feature

Фудбалскиот Суперкуп на Шпанија ќе се одржува во Ријад од 11. до 15. јануари

Суперкупот на Шпанија, во кој оваа сезона ќе настапат екипите на Реал Мадрид, Барселона, Бетис и Валенсија, ќе се одржува од 11. до 15. јануари во Ријад, Саудиска Арабија.

Ова ќе биде трет пат како Суперкупот на Шпанија ќе се игра во Саудиска Арабија. Во полуфиналето на 11.јануари ќе се сретнат шампионот на Шпанија Реал Мадрид и финалистот во Купот на кралот Валенсија. Еден ден подоцна силите ќе ги одмерат Барселона која е вицешампион на Шпанија и освојувачот на Купот на кралот Бетис. Финалето ќе се одржи на 15.јануари.


Калин Ивановски го освои турнирот во Ираклион

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски го освои турнирот во Грција. Во финалето во Ираклион, Ивановски беше подобар од Романецот Себастијан Гима со 2-0.

Македонскиот тенисер доминираше на теренот, на противникот му дозволи да освои само два гејма. И двата сета Калин Ивановски ги доби на индентичен начин со 6-1 и 6-1. На другата страна за романскиот тенисер ова беше прв пораз по девет победи во низа.

Ивановски го освои тунрирот во Грција чиј награден фонд изнесува 15.000 долари.


Голгетерската низа на Левандовски му нуди нови бонуси на Баерн

Роберт Левандовски пристигна во Барселона како големо засилување од Баерн Минхен.

Новинарот Кристијан Фалк сега откри и клазула која била вклучена во договорот помеѓу Барселона и Баерн која веќе на гигантот од Минхен му исплати 45 милиони евра. Според информациите кои ги објави Фалк Барселона ќе му исплати дополнителни 1.25 милиони евра на Баерн за секоја сезона во која полскиот голгетер ќе постигне најмалку 25 голови.

Со Барселона Левандовски потпиша договор на четири години, а тоа значи дека од оваа клазула баварците би можеле да заработат дополнителни пет милиони евра.


Халанд ќе го скокне дуелот со Севиља заради повреда на стапалото

Maнчестер Сити со 0-1 славеше против Лестер, иако во составот не беше неверојатниот Норвежанец, Ерлинг Халанд.

Халанд се повреди во натпреварот од Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд, а Гвардиола по средбата истакна дека не е сигурен до кога ќе паузира.

„Не знам до кога ќе паузира. Има повреда на лигаментите на стапалото. Се чувствува подобро, имаме уште е дна недела. Со Севиља нема да игра затоа што секако се квалификувавме, се надевам ќе ни помогне со Фулам, ако не ќе игра против Челзи во Лига Купот“, изјави Гвардиола.


Проблеми за Енрике, Мората се повреди непосредно шред Мундијалот

Алваро Мората заработи повреда поради која мораше да го напушти теренот.

На гостувањето кај Атлетико во Кадиз, Мората мораше да го напушти теренот по само 10 минути игра. Првите прогнози не се познати, но Луис Енрике секако е загрижен, бидејќи Мората е прв напаѓач на неговата репрезентација, а Светското првенство започнува за три недели.

Се чекаат лекарски прегледи и повеќе детали. Шпанија е во групата Е каде се и Костарика и Јапонија. Шпанците го отвораат турнирот против Костарика на 23 ноември.


Барса склопи партнерство со компанија за трговија со криптовалути

Барселона ќе постави реклама за дигиталната компанија за трговија и кредити со криптовалути Нексо (Nexo) на ракав од дресоот.     Деталите од договорот не се откриени, но во план е да бидат обелоденети пред почетокот на Светското првенство во 2022 година. 

Вреди да се напомене дека зделката е слична на онаа со Беко – ова партнерство на Барселона и донесе 19 милиони евра по сезона. Раководството на каталонскиот фудбалски гигант бара начин да се консолидира по запаѓањето во финансиска криза во последниве две-три години.


Верстапен славеше на трката во Мексико

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, е победник на трката во Формула 1 за Големата награда на Мексико. За Верстапен ова беше 14.триумф оваа сезона, со што ги надмина Михаел Шумахер и Себастијан Фетел кои претходно имаа забележано 13 победи во една сезона. 

Како втор на целта на трката во Мексико Сити пристигна Луис Хамилтон од Мерцедес, а трет беше Серхио Перес од Ред Бул.

Верстапен од порано ја обезбеди шампионската титула и на две трки до крајот има 416 бода, второто место му припаѓа на Перес, а трет е Леклер од Ферари.


Павличенко ја заврши професионалната кариера

Поранешниот напаѓач на Спартак Москва, Тотенхем и руската фудбалска репрезентација, Роман Павличенко ја заврши кариерата на 41-годишна возраст, објавија руските и британските медиуми.

Павличенко настапуваше за рускиот третолигаш Знамја од Ногинск, а поради тоа што доби осум натпревари суспензија поради напад на противник и употреба на навредлив јазик, реши да престане да игра фудбал.

Русинот во кариерата играше и за Динамо Ставрополј, Ротор од Волгоград, Спартак Москва, Тотенхем, Локомотив Москва… За репрезентацијата на Русија, Павличенко забележа 51 настап на кој постигна 21 гол.


Нагелсман нема информации кога Нојер ќе се врати во тимот

Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман, во изјава за новинарите вели дека голманот Мануел Нојер и понатаму не е достапен поради повреда на рамото и дека не знае кога тој ќе се врати на теренот.

36-годишниот Нојер, последен пат за Баерн настапи на 8.октомври во ремито со Борусија Дортмунд.

„Мислам дека дека Нојер ќе може да настапи на Светското првенство, но не сум видовит и да го тврдам тоа со сигурност. Би сакале тој да може да заигра за екипата најбрзо што може, и нашите лекарски екипи работат на тоа Мануел да се врати на теренот следниот викенд, но познато е дека повредата на рамото е комплицирана работа за лечење“, изјави тренерот на Баерн.


Луис Енрике го изостави Де Геа од Мундијалот во Катар

Давид де Геа нема да биде дел од репрезентацијата на Шпанија за Светското првенство во Катар, пренсува „АС“.

Селекторот Луис Енрике испрати покана до пет голмани кои ќе бидат дел од широкит список од 55 фудбалери, но Де Геа нема да биде вклучен дури ни во поширокиот список.

Весникот „АС“ открива дека во тој список ќе бидат Унаи Симон од Атлетик Билбао, Роберт Сачез од Брајтон, Давид Реја од Брентфорд, Давид Сорија од Гетафе и Кепа Аризабалага од Челзи.