feature

Ренато Санчез ќе игра во Грција, потпиша за Панатинаикос

Играчот на Пари Сен Жермен, Ренато Санчез, ќе продолжи да игра до крајот на сезоната како позајмен во Панатинаикос, потврди денес грчкиот клуб.

Португалскиот играч е веќе осмо засилување на Панатинаикос во летниот трансфер-период.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст

Санчез е дел од Пари Сен Жермен од 2022 година, но за францускиот и европскиот шампион има одиграно само 27 натпревари, бидејќи изминатите две сезони ги помина на позајмици во Рома и Бенфика.

Некогаш голем талент на средина од теренот, Санчез сега има 28 години и зад себе носи впечатливо искуство по клубовите, но кариерата не му се развиваше како што се очекуваше.


Избрканиот Џонатан Роу потпиша за Болоња

Младиот англиски крилен играч Џонатан Роу се пресели од Олимпик Марсеј во Болоња.

Роу претходно беше ставен на трансфер листата во францускиот тим откако се степа во соблекувалната цо соиграчот Адриен Рабио, по поразот во Рен.

И двајцата беа суспендирани поради недисциплина, а Роу веќе си најде нов клуб. Овој поранешен играч на Норич одигра десет натпревари за младата репрезентација на Англија и постигна три гола.

Во Болоња ќе има биде замена за Дан Ндоје, кој замина во Нотингем Форест.


Само реми за Јунајтед на теренот на Фулам

Фулам и Манчестер јунајтед одиграа 1:1, во последниот денешен напревар, одигран во рамките на второто коло во Премиер лигата.

Манчестер јунајтед продолжи онаму каде што застана минатата сезона. Ниту скапите засилувања не ја подбрија играта на „црвените ѓаволи“. Кај Фулам, Јунајтед имаше подобри панси но не успеа да му зададе удар на противникот.

Матеуш Куња во првиот дел ја погоди стативата, а во 38.минута капитенот Бруно Фернандеш не реализира пенал. Ужасно шутираше Португалецот, ударот заврши над голот.

Јунајтед успеаја да постигнат гол, во 58.минута по ударот на Јоро, топката го погоди Муниз го смени правецот и заврши во голот.

Фулам изедначи во 73.минута. Стрелец беше Смит-Роу кој нецели 120 секунди претходно влезе во игра.


Ако го продаде Исак, Њукасл ќе го замени со Норвежанецот Ларсен

Њукасл продолжува да работи на доведувањето на Јорген Странд Ларсен. Вулверхемптон би размислил за продажба по цена од околу 69 милиони евра, но само ако претходно обезбеди двајца напаѓачи како замени, соопштуваат англиските медиуми.

Норвешкиот напаѓач ја заврши минатата сезона со 14 голови во Премиер лигата, а пред оваа сезона, по завршената позајмица, беше трајно задржан од Селта Виго и потпиша долгогодишен договор со Волвс.

Со висина од 193 сантиметри, настапува за Норвешка и се проектира како напаѓач кој одлично комбинира игра со грб кон голот и присуство во шеснаесетникот.

Њукасл го гледа како решение за центарот на нападот во услови на неизвесност околу иднината на Александер Исак, додека динамиката на преговорите ќе зависи од продажбата на Волвс и нивната способност брзо да се добијат нови играчи.


Наместо во Интер, Лукман ќе заврши во Англија

Адемола Лукман во последните два дена беше во контакт со Арсенал, Астон Вила, Челзи, Манчестер Сити и Тотенхем, откако му пропадна трансферот во Интер.

Нигерискиот напаѓач беше еден од клучните играчи на Аталанта во освојувањето на Лигата на Европа минатата сезона. Трансфермаркт ја оцени неговата вредност на 60 милиони евра, што е и сумата што ‘Божицата’ ја бара како отштета.

Да потсетиме, Лукман цело лето беше блиску до трансфер во Интер, но клубовите на крајот не успеаја да се договорат за висината на отштетата.

Изгледа дека на крајот кариерата ќе ја продолжи во англиската Премиер лига. Кој клуб ќе го одбере? Тоа ќе го дознаеме многу брзо.


