Светскиот рекет број 1, Карлос Алкараз ноќеска загуби од Американецот Франсес Тијафо на ревијален турнир во Њу Џерси.
Натпреварот заврши со 2-1, по сетови 6-3, 3-6 и 10-7.
Дваесет и двегодишниот Шпанец освои 24 АТП турнири во поединечна конкуренција. Во сезоната 2025, Алкараз освои осум титули, вклучувајќи го Отвореното првенство на САД и Ролан Гарос.
Милан го сака Лунин, Модриќ посредува при трансферот
Фудбалскиот клуб Милан има во план да ја искористи легендарната фигура на хрватскиот играч од средниот ред, Лука Модриќ, како клучен човек во обидот да го донесат Андриј Лунин, неговиот некогашен соиграч од Реал Мадрид. Овој чекор доаѓа во време кога се гласини дека извонредниот голман Мајк Мењан може да го напушти клубот на крајот на сезоната како слободен агент, бидејќи преговорите за обновување на договорот не се во тек, според информациите од Goal.com.
На францускиот репрезентативец Мајк Мењан му истекува договорот на крајот на сезоната, што значи дека во јануари може да започне преговори со други клубови и да го напушти Милан следното лето без обештетување. Според извори, Росонерите му понудиле продолжување на договорот до 2028 година со зголемување на платата од 2.8 на 5.5 милиони евра годишно, но не успеале да го убедат да потпише. Calciomercato наведува дека не се планирани понатамошни разговори меѓу клубот и голманот.
Мењан, според наводите, бара годишна плата од околу 8 милиони евра, што е значително повеќе од тоа што му го нуди италијанскиот клуб. За неговиот потпис сериозен кандидат е Јувентус, како и европски гиганти како Челси, Баерн Минхен и Пари Сен Жермен.
Бидејќи останувањето на Мењан изгледа малку веројатно, Милан започна потрага по нова ‘единица’. Според Tuttosport, главна цел е украинскиот голман на Реал Мадрид, Андриј Лунин. Calciomercato дополнително наведува дека Реал го проценува својот голман на околу 25 милиони евра.
Лудо реми со шест гола на Арсими и Пелистер
Фудбелерите на Арсими одиграа уште еден луд натпревар во домашното првенство ремизирајќи со Пелистер 3-3.
Пелистер добр тргна во натпреварот и преку Керим и Ристовсски поведе со 2-0, резултат со кој замина на полувреме. Само што започна второто полувреме Шефити намали на 2-1, но Пелисстер веќе во 64. минута пстигна и трет гол за 3-1.
Домаќините повторно стапија на сцена во 81 и 83. минута кога постигнаа два гола за целоссно враќање во дуелот и израмнување на 3-3.
Во последните моменти од средбата Арсими остана и со фудбалер помалку откако исклучен беше капитенот Ристевски, сепак веќе беше предоцна за пресврт на Арсими.
Почетино по селекторската приказна во САД сака да се врати во Англија
Селекторот на фудбалската репрезентација на САД, Маурисио Покетино, изјави дека негова желба е еден ден да се врати во Премиер лигата и Лигата на шампиони.
Аргентинскиот стратег се подготвува да ја предводи американската репрезентација на Светското првенство следната година, кое заедно ќе го организираат САД, Канада и Мексико, но посочи дека неговите долгорочни амбиции се да се врати во елитниот европски клупски фудбал.
„Премиер лигата е најдобрата во светот. Секако дека ми недостасува. Многу сум среќен во САД, но секогаш размислувам за враќање еден ден. Тоа е најсилната лига и секако би сакал повторно да се вратам“, рече Покетино.
Аргентинскиот стратег, кој во минатото ги предвидеше Тотенхем, ПСЖ и Челзи, додаде дека има желба во кариерата да освои трофеј во Англија и Лигата на шампиони.
„Бевме толку блиску со Тотенхем. Сакам да го постигнам тоа. Сè уште сум млад, имам енергија, искуство и мотивација да го пробам тоа во иднина“, рече Покетино.
Конте има две опции за замена за повредениот Де Брујне
Наполи е принуден да бара нов играч од средниот ред во зимскиот преоден рок по сериозната повреда на клучниот играч Кевин де Брујне, кој би можел да го пропушти остатокот од сезоната.
Тренерот Антонио Конте го постави доведувањето на нов играч од средниот ред како приоритет, а на врвот на неговата листа на желби е Коби Маину од Манчестер Јунајтед, додека Сунгуту Магаса од Вест Хем се споменува како алтернатива.
Конте мора да бара нов играч од средниот ред, и заедно со Маино, кој падна во втор план во Манчестер Јунајтед, на листата се наоѓа и Сунгуту Магаса од Вест Хем.
Додека Маино останува примарна цел, Магаса се разгледува како алтернатива. Според новинарот Николо Чекарини од „Тутомеркато“, Магаса е поевтина опција бидејќи би можел да биде достапен за само 15 милиони евра.
