feature

Азар го „збогати“ Челзи за 20 милиони евра

Фудбалерот на Реал Мадрид, Еден Азар е освојувач на Лигата на шампиони со што автоматски инкасира 20 милиони евра во касата на неговиот бивш клуб Челзи.

Имено, Азар кој во 2019 година за 120 милиони евра направи трансфер од Челзи во Реал Мадрид, во клаузула од неговиот договор е назначено дека доколку фудбалерот од Белгија успее да освои Лига на шампиони со Кралскиот клуб, тогаш Челзи треба да добие бонус од 20 милиони евра.

Иако Азар во овогодинешната сезона од Лигата на шампиони одигра само 83 минути , тоа сепак не го менува фактот дека Реал ќе мора да го исплати бонусот на Челзи.


Бостон Селтикс одат во големото НБА финале

Екипата на Бостон Селтикс се пласира во големото финале на НБА лигата каде ќе се сретнат со Голден Стејт Вориорс. Тимот од Бостон во седмиот натпревар од финалето на Источната конфренција издвојува победа над Мајами Хит со резултат 100:96.

Бостон досега бил шампион на НБА 10.пати и сега екипата ќе се обиде да стигне до својата 18.титула. Последен пат Селтикс играа во големото финале пред 12 години кога загубија од ЛА Лејкерс.


Серхио Перез од Ред Бул најбрз до целта на трката во Монте Карло

Во спектакуларна трка на Формула 1 која се возеше за Големата награда на Монако, прв на целта стигна возачот на Ред Бул, Серхио Перез. 

Ова беше прва победа за Мексиканецот сезонава, а трета во кариерата. Второто место му припадна на Карлос Сајнц од Ферари, додека на третата позиција се пласира актуелниот светски шампион и член на Ред Бул, Макс Верстапен.

Шарл Леклер од Ферари кој е роден во Монако, пред домашната публика успеа да го освои петтото место, а шести беше Ландо Норис од Мекларен.

Во генералниот пласман, Верстапен ја зголеми предноста и сега има 125 бодови, додека второпласираниот Леклер е на 116 бода. Трет е Перез со 110 бодови. Следната трка е на 12.јуни за Големата награда на Азербејџан.


Нотингем Форест после 23 години се враќа во Премиер лигата

Екипата на Нотингем Форест се врати во елитната англиска лига, откако во финалниот плеј-оф на Вембли го совлада тимот на Хадерсфилд со 1:0.

Голот со кој екипата на Нотингем Форест после 23 години се врати во Премиер лигата, падна во 43.минута кога дефанзивецот на Хадерсфилд Колвил ја затресе сопствената мрежа. На овај начин двократниот клупски европски шампион повторно ќе се натпреварува со најдобрите англиски тимови.


Марсело се збогува со Реал Мадрид по петтата европска круна

Марсело во саботата го освои петтиот трофеј во Лигата на шампиони, а после финалето објави дека го напушта Реал Мадрид. 34-годишниот Бразилец цели 18 сезона играше за Реал Мадрид и има освоено 25 титули, што е клупски рекорд.

„Ова беше мојот последен натпревар за Реал и, искрено, крајот беше голема радост“, изјави Марсело.

После заминувањето на Серхио Рамос тој беше прв капитен на Реал Мадрид, и синоќа имаше чест да го подигне трофејот од Лигата на шампиони.


Хенес: Се договоривме со Клоп, но Румениге „пресече“ и го доведе Клинсман

Ули Хенес откри дека Јирген Клоп бил на мета на тој клуб пред 15 години. Практично, само потпис на договорот го делел актуелниот менаџер на Ливерпул од доаѓањето во Минхен.

Сепак до соработка помеѓу Баерн и Клоп никогаш не дошло, според според Хенес за тоа е виновен тогашниот извршен директор Карл Хајнц Румениге. Поранешниот претседател на германскиот шампион во разговор за германски ХТВ откри зошто Баварците се откажале од Клоп во 2007 година.

„Се договоривме Јирген да дојде во Баерн. Пред да замине од Мајнц, разговарав со него. Беше пред Божиќ, го прашав дали може да се замисли во нашиот клуб. Реков дека повторно ќе му се јавам по празниците. Но, тогаш дојде Румениге со одлична идеја да потпише со Јирген Клинсман“, објасни иронично Хенес.


Димитријевиќ и Валенсија издејствуваа мајсторка во серијата со Басконија

Ненад Димитријевиќ и Валенсија ја совладаа Басконија на гостински терен (82-89) и на тој начин изборија мајсторка во четвртфиналето на шпанскиот плејоф.

По поразот на домашен терен, Валенсија вечерва го совлада евролигашот Басконија, иако домаќините добро го отворија натпреварот.

Димитријевиќ и соиграчите доминираа во продолжението, неколку пати имаа и двоцифрена предност, па на крајот заслужено ја разочараа домашната публика.

Нашиот репрезентативец одигра нешто повеќе од 12 минути, при што постигна 5 поени, а имаше и по 2 асистенции и 2 скока.

Риверо со 27 и Хермансон со 16 поени биле најефикасни во редовите на Валенсија, додека кај Басконија најдобар реализатор бил Питерс со 18 поени.


Еклстон негира дека бил уапсен заради непријавен пиштол

Поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстон, тврди дека не бил уапсен во Бразил и покрај тоа што во неговиот багаж бил пронајден непријавен пиштол.

Бразилската полиција соопшти дека Еклстоун бил уапсен во средата вечерта на аеродромот во Кампинас, бидејќи во неговиот багаж било скенирано огнено оружје.

„Никогаш не сум бил уапсен. Тоа беше мал глупав инцидент. Немам публицитет во последно време и мислев дека треба да направам нешто за да го добијам“, рече поранешниот прв човек на Ф1, кој потврди дека морал да плати кауција од 6.060 реали (1.260 долари) пред да му биде дозволено да замине од Бразил.

„Тие сакаа да платам за тоа во локална валута, која никогаш не ја имав. Потоа се случи уште една драма во обид да најдам пари. Ја напуштав земјата, немав локални пари. Тоа беше вистинска драма, непотребна, без причина“, додаде тој.


Лука Модриќ награден со нов едногодишен договор

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ имаше уште една причина за славење после триумфот во Лигата на шампионите со победата од 1:0 над Ливерпул.

Новинарот Фабрицио Романо тврди дека 36-годишниот Хрват потпишал нов договор со Кралскиот клуб. Информациите велат дека играчот од средниот ред веќе потпишал едногодишен договор, а веста и официјално ќе биде објавена во наредните денови.  Модриќ веќе има пет трофеи во Лигата на шампионите.


Рекордерот Анчелоти: Реал е фантастичен клуб

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, стигна до својата четврта титула во Лигата на шампионите, после победата на неговиот тим во финалето над Ливерпул со резултат 1:0. Италијанскиот стручњак истакнува дека триумфот е потполно заслужен.

„Не можам да верувам. Ова беше тежок натпревар, игравме слабо во првото полувреме, меѓутоа на крајот со оглед на комплетната игра која ја прикажавме во текот на целата сезона, мислам дека заслужено го освоивме трофејот. Фантастичен клуб и екипа со многу квалитети и јаки ментални склопови“, изјави Анчелоти.

Анчелоти во 2003 и 2007 година ја освои ЛШ со Милан, а со Реал славеше во 2014 година.