во Европа, а во таа дебата сега се приклучи и поранешниот напаѓач на Ливерпул, Манчестер Јунајтед и Реал, Мајкл Овен. Овен смета дека Премиер лигата е далеку пред сите.

„Мислам дека Премиер лигата е далеку пред останатите европски лиги и дека е се посилна. Неколку години сме пред останатите. Сега потпишавме со двајцата најдобри играчи во Серија А – Роналдо и Лукаку. Меси премина во послаба лига, така и Ла Лига станува се послаба. Лига 1 никогаш не можам да ја сфатам сериозно“.


Мајкл Џордан најплатен спортист на сите времиња, само двајца фудбалери во топ 10

Веб порталот Спортико, кој е специјализиран за теми од спортот и бизнисот, објави ранг листа на  најплатените спортисти на сите времиња. 

Рангирањето го извршиле врз основа на добиените плати, наградните фондови, рекламните договори, исплатени бонуси и слични приходи.

Порталот ги пресметал само приходите од периодот кога спортистите имале активна играчка кариера и завршува на 1 јуни 2021 година.

Топ 10

1. Мајкл Џордан (кошарка) – 2,62 милијарди долари

2. Тајгер Вудс (голф) – 2,1 милијарди долари

3. Арнолд Палмер (голф) – 1,5 милијарди долари

4. Џек Никлаус (голф) – 1,38 милијарди долари

5. Кристијано Роналдо (фудбал) – 1,24 милијарди долари

6. Флојд Мејведер (бокс) – 1,2 милијарди долари

7. Леброн Џејмс (кошарка) – 1,17 милијарди долари

8. Лионел Меси (фудбал) – 1,14 милијарди долари

9. Михаел Шумахер (формула 1) – 1,13 милијарди долари

10. Роџер Федерер (тенис) – 1,12 милијарди долари