Поранешниот играч на Монако се приклучи на Вест Хем минатото лето и оваа сезона има одиграно осум натпревари во Премиер лигата, од кои само четири како стратер.
Анастасија Потапова во иднина ќе игра за Австрија наместо за Русија
Русија во само неколку дена остана без две тенисерки. Ако преминувањето на Камила Рахимова во Узбекистан не вознемири никого, со одлуката на Анастасија Потапова сигурно не е така.
Потапова има 24 години и сè уште е прилично перспективна. Била 21-ва на светот, сега е 52-ра, а од наредната сезона ќе ја претставува Австрија. Таа е четврта тенисерка што оваа година го напушти рускиот тенис.
Прво Дарија Касаткина зеде австралиски пасош, па Марија Тимофејева во октомври премина под знамето на Узбекистан.
„Австрија многу ја сакам, целосно се чувствувам како дома. Сакам да бидам во Виена и со нетрпение чекам да создадам дом тука. Горда сум што од 2026 година ќе ја претставувам Австрија во мојата професионална кариера“, напиша Потапова на социјалните мрежи.
Реал му постави ултиматум на Чаби Алонсо
Иднината на главниот тренер на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, е во неизвесност. Мадридскиот клуб постави услов за отпуштање на шпанскиот тренер.
Според „Ел Мундо“, судбината на Чаби Алонсо ќе биде решена во натпреварот од Лигата на шампионите против Манчестер Сити. Доколку Реал Мадрид загуби, шпанскиот тренер ќе биде отпуштен. Одлуката ја донесе управниот одбор на Реал Мадрид на итен состанок.
За потсетување, Реал Мадрид победи само на еден од последните пет натпревари во Ла Лига, со што падна на второто место на табелата. Натпреварот против Манчестер Сити ќе се одигра на 10 декември, а е дел од шестото коло од Лигата на шампионите. Токму од исходот на овој натпревар ќе зависи судбината на Алонсо на клупата на Реал Мадрид.
Исто така, се наведува дека Реал Мадрид веќе е во потрага по нов тренер, а двајца од фаворитите се Зинедин Зидан и Јирген Клоп.
Адин Личина на радарот на неколку калчолигаши
Италијанските великани Јувентус, Милан и Интер, врвните тимови во Португалија Спортинг Лисабон и Бенфика, како и шпанскиот Реал Сосиедад покажуваат интерес за младиот талент на германскиот шампион Баерн Минхен, Адин Личина, известуваат „Билд“ и „Газета дело спорт“.
18-годишното крило е еден од најветувачките младинци кај баварците, а дури беше на предсезонски подготовки со првиот тим. Во моментов, Личина игра за вториот тим на клубот, каде има 16 натпревари со 1 гол и 5 асистенции оваа сезона.
Тој помага и на тимот на Бајерн U19 во Младинската Лига на шампиони, каде има 1 гол и 1 асистенција во 4 натпревари. За Германија U19 има одиграно 7 средби со 1 постигнат гол и една асистенција.
Личина може да си замине оваа зима, имајќи предвид дека договорот му истекува на крајот на сезоната. Се смета дека Баерн нема да бара многу пари за него, но за возврат може да бара процент од следната негова продажба или опција, со која во иднина ќе може да го врати назад во клубот.
Дончиќ спремен да се врати на терените по краткиот одмор во Словенија
Откако пропушти неколку натпревари поради повреда и раѓањето на своето второ дете, словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ ќе се врати во составот на НБА лгашот Лос Анџелес Лејкерс на следниот натпревар против Филаделфија на гостински терен, јавија денеска американските медиуми.
Порано оваа седмица, Дончиќ отпатува во Словенија за да биде со својата партнерка Анамарија Голтес за раѓањето на нивната втора ќерка, Оливија.
Со ефект од четири победи и два порази во отсуство на Дончиќ, Лос Анџелес Лејкерс се израмнети со Денвер на второто место на табелата во Западната конференција (16-6).
Оваа сезона, Дончиќ на 16 натпревари во дресот на Лејкерс има просек од 35,3 поени, 8,9 асистенции, 8,9 скокови, 1,6 украдени топки и 0,6 блокади.
За утрешниот дуел на Лејкерс против Филаделфија сè уште е неизвесен настапот на Леброн Џејмс.
Црвени картони на сите страни: Ендрик „поцрвене“ иако не играше со Селта
Нервозата во таборот на Реал Мадрид на почето против Селта беше огромна, а дури тројца играчи добија црвени картони.
Гарсија и Карерас беа исклучени на теренот и нивните црвени картони беа јасни, но нејасно беше кој „поцрвене“ на клупата на Реал Мадрид во една мешаница.
По мечот стигна информацијата дека црвен картон добил Ендрик.
Бразилскиот удбалер не доби минути на теренот, но доби црвен картон поради кој нема да биде ниту на клупата во наредните натпревари.
На почетокот од јануарскиот преоден рок, Ендрик ќе отиде во Лион на позајмица. Зделката е веќе договорена.