Два калчолигаши се интересираат за Рабио

Адриен Рабио се замеша во уште еден скандал и Марсеј изрази желба да се раздели од него. Очигледно, Милан и Наполи не се загрижени за неговото однесување и се обидуваат да го привлечат.

Од Наполи контактирале со мајката на Рабио, која воедно му е и агент. Од шампионот на Италија во овој момент само бараат информации за ситуацијата на фудбалерот и под кои услови би се вратил во Серија А. Интересувале се и за платата што би ја прифатил францускиот репрезентативец, кој заработува околу 6 милиони евра годишно.

Милан исто така прашале за Рабио. Интересот постои, но најпрво треба да продадат некој од своите играчи во средниот ред за да ослободат место за него. Клубови од Турција исто така ја следат ситуацијата и би го ангажирале фудбалерот.


Борусија Дортмунд договори два таленти на Челзи

Борусија Дортмунд договори соработка со двајца фудбалери на Челзи, Арон Анселмињо и Карни Чуквемека.

Исклучително добрата соработка што ја имаат Челзи и Борусија Дортмунд продолжува и ова лето.

Во овој преоден рок, „сините“ го купија Џејми Гитенс од Дортмунд за 56 милиони евра, а сега се подготвени да испратат двајца играчи во спротивна насока.

Арон Анселмињо ќе дојде на позајмица, додека Борусија ќе го купи Карни Чуквемека за 25 милиони евра.

Двајцата играчи треба да бидат официјализирани во понеделник, кога се закажани медицински прегледи.

Чуквемека играше за Борусија минатата сезона и постигна еден гол во 10 натпревари од Бундеслигата. Анселмињо, кој е дефанзивец, ја помина минатата сезона на позајмица во Бока Јуниорс.


Манчестер Јунајтед го договори голманот на Антверпен

Манчестер јунајтед, до крајот на преодниот рок ќе го реализира трансферот на белгискиот голман Сене Ламенс од Ројал Антверпен. За услугите на 23-годишниот голман клубот од „Олд Трафорд“ ќе плати 20 милиони евра. Ламенс, досега има повеќе од 50 настапи за Антверпен откако се приклучи од Клуб Бриж пред две сезони.

Неговата вредност значително порасна во последните месеци благодарение на неговата форма и неговиот статус како член на белгиската репрезентација до 21 година, а многу аналитичари го нарекуваат еден од најперспективните голмани во Бенелукс.

Планот на Манчестер јунајтед е со доаѓањето на Леменс да ја зголеми конкуренцијата на голманската позиција, а не да биде непосредна замена за првиот голман Андре Онана.

Тренерот Рубен Аморим јавно го изрази своето задоволство од сегашниот голмански кадар, но раководството на клубот е свесно за можното заминување на Онана на Африканскиот куп на нации на почетокот на 2026 година и бара долгорочна сигурност.


Вардар договори уште едно засилување, доаѓа напаѓач од Уганда

Екипата на Вардар ќе се засили со напаѓачот, Фахад Азиз Бајо, кој повремено настапува и за селекцијата на Уганда.

27-годишниот фудбалер играл за Вишков од Чешка и во израелските тимови – Ашход и Бнеи Сакнин. Црномурестиот голгетер може да дејствува како офанзивен во средниот ред или да игра по страничните позиции.

Бајо во дресот на Уганда се појавил на 22 меча и има постигнато осум голови.


Наполи пред ангажман на Хојлунд

Расмус Хојлунд еден од непожелните играчи во системот на менаџерот Рубен Аморим е чекор поблиску до новиот клуб. До крајот на преодниот рок, Данецот, ќе го засили Наполи.

Италијанскиот шампион мораше да реагира на пазарот откако се повреди Ромалу Лукаку.

Како што објавија италијанските медиуми, Наполи ги заврши клучните преговори. Со фудбалерот клубот го договорил должината на договорот и платата.

Манчестер Јунајтед е информиран за сè, па трансферот е многу блиску до реализација.