feature

Данецот Братвајт го чека пауза од 3-4 месеци

Мартин Брајтвајт има потенцијално тешка повреда.

Според информациите, данскиот репрезентативец, кој имаше болки во коленото, се обиде да се опорави навреме за дуелот со Баерн (Минхен) во Лигата на шампионите, но наместо тоа ја влоши состојбата и предвреме го напушти денешниот тренинг на Каталонците. Доколку се потврди прогнозата за истрошена ‘рскавица на коленото, Брајтвајт може да биде надвор од терените во следните 3-4 месеци. Тој одлично ја започна сезоната со два гола и една асистенција во победата од 4:2 над Реал Сосиедад, а потоа беше стартер против Атлетик Билбао (1-1) и Хетафе (2-1).

30-годишниот фудбалер се приклучува на другиот повреден напаѓач на Барселона, Серхио Агуеро, а новото засилување Лук де Јонг останува единствениот напаѓач во тимот што игра во средина, бидејќи карактеристиките на Мемфис Депај се поголема активност на крилните позиции.


Фламенго е новиот клуб на Давид Луиз

Бразилскиот тим Фламенго на својата официјална веб-страница објави за склучувањето на договор со бразилскиот дефанзивец Давид Луиз. Договорот на 34-годишниот фудбалер со бразилскиот клуб важи до декември 2022 година.

Луис се пресели во Фламенго како слободен играч откако го напушти лондонски Арсенал. Дефанзивецот имаше 30 настапи за „топџиите“ минатата сезона и постигна два гола. Лондонскиот клуб не му понуди нов договор на играчот.

Покрај Арсенал, Луис играше за Челзи, ПСЖ, Бенфика и бразилска Виторија. Во јули беше објавено дека за играчот е заинтересиран турскиот клуб Адана Демирспор, а во јуни, покрај Бенфика, Луис беше нтересен и за Олимпик Марсеј и Интер Мајами.


Куман за завршницата на трансфер периодот: Беше сра*е!

Барселона во последните моменти од преодниот рок остана без Антоан Гризман, кој замина во Атлетико Мадрид, а како негова замена од Севиља го донесоа Лук Де Јонг.

„Едвај имавме време да пронајдеме замена за Гризман. Беше сра*е, но знаев дека заминувањето на Гризман ќе ја поправи финансиската состојба на клубот и затоа го прифатив тој трансфер.“- кажа тренерот на Барселона, Роналд Куман, околу лудницата на последниот ден од преодниот рок.

Гризман замина на позајмица во Мадрид за 10 милиони евра, а ако одигра најмалку 50 проценти од натпреварите, Атлетико ќе мора да го откупи за 40 милиони евра, три пати помалку од парите за кои го продаде во Барселона пред две години.


Надал го санираше стапалото и со патерици ја напушти клиниката

Додека Новак Ѓоковиќ е пред најголемиот натпревар во својата кариера за рекорден 21 грен-слем трофеј, неговиот голем ривал, Шпанецот Рафаел Надал, се бори со повреда на стапалото.

Моментно петторангираниот тенисер во светот и сопственик на 20 грен – слем титули, обзнани денеска дека имал лекарски третман на левото стапало.

Бев во Барселона со својот тим и лекарската екипа и добив третман поради кој ќе морам да мирувам неколку денови, а извесен период и од тениските терени, порача 35-годишниот Надал.

Тој објави фотографии по третманот, кои покажуваат дека шпанскиот тенисер во овој момент има потреба од патерици за да се движи. Ниту Надал, ниту шпанските медиуми, не наведоа за каков третман станува збор и колку долго ќе мора да паузира од тенисот.


КОНМЕБОЛ ќе гласа против идејата за СП на секои две години

Јужно-американската фудбалска конфедерација – КОНМЕБОЛ се изјасни против идејата за одржување на Мундијалот на секои две години.

„Светското првенство на секои две години може да го намали квалитетот на најзначајниот фудбалски настан на планетава. Светското првенство е настан што го привлекува вниманието и очекувањата на милијарди луѓе, бидејќи тоа е кулминација на четиригодишниот циклус кој има динамика и привлечност “, се вели во соопштението на КОНМЕБОЛ.

„Светското првенство на секои две години ќе го збие календарот и ќе го загрози квалитетот на другите турнири како клупски така и национални. Го поддржуваме актуелниот модел на Светското првенство“, се вели во соопштението на КОНМЕБОЛ.


