feature

Португалецот Рубен Диас го продолжи договорот со Манчестер Сити

Најдобриот играч на Манчестер Сити минатата сезона, Рубен Диас денес стави потпис на нов договор.

Според новиот договор Диас со обврза на верност со „граѓаните“ до 2027 година и ќе добие значително зголемување на платата.

„Диас доби двојно повисока плата и во наредните шест години ќе добива 165.000 фунти неделно.

Португалецот пристигна од Бенфика минатото лето и се етаблираше во еден од клучните играчи во тимот на Гвардиола.


Флик го потврди Нојер како старо-нов капитен на германската репрезентација

Ханси Флик, потврди дека голманот на Баерн(Минхен, Мануел Нојер, ќе продолжи да ја носи капитенската лента кај „панцирите“.

„Да, Нојер ќе остане капитен на Германија. Нојер за мене е играч од светска класа и човек кој може да го води тимот“,  изјави Флик кој ќе дебитира на клупата в четврток на мечот со Лихтенштајн во квалификациите за Мундијалот.


Арсенал не стартувал вака лошо од 1954 година

Актуелниот англиски шампион Манчестер Сити го декласираше во саботата Арсенал со 5-0 (3-0) во рамки на првиот натпревар од 3. коло во Премиер лигата.

Стрелци за Сити беа Гундоган (7 минута), Торес (12, 84), Жезус (43) и Родри (53).

Арсенал, кој дербито во Манчестер го играше 55 минути со фудбалер помалку поради исклучувањето на Џака, го претрпе третиот пораз во новата сезона што за лондонскиот премиерлигаш е најлош старт од 1954 година.

Арсенал е последно пласиран на табелата со гол-разлика 0-9.


Само вакцинирани судии ќе водат натпревари во НБА лигата

НБА лигата објави дека е постигнат договор со асоцијацијата на НБА судии, и ќе бара сите судии кои ќе делат правда на натпреварите од најсилната кошаркарска лига на светот, задолжително да бидат вакцинирани со вакцина против Ковид-19. Исклучок може да се направи само ако некој судија од медицински или религиозни причини не смее да се вакцинира.

Судии кои нема да сакаат да се вакцинираат, нема да може да судат во НБА.

Со ова, се зголемува листата на лица од кои НБА бара да бидат вакцинирани. Вакцини им се потребни и на тренерите, лекарските тимови, обезбедувањето во салите, тимовите за комуникација, раководни луѓе од клубовите. Мајами хит и Сакраменто кингс побараа од сите вработени да се вакцинираат, а некои клубови од публиката ќе бараат доказ за вакцинација при влез во нивната арена.


Кин се враќа во Јуве, по кратките авантури во Евертон и ПСЖ

Напаѓачот Моис Кин е блиску до враќање во Јувентус. Торинскиот клуб се договори за закуп на фудбалерот со обврска да го откупи под одредени услови. Утре, 21-годишниот фудбалер ќе помине лекарски преглед за да го комплетира трансферот. Вкупниот износ на зделката ќе биде околу 20 милиони евра.

Кин се пресели од Јуве во Евертон пред две години за 25 милиони фунти. Неговиот актуелен договор со англискиот клуб истекува во 2024 година.

Италијанецот дебитираше за Јувентус во 2016 година, кога тимот го предводеше Масимилијано Алегри кој се врати во Торино ова лето. Минатата сезона, Кин играше за ПСЖ на позајмица.


Тројца ковид-позитивни во У21 репрезентацијата пред дуелот во Франција

Македонската репрезентација до 21 година ги започна подготовките за квалификациските натпревари против Франција во Ле Ман на 2. септември и против Србија на 7 септември во Охрид на стадионот „Билјанини Извори“.

Селекторот Драги Канатларовски се соочува со проблеми поради отсуството на Марио Младеновски (Ботев Пловдив), Адриан Хајдари (Рапид Виена) и Димитар Тодоровски (Работнички). Тројцата поради позитивен Ковид-19 тест ќе ги пропуштат двата воведни натпревари од квалификациите за ЕП 2023. Амел Рустемоски од швајцарски Вил поради повреда заработена на клупскиот тренинг не е во можност да се стави на располагање за првиот меч против Франција.


Пуштени во продажба билетите за натпреварот Македонија – Ерменија

Од денес може да се купат влезници за квалификациските мечеви на нашите најдобри фудбалери против Ерменија на 2 септември и Романија на 8 септември на националната арена – „Тодор Проески“ во Скопје.

Влезниците по цена од 300 денари можат да се набават преку продажната мрежа на –„MKTickets“. Според протоколите за заштита од Ковид-19, на стадионот ќе може да влезат само лица кои имаат сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од Ковид-19 односно примена најмалку прва доза, или лица кои поседуваат сертификат/потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, гледајќи од денот на оздравувањето.

Тоа не се однесува на лица под 18 годишна возраст.


Директорот на Дортмунд откри дали Халанд ќе се пресели во ПСЖ

Директорот на Борусија Дортмунд, Михаел Зорц е лут поради поврзувањето на Ерлинг Халанд и ПСЖ, јавуваат германските медиуми.

Зорц остро реагираше на наводите дека Халанд за 200 милиони евра ќе премине во ПСЖ, кој во норвешкиот напаѓач наводно гледа замена за Килијан Мбапе, кој има желба да премине во Реал Мадрид. Сепак, Дортмунд не размислува за продажба на играчот со кого има договор до 2024. година.

„Ние сме фудбалски клуб, а не банка! Нашиот став е јасен и не се промени. Претпоставувам дека ќе има уште наводи во наредните неколку дена, но нашиот став е јасен и нема да го повторувам секој пат.“ – вели Зорц.

За Халанд интерес покажаа сите големи европски клубови, но Дортмунд не сака да го продаде ова лето. Цената на овој напаѓач наредното лето ќе изнесува 70 милиони евра, бидејќи тогаш ќе се активира клаузулата во која стои дека ќе може за тој износ да го напушти клубот.


Почина поранешниот претседател на ИОК, Жак Рог

Поранешниот долгогодишен претседател на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Жак Рог, почина на 79-годишна возраст, соопшти ИОК.

Белгиецот Рог, кој настапи на три последователни олимписки игри (1968, 1972, 1976) во дисциплината едрење, а во младоста беше и рагби играч, застана на чело на олимпиското движење во јули 2001 година, наследувајќи го на функцијата Бразилецот Хуан Антонио Самаранч,

„Целото олимписко движење е во длабока жалост поради загубата на голем пријател и страстен љубител на спортот. Прво и најважно, Жак беше вљубеник во спорот и беше со спортистите, пренесувајќи ја својата страст кон спорот на сите што го познаваа. Неговата радост во спорот беше заразна. Тој беше успешен претседател, кој помогна во модернизација и трансформација на МОК, изјави претседателот на ИОК, Томас Бах, кој го наследи Рог на должноста во 2013 година“


Пике „дебело“ ќе го наплати трансферот на Меси во ПСЖ

Жерар Пике покрај професионалната фудбалска кариера, гради и бизнис кариера.

Компанијата на Пике, „Космос Холдинг“ ја искористи шансата и ги откупи правата за пренос на натпреварите од Лига 1 во Шпанија во следните три години.

Пике повлече тактички потег со оглед на тоа дека Лионел Меси неодамна се пресели во ПСЖ, па тоа ќе му донесе многу пари на дефанзивецот.

Меси се очекува да дебитира вечерва против Ремс, а Пике сигурно ќе заработи многу пари, иако засега не се открива точната сума.