feature

Надал го откажа Вимблдон заради психолошки замор

Тренерот на Рафаел Надал, Карлос Моја ја коментираше одлуката на 20-кратниот шампион на Грен слем турнирите да ги пропушти Вимблдон и Олимписките игри.

„Сезоната на земјени терени се покажа како многу тешка, со голем физички и психолошки притисок. По Ролан Гарос, Рафа беше целосно исцрпен. Сега тој има заслужен одмор. Кариерата за врвен играч е маратон, трка на долги патеки со тешки одлуки што треба да се донесат и тој одлучи дека е најдобро да застане за да ги наполни батериите. Пред две години, Рафа достигна точка на екстремен психолошки замор, од кој беше многу тешко да се излезе. За жал, тој сега е повторно близу до таа состојба. Тој не може да си дозволи да игра Грен слем ако не е 100% подготвен“,  изјави Моја.

Надал по завршувањето на Ролан Гарос соопшти дека нема да учествува на Вимблдон и на Олимпијадата во Токио.


Нова бизарна ситуација на ЕУРО поврзана со КОВИД-19

Пандемијата на коронавирусот продолжува да го крои Европското фудбалско првенство. По бизарната одлука шкотските фудбалери да не мораат во изолација, за разлика од неколку англиски фудбалери по контактот со позитивен шкотски играч, сведочиме на уште една несекојдневна ситуација.

Во сабота од 18. часот на Јохан Кројф Арена ќе играат Данска и Велс, а се чини дека само една репрезентација ќе ја има поддршката на навивачите.

Првите информации говореа дека холандската влада поради епидемиолошката ситуација нема да дозволи доаѓање на Данци и Велшани, но одлуката е променета.

Данците ќе можат на натпреварот, но со услов да ја напуштат Холандија по 12 часа поминати во таа земја. Покрај тоа, мораат да имаат негативен ПЦР тест не постар од 72 часа.

Таа можност ја немаат Велшаните.


Евробаскет: Историски подвиг на БиХ!

Селекцијата на БиХ продолжи со одличните настапи на женскиот Евробаскет. Откако обезбедија пласман во осминафиналето, во супер-пресметката излегоа како победници и против Хрватска (80:69), што беше доволно да обезбедат место во четвртфиналето на евро-шампионатот кој се одржува во Шпанија и во Франција. Ова се случува за прв пат во својата историја, во оној женски сегмент.

Покрај храбрите Босанки, понатаму продолжуваат и селекциите на Русија, Шведска и Шпанија.

Еден од ко-организаторите на првенството, Шпанија, доминираше во мечот против селекцијата на Црна Гора (78:51). Репрезентацијата на Шведска изненадувачки лесно ја победи Италија (64:46), додека пак Русија ја елиминира Словенија со високиот триумф од (93:75).

По слободниот ден на шампионатот, веќе од денеска стартуваат четвртфиналните возбудувања.

Од 18.часот, за место во полуфиналето ќе се борат Белорусија и Шведска, односно Франција и БиХ. Во 20.45 часот, стартува дуелот помеѓу селекциите на Русија и Белгија, додека дербито на оваа фаза е од 21.часот, кога на теренот во Валенсија ќе истрчаат селекциите на Шпанија и на Србија.


Буфон: Доста беше резерва, дојдов во Парма за да бранам

Буфон од неодамна и официјално се врати во Парма, италијанскиот голман ќе ја заврши кариерата во клубот каде што ја започна.

Сега Буфон откри дека тој имал понуди од два топ клубови, меѓутоа се одлучил да игра повторно во Парма.

„Парма ми го понуди она што другите не можеа. Имав понуди од два клуба, еден од нив играше и во Лигата на шампионите. Сепак, јас се изморив да бидам резерва. На крајот и за овој клуб чувствувам посебни емоции“, изјави Буфон.


„Кралсвите“ не го сакаат Погба како дел од трансферот на Варан

Реал Мадрид ја одбил понудата на Манчестер Јунајтед за размена која ги вклучувала Пол Погба и Рафаел Варан.

Интересно е што двајцата Французи имаат договор со своите клубови до 2022 година и одбиваат да ја продолжат соработката.

Двајцата сакаат да ја променат средината, а Варан е голема желба на Манчестер Јунајтед. Меѓутоа, „кралевите“ ја одбиле понудата на „црвените ѓаволи“ бидејќи сакаат само кеш.

Реал е спремен да го продаде дефанзивецот доколку пристигне понуда од 60 милиони евра бидејќи подготвува сериозна финансиска понуда за Килијан Мбапе.


Суарез измисли нов начин за „крадење“ на време!

Репрезентацијата на Уругвај одигра 1:1 против Чиле во средбата од третото коло во групната фаза на Копа Америка.

Чиле поведе во 26. минута со погодокот на Едуардо Варгас, а бодот на Уругвај го донесе Артуро Видал на средината од второто полувреме, кога ја испрати топката во својата мрежа.

Дека Уругвајците беа задоволни и со бод од овој натпревар, покажал и еден детал од завршницата.