Давид Луиз се врати во Бразил, потпишува за Фламенго

Бразилскиот ефанзивец Давид Луиз после 14 сезони поминати во Европа кариерата ќе ја продолжи во својата татковина во дресот на Фламенго.

Откако му заврши договорот со Арсенал, Давид Луиз беше слободен агент и имаше понуди од неколку европски клубови.

Се шпекулираше дека преговара со Лацио, Марсеј и Салернитана, но на крајот одлучи да ја прифати понудата од Фламенго и се врати во татковината.

Давд Луиз играше за Бенфика, Челзи, ПСЖ и Арсенал, освои многу значајни трофеи меѓу кои и Лигата на шампиони со „сините“.


Кумановец во Евротип стана милионер по ВТОР пат!

Велат за среќа е потребно малку, а тоа малку понекогаш е само обложување во Евротип!

Тоа најдобро го знае кумановецот кој пред неколку денови го освои ВЛТ милионерскиот џекпот во Евротип во висина од скоро милион и пол денари, а она што е уште поинтересно е тоа што овој обложувач и верен посетител на Евротип се врати „на местото на злосторството“.

Имено, токму тој пред само две години, на истото место го освои истиот џекпот!

Евротип е местото каде среќата и знаењето можат да ви донесат добивка, а доказ за тоа е што претходно беше освоен и џекпот во висина од осум милиони денари!

Обложувајте се и очекувајте големи добивки и понатаму во спортските обложувалници Евротип, а доколку остварите добивка – не застанувајте тука. Среќата знае да подари и по втор пат!


Хасани Гравет прв кошаркар од македонскиот шампионат во НБА лигата

Американецот Хасани Гравет стана првиот играч, кој од македонското кошаркарско првенство директно се пресели во НБА лигата, откако доскорешниот бек на шампионот МЗТ Скопје Аеродром стана нов член на Орландо Меџик.

Гравет минатата сезона во дресот на МЗТ Скопје настапи на 26 средби од домашното првенство со просек од 12,1 поени, 4,4 скокови и 3,7 асистенции, додека во АБА 2 лигата на 12 натпревари просечно реализираше 12,4 поени, 3,9 скокови и три асистенции.

Американецот Гравет му се приклучи на тимот на Орландо во Летната лига, каде имаше просек од осум поени и по 2,6 скокови и асистенции по што доби шанса за докажување во тренинг – кампот на „магичните“ во пресрет на новата сезона.


Фергусон: Ми олесна, не смеев да дозволам Роналдо да потпише за Сити

Кристијано Роналдо вчера по втор пат дебитираше за Манчестер јунајтед со два гола против Њукасл откако во последните денови од летниот преоден рок направи трансфер на Олд Трафорд.

КР7 се најавуваше како ново засилување на Манчестер Сити, но во последен момент дојде до пресврт и тој се врати во редовите на „ѓаволите“. Тогаш се шпекулираше дека Сер Алекс Фергусон одиграл клучна улога и го убедил Португалецот да ја одбере црвената боја на Манчестер.

„Многу луѓе си ја одиграа својата улога, да и јас дадов допринос знаејќи дека тој сака да се врати, и тоа беше многу важно. На крајот се добро се заврш. Возбуден сум, ми олесна бидејќи не можев да го замислам во дресот на Манчестер Сити, мислам дека ниту еден фан не можеше да го замисли тоа. Затоа се погриживме тој да се врати тука, разговарав и со семејството Глејзер и успеавме во намерата“.


Галатасарај доведе единаесет новајлии, Густаво Асунсао последно засилување

Галатасарај промовираше уште еден играч во своите редови.

Поранешниот член на младинскиот тим на Атлетико Мадрид, Густаво Асунсао кој играше две сезони во португалски Фамаликао пристигнува во Истанбул.

Асунсао пристигнува на позајмица до крајот на сезоната и за него клубот ќе плати 100.000 евра со опција за откуп на договорот. Во кариерата Асунсао настапуваше и за селекциите на Барселона до 17 и до 23 години.

Неговото презиме во фудбалскиот свет е добро познато затоа што е син на пензионираниот фудбалер на Бразил, Пауло Асунсао.

Инаку, тој е 11. играч кој летово потпиша за Галатасарај. Пред него пристигнаа Виктор Нелсон, Александар Цикалдау, Беркан Кутлу, Олимпиу Моруцан, Барис Јилмас, Саша Беј, Патрик ван Анхолт, Ајтак Кара, Алпаслан Озтурк и Халил Дервисоглу.