feature

Мичел ја напушти Јута и потпиша за Кливленд

Кошаркарот, Донован Мичел, ја напушти екипата на Јута и се пресели во редовите на Кливленд.

„Џезерите“ за тој трансфер ќе добијат дури три играчи на „кавалирс“ и правото да одберат три пика од првата рунда на драфтот.

Бекот во НБА лигата пристигна во 2017 година и стана една од најголемите ѕвезди на Јута.  25-годишниот играч има просек од 24 поени по натпревар.


Батчуаји потпиша за Фенер, ќе ја дели соблекувалната со Алиоски

Мичу Батчуаји беше многу блиску до останување во Премиер лигата, но неговиот трансфер во Нотингем Форест пропадна во последен момент.

Се очекуваше Белгиецот во финишот од преодниот рок да го напушти Челзи и неговото преминување во Нотингем Форест беше завршена работа, меѓутоа се пропадна во последните минути од преодниот рок.

Батшуаи се уште има договор со Челзи до летото 2023 година, иако поголемиот дел од својот престој во Лондон го помина на позајмици.

Јасно е дека за него нема повеќе место во Челзи, а сега може да направи трансфер во Турција, каде се уште е отворен трансфер пазарот.

Фенербахче покажува сериозен интерес да го донесе во своите редови, па двете страни се блиску до договор.


Германија во чест на Новицки го повлече дресот со број 14

Дресот со број 14 кој во кошаркарската репрезентација на Германија го носеше легендарниот Дирк Новицки, беше повлечен од употреба на свечена церемонија во Келн за време на отворањето на Европското првенство. Ова е прв случај во историјата една репрезентација да се одлучи на ваков потег.

Новицки со германската селекција има освоено бронза на Светското првенство во Индијанаполис 2002 година и сребро на Европскиот шампионат во 2005 година кој се одржа во Белград.


Стефан Ашковски ќе игра за грчкиот клуб Ламиа

Македонскиот фудбалски репрезентативец реши својата кариера да ја продолжи во Грција, каде ќе настапува во дресот на прволигашот Ламиа.

Репрезентативниот бек минатата сезона настапуваше за екипата на Сепси од Романија, а во грчкиот тим пристигна како слободен фудбалер.

При официјалната промоција во новиот клуб, 30-годишниот Ашковски изјави дека е среќен што ќе игра за Ламиа и дека се надева на одлични резултати и постигнување на зацртаните цели со екипата.


Лестер доведе замена за Фофана

Фудбалскиот клуб Лестер го продаде дефанзивецот Весли Фофана во Челзи за неверојатни 80 милиони евра, а сега за четири пати пониска сума доведе негова замена.

Популарните „лисици“ го потврдија ангажманот на 24-годишниот одбранбен играч Вут Фас со кого клубот потпиша договор на пет години.

Белгискиот фудбалер кој доаѓа од редовите на францускиот клуб Ремс ќе го чини Лестер 20 милиони евра.


Луд преоден рок на „шумарите“ – Нотингем купи 21 нов фудбалер

Нотингем Форест се врати во Премиер лигата, а раководството на клубот не сака ништо да ризикува со опстанокот во најсилната англиска конкуренција па беа најактивниот премиерлигаш на трансфер пазарот.

Поранешниот европски шампион ова лето доведе дури 21 играч што е рекорд за еден англиски клуб во еден преоде нрок.

Во последниот ден од преодниот рок Нотингем ги испрати на позајмица Вили Боли од Вулвс, Џош Баулер од Блекупл и Лоик Баде од Рен со што стигнаа до бројката од 21 ново име во составот.


Андерлехт потпиша со Јан Вертонген

Досегашниот фудбалер на Бенфика, Јан Вертонген, потпиша двегодишен договор со Андерлехт, потврди белгискиот клуб.

Од Андерлехт не ги наведуваат финансиските детали околу договорот со 35-годишниот репрезентативец на Белгија. 

Дефанзивецот Вертонген никогаш порано не играл во Белгија. Тој кариерата ја започна во Ајакс, за потоа да продолжи во РКЦ, Тотенхем и Бенфика.


Тен Хаг: Мора да сме поконкретни во нападот

Манчестер Јунајтед ја забележа и третата победа во низа, откако на гостински терен славеше против Лестер со 1:0.

Иако радува фактот дека е остварена уште една победа, сепак тренерот на екипата Ерик тен Хаг истакнува дека во иднина играчите треба да бидат поконкретни во завршницата и да почнат да ги реализираат многубројните шанси.

„Моравме да постигнеме втор гол и да го затвориме натпреварот. Имавме доста простор преку контра напади но не бевме конкретни. Мора да работиме на овај случај во иднина“, истакнува Тен Хаг.

Во следното коло од Премиер лигата, Манчестер го очекува дерби натпреварот со Арсенал.


Париз Сен Жермен се засили со Солер од Валенсија

Досегашниот фудбалер на Валенсија, Карлос Солер, потпиша петгодишен договор со Париз Сен Жермен.

Според достапните информации целокупниот трансфер на 25-годишниот играч од везниот ред, изнесува 18 милиони евра со можност за дополнителни бонуси од четири милиони евра.

Солер е шесто засилување за шампионот на Франција во летниот преоден рок, после доаѓањето на Витиња, Ренато Санчез, Фабијан Руиз, Уго Екитике и Норди Мукиеле.

Карлос Солер беше капитен на Валенсија каде за првиот тим одигра 226 натпревари, постигна 36 гола и 31 асистенција.


Марио Балотели е нов играч на Сион

Италијанскиот фудбалер Марио Балотели е нов играч на Сион, потврдуваат од швајцарскиот клуб.

Во соопштението од ФК Сион се вели дека клубот е воодушевен со доаѓањето на напаѓачот од светска класа. 

Минатата сезона Балотели настапуваше за турскиот клуб Адана, а Сион ќе биде негов 11 клуб во кариерата.

Марио Балотели во минатото важеше за еден од најдобрите италијански напаѓачи, меѓутоа после неговите настапи за Милан и Манчестер Сити, неговата кариера не се одвиваше во вистински правец.