feature

Цезар Паласиос втор член на „кралевите“ кој заминува во Фулам

Според новинарот Фабрицио Романо, играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Цезар Паласиос, ќе се приклучи на Фулам.

Клубовите веќе се договориле за сите детали од трансферот на 21-годишникот. Фулам ќе плати 10 милиони евра за Паласиос. Реал Мадрид ќе задржи 30 проценти од секој нареден трансфер на фудбалерот.

Паласиос одигра 44 натпревари за сениорскиот и младинскиот тим на „Кралевите“ во сезоната 2025/26, постигнувајќи 16 гола и пет асистенции.

„Трансфермаркт“ го проценува играчот на 7,50 милиони евра.


Арсенал и Њукасл постигнаа договор за Бруно Гимараеш

Како што пренесува Л’Екип, Арсенал и Њукасл начелно постигнале договор за трансфер на Бруно Гимараеш вреден околу 90 милиони евра, останува да се испеглаат уште бонусите и провизиите за агентите.

Трета среќа за Арснеал, по две одбиени понуди од 70 и потоа 80 милиони евра, „топчиите“ успеаја да пронајдат заеднички јазик со Њукасл за преселба на Бруно Гимараеш во Лондон.

Како што пренесува Л’Екип, двата клуба начелно договориле трансфер вреден околу 90 милиони евра (77 милиони фунти).

Сега останува уште да се испеглаат бонусите, како и провизиите за агентите.

Од оваа зделка ќар ќе има и Лион, кој треба да добие 20% од профитот, или околу 8 милиони евра.


ПСЖ и Монако постигнаа договор за Магнес Аклиуш

Пари Сен Жермен конечно успеа да постигне договор со Монако во врска со трансферот на младиот Магнес Аклиуш.

Преговорите меѓу клубовите траеја со недели, а според француските медиуми, Монако се согласи на петтата понуда на актуелниот европски шампион.

Француски медиуми тврдат дека Монако се согласил да го продаде својот млад крилен напаѓач за 50 милиони евра, што е за пет милиони повеќе од последната понуда на ПСЖ.

На неговото доаѓање инсистираше шефот на стручниот штаб, Луис Енрике, кој верува дека Магнес Аклиуш брзо ќе се вклопи во неговиот систем.

Сепак, за да се реализира трансферот, сега е потребно играчот и ПСЖ да се договорат за условите, но тоа ќе биде најлесниот дел.

Аклиуш одигра вкупно 139 натпревари за Монако и постигна 23 гола на кои додаде 28 асистенции.

На Светското првенство, тој одигра еден натпревар за Франција, а вкупно има 10 настапи за репрезентацијата со еден гол.


Ајакс го осигура потписот на Тер Штеген

Германскиот голман Марк-Андре тер Штеген ќе биде новиот голман на славниот холандски Ајакс.

Ајакс успешно го заврши второто коло од квалификациите за Конференциската лига. Ја елиминираше Војводина и ќе ги продолжи квалификациите против ирскиот Шелбурн.

Се очекува за тие натпревари, на голот да биде Тер Штеген, кој пристигнува од Барселона. Германецот утре ќе пристигне во Амстердам, кога ќе ги помине лекарските прегледи и ќе потпише договор.

Не станува збор за траен трансфер, туку за позајмица што ќе трае цела сезона. Овој голман нема да го чини ништо клубот од Амстердам бидејќи Барса ќе плаќа 90 проценти од неговата плата.

Спортскиот директор Жорди Кројф и тренерот на Ајакс Мичел, кои работеа со овој голман за време на неговиот период во Џирона, инсистираа на трансферот.


Марјан Илиевски нов тренер на Маџари

Финалистот на кошаркарскиот плејоф екипата на Маџари во новата сезона ќе биде предводена од Марјан Илиевски, кој ќе биде тренер и предводник на стручниот штаб. Тој е еден од коосновачите на клубот и идеолог на овој проект.

Маџари во новата сезона покрај настапот во домашните натпревари ќе игра и во АБА 2 лигата што ќе биде деби за клубот во едно регионално натпреварување.

Илиевски е едно од најквалитетните тренерски имиња во македонската кошарка, со значајно меѓународно искуство, а како тренер во Македонија работел во Лирија, Кожув, Блокотехна, АВ Охрид и Пелистер.

Воедно беше и селектор на македонска репрезентација.


Карлос Еспи од Леванте потпиша за Реал Мадрид

Најдобриот млад играч на Ла Лига минатата сезона е новото засилување на Реал Мадрид.

Реал Мадрид доцна синоќа, го извести Леванте дека ќе ја кативира клаузулата за откуп на 21-годишниот напаѓач.

„Кралскиот клуб“ за Еспи плати 25 милиони евра. Минатата сезона, Еспи, минатата сезона постигна 11 голови во дресот на Леванте.


Интер го претстави Џон Стоунс

Англискиот фудбалски репрезентативец Џон Стоунс официјално стана ново засилување за Интер.

„Нероаѕурите“ го објавија потпишувањето на договорот со 32-годишниот англиски репрезентативец како слободен агент.

Договорот на поранешниот играч на Манчестер Сити ќе биде до средината на 2028 година.

Англичанецот за првпат ќе игра надвор од својата татковина. Минатата сезона одигра девет натпревари во Премиерлигата, а исто така учествуваше и на пет натпревари на СП во 2026 година.


Реал го блокира трансферот на Хезоња во НБА лигата

Заминувањето на Марио Хезоња од Реал Мадрид прераснува во вистинска трансфер-драма.

Шпанскиот гигант одбива да го ослободи хрватскиот репрезентативец, тврдејќи дека не ги исполнил условите за едностран раскин на договорот.

Според „Марка“, Хезоња на 20 јуни само го објавил своето заминување, но не обезбедил официјален ангажман во НБА, ниту, пак, ја исплатил договорената отштета од еден милион долари, која сè уште не е намирена.

Поради тоа, договорот што наводно го постигнал со Кливленд кавалирс сè уште не е официјализиран, пренесува американскиот новинар Марк Штајн.


Ѓоковиќ го потврди настапот на Мастерсот во Синсинати

Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ, потврди дека оваа година ќе се натпреварува на Мастерс турнирот во Синсинати.

Натпреварувањето ќе се одржи од 13 до 23 август.

„Со задоволство објавувам дека оваа година ќе играм во Синсинати за прв пат од 2023 година. Тогаш играв едно од најдобрите финалиња на Мастерс турнири во мојата кариера. Едвај чекам да се вратам и да настапам за вас“, го цитираше прес-службата на турнирот Ѓоковиќ.

Триесет и деветгодишниот Србин последен пат се натпреваруваше во Синсинати во 2023 година.


Македонија ќе се бори за петтото место на Летниот Куп во Анкара

Македонската тениска репрезентација е дел од натпреварувањето „Summer cup“ што се одржува во Анкара. Ова се мечеви од Зоната Д, а македонскиот тим во состав Кристијан Јанев, Ерион Незири и Матеј Попов по два одиграни меча имаат една победа против Црна Гора со 3:0 и еден пораз од домаќинот Турција со 0:3.

Во вчерашниот меч за пласман од 5-8. место Македонија ја победи Црна Гора со максимални 3-0 и денес, македонските тенисери ќе играат меч за 5. место, а противник ќе им биде Хрватска. Во финалето ќе играат Романија и Турција.