feature

ФИБА го објасни системот за квалификации за Мундобаскетот

Квалификациите за Мундобаскетот ќе се играат во две фази од по три „прозорци“, во периодот од ноември 2021 до февруари 2023 година.

ФИБА одлучи малку да го промени системот, па во првата, 32 репрезентации во европските квалификации ќе бидат поделени во осум групи од по четири. Првопласираните три од секоја група одат во следната фаза каде се спојуваат со друга и ги пренесуваат бодовите од првата фаза.

Тоа значи дека во втората етапа ќе има четири групи од по шест репрезентации, но нема да се почнува од „нула“. Пласман на Мундобаскетот обезбедуваат првите три репрезентации од новоформираните групи, односно од втората фаза.

Првата етапа ќе се игра во три прозорци: од 20 до 30 ноември 2021, од 21 февруари до 1 март 2022 и од 27 јуни до 5 јули 2022 година. Во втората етапа ќе се игра од 22 септември до 30 август 2022, од 7 до 15 ноември 2022 и од 20 до 28 февруари 2023 година, со по два натпревари во секој прозорец.

Ждрепката за квалификациите за Светското првенство ќе се одржи на 31 август (12.часот), во Куќата на кошарката „Патрик Бауман“ во Мие, а на неа првпат во историјата ќе учествува и македонската репрезентација.


Роналдо тајно преговарал со месеци и ќе заработи вистинско богатство?!

Кристијано Роналдо е нов играч на Манчестер Јунајтед, Португалецот тајно преговарал со месеци со својот поранешен клуб, тврди таблоидот од Англија „Сан“.

Според „Сан“, Роналдо месеци наназад бил во интензивни преговори со својот поранешен клуб, процените на таблоидот се дека Португалецот со враќањето во Јунајтед и финансиски ќе пројде добро, ќе заработи околу 50 милиони фунти.

Роналдо во договорот на две години со Јунајтед има загарантирана заработувачка од 480.000 фунти неделно, тоа значи 25 милиони годишно или за две години вкупно 50 милиони фунти.


Дали Роналдо ќе го повтори „случајот Меси“?

Се е подготвено за големото враќање на Кристијано Роналдо во Манчестер Јунајтед и сите неизвесности се минато, но не и онаа во врска со бројот на дресот.

Португалецот се прослави носејќи ја седумката на грбот, број кој некогаш беше во сопственост на легендарните Џорџ Бест, Ерик Кантона и Дејвид Бекам.

Сега е во рацете на Единсон Кавани, а доколку Уругваецот не попушти како Нејмар при доаѓањето на Меси во ПСЖ, Роналдо ќе мора да го промени бројот на дресот поради кој е препознатлив како КР7.

Друга солуција е да ја земе деветката која ја носеше во Реал Мадрид, но и таа е зафатена и ја носи Антони Марсија.

Доколку е утеха, бројот 28 кој го носеше во Спортинг е слободен, но јасно е дека Португалецот веќе одамна го има „надраснато“.

За потсетување, Меси претходно остана без „десетката“ во ПСЖ, од која не сакаше да се откаже Нејмар, па мораше да се задоволи со бројот 30.


Го разочара Куман, па се сели во Премиерлигата!

Талентираниот фудбалер Илаиш Мориба е на пат да го засили Тотенхем, кој му подготви четиригодишен договор, пренесува каталонски „Спорт“.

Според истиот извор, овој фудбалер треба да го комплетира трансферот во Лондон од Барселона, вреден 15 милиони евра.

До последен час Тотенхем беше во трка со РБ Лајпциг за талентираниот играч од средината на теренот, кој не е во плановите на Роналд Куман сезонава.

Мориба е дете на Барселона, минатата сезона дебитираше за првиот тим собирајќи 18 настапи во сите натпреварувања.

Пред само осум дена на тема Мориба говореше Куман, кој не го криеше разочарувањето што овој фудбалер не ја прифати понудата на клубот, незадоволен од финансиските услови.


Скубе од следното лето се сели во Полска, потпиша со Киелце

Сташ Скубе од следната сезона ќе игра во полскиот шампион Киелце.

