feature

Вардар со забрана од ЕХФ за настап во ракометната Лига на шампиони

Според информациите од европските ракометни кругови, македонскиот шампион Вардар 1961 го губи местото за настап во Лигата на шампионите за сезоната 2022/2023.

Како причина за евентуалната забрана за учество на Вардар во Лигата на шампионите, од ЕХФ ја истакнуваат несредената финансиска ситуација во клубот која трае уште од минатата сезона.

Официјалната одлука за судбината на двократниот освојувач на ЛШ, се очекува да биде донесена до крајот на оваа недела.


Де Хеа ја критикува работата на тренерите на „Олд Трафорд“

Давид де Хеа е прилично незадоволен од работата со тренерите на клубот во последните години. 31-годишниот Шпанец е еден од најконстантните играчи на „црвените ѓаволи“ во последните сезони, па дури и ја освои наградата за најдобар играч во клубот минатата сезона.

Во исто време, сепак, тој беше предмет на одредени критики за неговата игра, а особено за неговото учество во поседот на топката, одење по високи топки, како и за неговата игра надвор од шеснаесетникот.

Сепак, Шпанецот смета дека тренерите со кои соработувал во последните години на „Олд Трафорд“ се виновни што не ги развил целосно своите квалитети, пишува Атлетик.

Низ Манчестер Јунајтед поминаа некои многу сериозни специјалисти како тренери на голмани. Сепак, Де Хеа има забелешки во работата со нив. Смета дека тоа е причината поради која го загуби стартното место во шпанската репрезентација, бидејќи Луис Енрике претпочита голмани кои се корисни не само за одбранување на ударите на противникот, туку придонесуваат и за другите аспекти на играта.


Мирко Ивановски потпиша за романски Петролул

Некогашниот македонски фудбалски репрезентативец, Мирко Ивановски денеска и официјално е промовиран во романскиот клуб Петролул. Членот на елитната конкуренција денеска го промовираше нашиот интернационалец, кој минатата сезона беше дел од екипата на Динамо Букурешт.

За Ивановски ова ќе биде трет клуб во Романија откако веќе го носеше дресот и на екипата на Клуж во 2014 година.


Кулибали е замената за Кјелини во Јуве

Јувентус е заинтересиран и спрема понуда за дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали пренесува „Газета дело Спорт“. „Старата дама“ бара замена за Џорџо Киелини, кој го напушта клубот ова лето после 17 години, а Кулибали е на врвот на листата желби. Сенегалецот најверојатно ќе го напушти Наполи ова лето. Тој влегува во последната година од договорот, а претседателот на Наполи не ја исклучи можноста за негова продажба.

30-годишниот Кулибали сака да го напушти Наполи и верува дека сега е вистинското време да направи чекор напред во кариерата, а покрај Јувентус интерес за него покажува и Барселона.

Јувентус во наредните денови ќе испрати официјална понуда, но Наполи преферира да го продаде надвор од Италија.


Реал Мадрид го претстави Антонио Рудигер

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид го промовира Антонио Рудигер како свое најново засилување.

Веќе подолг период беше познато дека репрезентативецот на Германија постигна договор со кралскиот клуб за негов трансфер во Мадрид, но неговата официјална промоција се случи откако тој успешно ги заврши лекарските прегледи и останатите формалности.

Дефанзивецот Рудигер во Реал Мадрид пристигна како слободен играч без обештетување откако заврши неговиот договор со Челзи. Фудбалерот потпиша договор на четири години, и во Реал ќе го носи дресот со број 22.


Клоп го менува Мане со Марко Асенсио

Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, сака да го ангажира играчот на Реал Мадрид, Марко Асенсио, како замена за Садио Mане кој деновиве се пресели во екипата на Баерн Минхен.

Младиот фудбалер на „кралевите“ неодамна истакна, дека не е задоволен од минутажата и финансиските услови и затоа сака да го напушти стадинот – „Сантијаго Бернабе“.

Таа ситуација ќе се обидат да ја искористат „црвените“ и да го убедат да се пресели на – „Енфилд“.


Џирона е нов член на шпанската Примера

Фудбалерите на Џирона од наредната сезона ќе настапуваат во Ла Лига, откако во реванш дуелот од финалниот бараж во плеј-офот беа подобри од Тенерифе со резултат 3:1. Првиот натпревар меѓу двата противници заврши без голови.

Екипата на Џирона повторно ќе заигра во најсилната шпанска лига после сезоната 2018/2019 година. Претходно директен пласман во елитата обезбедија Алмерија и Ваљадолид.


Ериксен одбил трансфер во Манчестер Јунајтед

Порталот „Атлетик“ објави дека фудбалерот на Брентфорд, Кристијан Ериксен, ја одбил понудата за трансфер во Манчестер Јунајтед ова лето.

Изборот на играчот од средниот ред ќе биде дали да остане Брентфорд или да се врати во неговиот поранешен клуб Тотенхем. Актуелниот договор на данскиот репрезентативец со Брентфорд истекува на крајот на овој месец и тој се уште нема донесено конечна одлука за својата иднина.

Манчестер Јунајтед доставил понуда до Ериксен, но тој одбил бидејќи сака да остане во Лондон.


Евротип на „Пикник у Пелинце“

Многу музика, бројни диџеи, природа, чист воздух, многу забава и многу добивки од Евротип за присутните на настанот „Пикник у Пелинце“, кој се одржа во саботата во Пелинце, кумановско.

Евротип беше дел од овој настан, каде заедно со присутните придонесоа за уште подобра забава, со интерактивни игри, пронајди го кошот, ваучери, како и клуб картички кои беа предизвик за сите присутни.

Настанот започна точно на пладне во 12:00 часот, а заврши доцна во ноќта. Посетители имаше од сите краишта на државата, а Евротип како поддржувач на вакви настани, каде акцентот е ставен на младите и нивното урбано живеење продолжува и понатаму.


Роналдо во Ваљадолид ги носи Марсело и Дани Алвес

Шпанските медиуми пренесуваат дека мнозинскиот сопственик на фудбалскиот прволигаш Ваљадолид, бразилската легенда Роналдо, планира да ги ангажира Марсело и Дани Алвес.

Ваљадолид оваа сезона повторно ќе настапува во Ла Лига, па Роналдо посакува во тимот да ги доведе двајцата свои сонародници.

Како што е познато 34-годишниот Марсело неодамна се раздели со шампионот Реал Мадрид, додека 39-годишниот Алвес ќе си замине од Барселона но сака да продолжи со настапите во Шпанија.