Луис Суарез измисли нов начин како би задржал време. Откако топката заврши во гол-аут, тој застана пред голманот на Чиле, Клаудио Браво и ја изваде копачката. Браво, некогашниот соиграч на Суарез од Барселона, отиде два метра подалеку и се обиде да ја врати топката во игра, но уругвајскиот напаѓач повторно застана пред него за да ја облече копачката.

Во групата А, Аргентина е прва со седум бодови, Чиле е втор со пет, Парагвај трет со три, додека Уругвај има еден бод, а Боливија е без бодови. Последните три репрезентации досега одиграа само два натпревари, а најдобрите четири ќе се пласираат во четвртфинале.

https://twitter.com/i/status/1407272452502298626



Меси го добива најубавиот подарок за роденден!

Капитенот на Барселона и репрезентацијата на Аргентина, Лионел Меси ќе го продолжи договорот со Каталонците на уште две години!

По доста неизвесности за Барселона и нивните навивачи, конечно можат да се опуштат. Лионел Меси ќе остане во Каталонија уште две сезони, а потоа се сели во МЛС, односно во Интер Мајами, па по крајот на професионалната кариера ќе добие функција на „Камп Ноу“.

Наскоро треба да следи и официјално соопштение по повод договорот на Аргентинецот со претседателот на клубот Лапорта, а со оглед на тоа што роденденот на Меси е утре, тој ќе биде оној што ќе го подели подарокот со навивачите.

Она што е интересно е дека Меси се согласи на намалување на платата, што за Барселона беше од круцијално значење со оглед на тоа што Ла Лига им се „закани“ со одземање на лиценцата за натпреварување наредната сезона поради големи долгови.

Последниот договор на Меси ја чинеше Барселона 24 милиони евра на годишно ниво, а вкупно 96 милиони евра. Сега ќе биде на половина. Исто така, Барселона двегодишната плата на Меси ќе ја исплаќа во наредните пет години.



„Светците“ ја зголемија понудата за Ашраф Хакими

ПСЖ е подготвен да ја зголеми својата понуда до Интер за Ашраф Хакими на скоро 75 милиони евра со вклучените бонуси, информираше „Скај Спорт“.

Предлогот ќе се објави официјално наскоро и ќе биде прифатен. Агентот на Мароканецот веќе откри дека неговиот клиент дефинитивно го напушта италијанскиот шампион.
Челзи е другиот сериозен кандидат за Хакими, но од таму за возврат нудат помала сума и играчи за размена. Поради финансиската криза, Интер повеќе сака да добие пари и најверојатно ќе потпишат договор со ПСЖ.



„Навиваме и добиваме“ во полн ек – вклучи се и ти!

Скоро сме на половина од фудбалското Европско првенство, финализира групната фаза, а со тоа ќе започнат и поголемите возбудувања во елиминациите, каде секогаш натпреварите ветуваат интересни резултати, голови и вистинска фудбалска магија.

Репрезентацијата на Македонија нема да го продолжи својот настап, но со спортските обложувалници Евротип и понатаму навиваме и добиваме!

Токму тоа е мотото на наградната игра која е во полн ек, а со која во текот на целиот овој фудбалски месец Ве очекуваат бројни вредни награди!

Најсреќните двајца добитници, односно оние кои во текот на Европското првенство ќе имаат тикети со највисок погоден коефициент, еден тикет во регуларна уплата и еден со највисок коефициент од понудата за обложување во живо, ќе бидат наградени со вреден четирицикл!

Возбудувањата не застануваат тука, па награди се доделуваат и на секои четири, пет дена! Не се заборавени ниту оние „малерозни“ кои ќе промашат само еден натпревар на тикетот, па секој таков тикет кој ќе има највисок погоден коефициент (не сметајќи го промашениот пар), ќе биде наградуван со Самсунг Галакси А52 во текот на Европското првенство!

Сега е вистинскиот момент и за користење на Евротип клуб картичката, која доколку се уште ја немате, можете во секој момент да се обратите кај операторот во вашето уплатно место и да ги искористите сите поволности.

„Навиваме и добиваме“ до самиот крај на Европското првенство!

www.evrotip.mk



Томас Милер го пропушта дуелот во Будимпешта

Матс Хумелс и Илкај Гундоган го одработиле целосно денешниот тренинг со германската репрезентација, а Томас Мулер е сè уште под знак прашање за последниот натпревар од групната фаза на Европското првенство против Унгарија, кој се игра утре вечер.

Тројцата го пропуштија тренингот во понеделникот, а Милер денес одржа индивидуална сесија во кампот Германија. Sвездата на Баерн има болка во коленото и медиумите во земјата очекуваат тренерот Јоаким Лев да го чува за следната фаза на ЕП. Тој треба да биде заменет со Леон Горетцка или Тимо Вернер.

Хумелс, дефанзивецот на Борусија Дортмунд, ќе биде на располагање на Јоаким Лев по третманот за повреда на коленото. Играчот за врска на Манчестер Сити, Илкај Гундоган имаше болка во мускулот, но може да игра и против Унгарците.