Словенецот од Вардар премина во Мешков Брест, а сега со Киелце потпиша договор на три години. Тој е среќен што ќе игра во клуб кој ќе се бори за освојувањето на Лигата на шампионите.

„Среќен сум што ќе играм за Киелце, ова е амбициозен клуб со високи цели. Одлуката не беше тешка, од никого не слушнав лош збор за овој клуб. Се надевам дека ќе му помогнам на клубот да победува, како во домашниот шампионат така и во Лигата на шампионите“, изјави Скубе.

Медиумите најавуваат дека доаѓањето на Скубе во Киелце би можело да значи заминување на Игор Карачиќ.


Дефанзивец во Челзи до 2025. година

Според пишувањата на англиските медиуми, Челзи пронајде заеднички јазик со Андреас Кристенсен.

Дефанзивецот кој има 25 години и преговараше со Челзи во изминатите два месеци бидејќи влезе во последната година на договорот, сега конечно дојде до договор кој наскоро ќе биде официјализиран.

Со новиот договор, кој ќе важи во наредните четири години, Кристенсен во Челзи ќе помине вкупно двоцифрен број на години.

Данецот беше еден од клучните играчи на Челзи во борбата за Лигата на шампионите минатата сезона.


Реал даде ултиматум до ПСЖ, решавачки 48 часа!

Еден од главните актери во летната трансфер сага е францускиот напаѓач Килијан Мбапе. Реал Мадрид е најголем и единствен конкурент на ПСЖ за младиот фудбалер, пред неколку дена испрати официјална понуда од 160 милиони евра, која беше одбиена. Спортскиот директор Леонардо упати прилично навредливи зборови на сметка на мадридскиот клуб, сметајќи ја нивната првична понуда за „навредлива“.

Следеше онаа од 170+10 милиони евра, а клубот од Париз се уште не се огласил во врска со истата.

На Флорентино Перез се чини дека му е доста од чекање, па одлучи да преземе иницијатива и да испрати ултиматум до францускиот клуб. Имено, како што јавуваат француските медиуми, Реал порача дека доколку не дојде до договор во текот на викендот, тие ќе се повлечат од преговорите.


МекТоминеј ги оперираше препоните, го чека неколкунеделна пауза

Фудбалскиот состав, Манчестер Јунајтед, објави дека младиот играч за врска Скот МекТоминеј, имал операција на препоните.

„Откако не го решивме проблемот со алтернативни третмани, операцијата се покажа како задолжителна. Се надеваме дека ќе се врати брзо“, гласи објавата на Јунајтед.

МекТоминеј нема да игра на викенд-мечот со Вулверхемптон во Премиер лигата и нема да настапи за Шкотска во септемвриските квалификации.


Касемиро останува во Мадрид до 2025 година

Бразилецот Касемиро е последниот во низата фудбалери кои ја продолжија соработката со Реал Мадрид.

Пред Касемиро тоа го направија Куртоа, Вазкез, Бензема, Начо Фернандес, Карвахал, Модриќ и Валверде. Бразилецот со новиот договор се обврза на соработка до 2025 година, претходниот договор му истекуваше во 2023.

Ако го испочитува договорот до крај тој ќе остане во Реал до свои 35 години.

Во редовите на Реал Мадрид Касемиро дојде во 2013 година од Сао Паоло.


Ришарлисон ќе биде замената за Мбапе во Париз

Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо, експресно најде замена за Килијан Мбапе кој е на излезната врата од – „Паркот на принцовите“.

Откако доцна синоќа – „Марка“ објави дека „светците“ ја прифатиле понудата на Реал Мадрид од 180 милиони евра и дека младиот голгетер ќе замине во Шпанија, медиумите денеска открија дека ПСЖ започнал преговори со играчот на Евертон, Ришарлисон.

Наводно, неговите менаџери пристигнале во Париз да ги договорат деталите иако последниот збор ќе го имаат популарните „карамели“. Бразилецот во текот на летово имаше одлични настапи на Копа Америка а веднаш потоа се израдува и на златниот медал на Игрите во Токио.