feature

Финска првпат златна на олимпискиот турнир во хокеј на мраз

Финска за првпат во историјата ја освои титулата олимписки првак во хокеј на мраз, совладувајќи ја во денешното финале на Игрите во Пекинг репрезентацијата на Русија со 2-1 (0-1, 1-0,1-0).

Финците со пресврт ги симнаа од тронот олимписките победници од Пјонгчанг 2018, откако Русите поведоа со голот на Михаил Григоренко во првата третина.

Виле Пока го израмни резултатот со удар од далечина во втората третина, а златото на Финците им го донесе Ханес Бјорнинен во 41. минута.

Во дуелот за бронзениот медал, Словачка ја совлада Шведска и го освои својот прв олимписки медал во хокеј.


Италијанецот Музети прв противник на Ѓоковиќ во Дубаи

Новак Ѓоковиќ на стартот на турнирот од серијата 500 во Дубаи ќе игра со Лоренцо Музети од Италија.

Доколку го совлада младиот Италијанец Ѓоковиќ во втората рунда ќе се сретне против подобриот од Карен Хачанов и Алекс де Минор.

Потенцијален противник на Ѓоковиќ во четвртфиналето ќе биде Роберто Баутиста Агут, а во тој дел од ждребот е и Марин Чилиќ. Ривал во полуфиналето на Ѓоковиж може да биде Феликс-Аже-Алијасим, а младиот Канаѓанец на стартот игра со Николоз Басилашвили. Во тој дел од ждребот се Шаповалов, Штруф, Фуцович…


Интер ги продолжи договорите со сите членови на менаџерскиот тим

Тимот на Интер и официјално ги продолжи договирте на своите тројца водечки директори, Џузепе Марота, Пјеро Аусилио и Дарио Бачин.

Клубот официјално соопшти дека новите договори на сите тројца ќе бидат со важност до 2025 година. Марота во Интер пристигна после заминувањето од Јувентус и е извршен директор, Аусилио е главен спортски директор, додека Бачин е негов заменик.

За многумина најважен е Марота кој направи одлични потези од пристигнувањето во клубот во 2018 година, декември. Токму тој беше најзаслужниот за доведувањето на Конте кој во минатата сезона им го донесе скудетото на „нероаѕурите“, но Италијанецот си замина после несогласувањата со сопствениците.

Иако Конте си замина, Интер и понатаму игра одлично сега под водство на Симоне Инзаги.


Лукаку забележа неславен рекорд во Премиер лигата

Напаѓачот на Челзи, Ромелу Лукаку, имаше уште еден слаб натпревар во победата на својот тим против екипата на Кристал Палас. Челзи на овој овој дуел забележа победа од 1:0 со голот постигнат од Хаким Зијеш во 89.минута.

Според статистиката од натпреварот, Лукаку забележа неславен рекорд на мечот. Имено, тој за 90 минути од натпреварот, оствари само седум контакти со топката.

Ова е најслабиот таков податок забележан за еден играч од Премиер лигата, бидејќи таква статистика се води од сезоната 2003/2004.


Легендарниот Пол Инс е нов тренер на Рединг

Поранешниот играч за врска на Манчестер Јунајтед и Ливерпул, Пол Инс е назначен за привремен тренер на Рединг, тим кој се натпреварува во англискиот Чемпионшип. Тој доаѓа на местото на отпуштениот Србин Вељко Пауновиќ, соопштуваат од клубот.

Пол Инс во минатото беше тренер на Милтон Кејнс и Блекбурн Роверс, а го предводеше и тимот на Блекпул во сезоната 2013/2014.

Екипата на Ридинг се наоѓа на 21. место од табелата, со 26 бодови од 32 натпревари.


Гвардиола: Долго преговаравме да го доведеме Хари Кејн

Пеп Гвардиола потврди дека се обиделе да го доведат Хари Кејн.

Манчестер Сити се обидуваше да доведе напаѓач после заминувањето на Агуеро во Барселона минатото лето, Хари Кејн беше главната мета, но не дошло до договор со Тотенхем. Гвардиола посочи дека трансферот не се реализирал затоа што Тотенхем од самиот почеток на преговорите имал став дека не сака да го продаде.

„Сакавме да доведеме напаѓач, преговаравме, но бевме предалеку од договор затоа што Тотенхем од самиот старт на преговорите стави до знаење дека не сака ништо да се случи“, изјави Гвардиола.


Милан и Ибра заедно и наредната година, понудата за Швеѓанецот е три милиони по сезона

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ може да го продолжи договорот со Милан. „Росонерите“ се подготвени да му понудат нов договор на напаѓачот кој во октомври ќе наполни 41 година. Сепак, Златан ќе мора да прифати значително намалување на платата.

Сега тој заработува седум милиони евра годишно. Според новиот договор, миланезите се подготвени да му плаќаат три милиони годишно. Заедно со бонус – за одиграни натпревари и голови – сумата може да се искачи на пет милион.

Ибрахимовиќ за својата иднина ќе одлучува по мартовските бараж средби за Светското првенство во 2022 година. Тој сака да игра со Шведска на Мундијалот во Катар.

Ибрахимовиќ има постигнато осум гола на 15 натпревари во Серија А и е најдобар стрелец на Милан во ова натпреварување.


Лион го сака назад Мемфис Депај од Барселона

Напаѓачот на Барселона, Мемфис Депај може да се врати во Олимпик Лион, пишуваат медиумите во Франција.

Според истите, луѓе блиски до Холанѓанецот веќе било во контакт со претставници на Лион околу евентуален трансфер. Претходно беше објавено дека управата на Барселона сака да го продаде Холанѓанецот во текот на летниот преоден рок, за да не го загуби играчот бесплатно, бидејќи договорот на Депај со Барселона е до јуни 2023 година.

Депај игра за Барселона од летото 2021 година, каде што се пресели со слободен трансфер од Лион. Депај оваа сезона настапи на 16 натпревари во Примера, постигнувајќи осум гола и две асистенции.


Конте: Една победа не е доволна, треба уште да се работи

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте изрази огромно задоволство по победата од 3:2 над Манчестер Сити на „Етихад“.

Италијанскиот стручњак е на мислење дека овој успех ќе им даде дополнителна самодоверба на неговите играчи, но додаде дека неговиот тим има уште многу да работи.

„Една победа не е доволна. Да не заборавиме дека пред тоа претрпевме три последователни порази. Но овој успех над Манчестер Сити сигурно ќе ни даде самодоверба и верба во она што го работиме. Има уште многу што да се подобри. Овие играчи се фантастични. Ова е веројатно еден од најдобрите тимови со кои сум работел во мојата кариера досега. Имаме на што да работиме, а најважно е младите да го стекнат потребното искуство. И на овој натпревар моравме да работиме напорно за да постигнеме успех, но моите играчи не се плашат од работа“, изјави Конте.


Челзи спремен да го замени Рудигер со Едер Милитао

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Едер Милитао би можел да ја продолжи кариерата во Челзи.

Англискиот клуб е најзаинтересиран за трансферот на дефанзивецот. Лондонскиот клуб се согласи да се сретне со претставници на 24-годишниот играч, што ќе се одржат во блиска иднина. 24-годишниот Милитао е на списокот на желби на лондонскиот тим од 2019 година, но тогаш бразилскиот дефанзивец на Порто го избра Реал Мадрид пред Челзи како место за продолжување на кариерата.

Сега англискиот клуб го разгледува Милитао како можна замена за Кристенсен и Рудигер, но самиот Милитао не сака да го напушти Реал Мадрид.