feature

Клоп: Го заслужив добиениот црвен картон

Тренерот на Ливерпул Јирген Клоп изрази огромно задоволство од победата на својот тим во дербито со Манчестер Сити од 1:0, во 10.коло на Премиер лигата. Единствениот гол на средбата го постигна Мохамед Салах во 76.минута.

„Натпреварот беше извонреден. Двата тима беа феноменални и силно ја посакуваа победата. На крајот ние успеавме да реализираме една од подобрите ситуации и затоа победивме. Околу моето исклучување во 86.минута сакам да истакнам дека беше заслужено, бидејќи реагирав бурно за стартот над Салах, и не сум горд на таа ситуација“, истакна Клоп после средбата.


ФИФА ќе им компензира на клубовите за мундијалскиот настап

Светската фудбалска федерација ќе им плати на клубовите 209 милиони долари за учеството на нивните играчи на Светското првенство во Катар на крајот на годинава.

Секоја екипа ќе добие по 10.000 долари за секој ден што играчот ќе го помине со националниот тим на Мундијалот. Организацијата потсети дека по Светското првенство во 2018 година обештетување добиле вкупно 416 клубови.

Најзначајниот фудбалски настан на планетава ќе се одржи во Катар од 20 ноември до 18 декември.


Фудбалската топка со која Марадона ги постигна славните голови против Англија на СП 1986. ќе се продава на аукција

Англискиот Би-Би-Си пренесува дека топката со која аргентинската фудбалска легенда Диего Марадона ги постигна двата славни гола против Англија на Светското првенство кое во 1986. година се одржа во Мексико, ќе бидат понудени на аукција. 

Според проценките, се очекува фудбалската топка да постигне продажна цена помеѓу 2,5 и 3 милиони фунти. Топката ја продава тунискиот фудбалскиот судија Али Бин Насер кој ја делеше правдата на дуелот помеѓу Аргентина и Англија, и го призна голот на Марадона наречен „божја рака“, со кој го совлада англискиот голман Питер Шилтон.

Аукцијата на која ќе се продава топката е закажана за 16.ноември и ќе биде во склоп на настаните пред започнувањето на СП во Катар.


Еспирито Санто повторно на клупата на Вулверхемптон?

Според пишувањата во некои англиски медиуми, поранешниот тренер на Вулверхемптон, Нуњо Еспирито Санто, би можел повторно да го преземе водењето на екипата после 17 месеци откако беше отпуштен од тренерската позиција во клубот.

После отказот на Бруно Лаж и пропаднатите преговори со фаворитот за тренерското место, шпанецот Хулен Лопетеги, челниците на Волвс размислуваат да му понудат нова шанса на Еспирито Санто, кој во моментот е тренер на клуб од Саудиска Арабија.

Вулверхемптон во новата сезона има освоено само шест бода и по се изгледа на клубот му треба брза одлука за назначување нов тренер.


Македонија оствари убедлива победа над Турција

Ракометната репрезентација на Македонија ја забележа втората победа во квалификациите за Европското првенство 2024. година, совладувајќи ја Турција на гости со резултат 36:27.

Со оваа победа Македонија е на чекор до обезбедување пласман на ЕП, и до крајот на квалификациите борбата ќе биде со Португалија за освојување на првото место во групата кое би значело и подобра позиција на жребот за одредување на групите.

Најдобар стрелец на средбата беше Талески со седум постигнати гола, а се истакнаа и голманите Митревски со седум и Томовски со шест одбрани.


На денешен ден “16 Октомври”

На денешен ден "16 Октомври"

На 16-ти Октомври 2002 година Англичанецот Дејвид Симан донесе повеќе критики за „чуварот на мрежата“ на Арсенал кога му дозволи на Mакедонскиот Артим Шакири да постигне гол директно од корнер.

Ремито 2-2 со Македонија во евроквалификацискиот натпревар на Сент Мери во Саутемптон се покажа како 75-ти и последен настап за Дејвид Симан за неговата земја.


Тенисерот Андреас Сепи најави крај на кариерата

Тенисерот Андреас Сепи најави крај на кариерата

Италијанскиот тенисер Андреас Сепи ја најави својата одлука да се повлече од играњето професионален тенис, и дека АТП турнирот во Наполи кој ќе се одржува идната недела ќе биде негов последен.

Сепи одлуката за крај на кариерата ја донел на УС Опен, кога на натпревар од турнирот осетил болка во рамото после само три одиграни гема. Тогаш му станало јасно дека неговото тело не може да ги издржи напорите за игра на највисоко ниво.

38-годишниот Сепи во својата кариера има освоено три трофеи, а најдобар пласман во кариерата му е 18.место на АТП листата во 2013.година.


Фоден го продолжи договорот со Манчестер Сити до 2027.година

Фоден го продолжи договорот со Манчестер Сити до 2027.година

Фудбалерот на Манчестер Сити, Фил Фоден, го продолжи договорот за уште три години, и ќе остане во клубот до 2027.година.

Неговиот претходен договор со Сити беше со важност до 2024.година. Според информациите, англискиот репрезентативец со новиот договор ќе заработува 200 илјади фунти неделно.

22-годишниот Фоден дебитираше за првата екипа во ноември 2017.година и до сега има одиграно 182 натпревари и постигнати 52 гола.

Фоден има забележано и 18 натпревари во дресот на англиската репрезентација со постигнати два гола.


Александар Митровиќ се врати на тренинзите во Фулам

Александар Митровиќ се врати на тренинзите во Фулам

Тренерот на премиерлигашот Фулам, Марко Силва, ја потврди информацијата дека српскиот напаѓач Александар Митровиќ повторно тренира со остатокот од тимот после повредата од минатата недела.

Тренерот Силва изјави дека клубот ја прати ситуацијата со Митровиќ и дека ќе ја чекаат конечната одлука од лекарскиот тим после која ќе се знае дали тој ќе биде подготвен за игра овај викенд.

Митровиќ поради повредата го пропушти претходното коло во Премиер лигата.


Гвардиола: Ливерпул и понатаму ни е главен ривал за титулата

Гвардиола: Ливерпул и понатаму ни е главен ривал за титулата

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, пред одигрувањето на натпреварот од Премиер лигата против Ливерпул на Енфилд вели дека иако „црвените“ во моментот се десетти на табелата, тие остануваат главен ривал на Сити во битката за титулата.

„Од кога пристигнав во Премиер лигата, натпреварите со Ливерпул биле најтешки за мојот тим, секогаш сме или пред или зад нив на табелата. И дуелот што следува ќе биде тежок и не очекувам ништо помалку од тоа. Знам каков квалитет поседува Ливерпул, и сега не е битно која е нивната и нашата позиција на табелата“, изјави Гвардиола пред дерби натпреварот.