feature

Италијанците најавија гледачи во финалето на Купот

Претседателот на Серија А, Паоло Дал Пино објави дека на гледачите ќе им биде дозволено да присуствуваат на финалето на фудбалскиот Куп на Италија меѓу Аталанта и Јувентус. Благодариме на владата што го одобри нашето барање да ги вратиме навивачите во финалето на Купот на Италија. Тоа е знак на враќање кон нормалноста што ни треба, го цитира Дал Пино Фудбал Италија. Натпреварот Аталанта – Јувентус ќе се игра на 19 мај на стадионот „Мапеи“ во Реџо Емилија.


Мисијата успешна, нов потпис на Олд Трафорд?

Уругвајскиот напаѓач Единсон Кавани е блиску до договор да ја продолжи соработката со Манчестер Јунајтед на уште една година, пишуваат англиските медиуми. Кавани во Манчестер пристигна во октомври по седум години поминати во Париз Сен Жермен и потпиша договор на една сезона, со можност на продолжување на истиот за уште 12 месеци. Менаџерот на Манчестер, Оле Гунар Солскјер инсистираше на останување на Кавани, а според најновите информации е доста блиску да постигне договор за нова едногодишна соработка. Бока Јуниорс сака да го врати Кавани во Јужна Америка, но се чини дека Солскјер успеа во намерата да го убеди да остане уште една сезона на Островото.


Над 500 игри, високи коефициенти и бонуси во Евротип!

Фудбалските возбудувања и понатаму не застануваат, а со тоа им нема крај ниту на изненадувањата во спортските обложувалници Евротип! Викендов имаме низа дерби натпревари, најголемиот е во Англија каде Манчестер Јунајтед ќе го дочека Ливерпул кој се бори за пласман во Лигата на шампионите идната сезона, а Евротип Ви нуди над 500 игри за тој, но и за многу други натпревари ширум светот. Типувајте на конечен тип, голови, корнери, жолти картони, стрелци, а за сето тоа добијте ги и највисоките квоти!
Не заборавајте, во Евротип се обложувате и со популарниот „Евробонус“ кој може да достигне и висина од 467%, а максималната добивка е шест милиони денари! Искористете ја вашата Евротип клуб картичка, доколку истата се уште ја немате, контактирајте го операторот во најблиската Евротип обложувалница и искористете ги поволностите кои истата ги нуди.
И овој викенд за Вас се подготвени низа специјални игри, а доколку немате трпение да следите цел натпревар и да чекате 90 минути за добивка, игрите кои ги нуди Евротип во „Брзи пари“ се вистинскиот избор за Вас, со кои можете да го „кеширате“ Вашиот тикет по само 15 или 30 минути! Финишот на сезоната секогаш нуди интересни резултати, а тоа го очекуваме и сега. Посетете ги спортските обложувалници Евротип и добивката е загарантирана!


Евротип предлог тикет – Недела 02.05.2021

Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи околу 58 коефициент:

Монако – Лион 0-2
Уште еден директен дуел во борбата за титулата и борбата за влез во Лигата на шампионите. За разлика од дербито со Лил, овојпат веројатно ќе биде позатворен натпревар и нема да има многу голови. Квалитетот е на страната на гостите, но во одлична форма се домаќините од Монте Карло.

Тотенхем – Шефилд Јунајтед 1-1, 3+
По поразот во финалето на Карабао Купот, Тотенхем има конечно противник против кој може да го истури бесот. Квалитетот е неспорно на страна на домаќините, а им треба и добра партија за самодоверба. Секој резултат освен домашна победа за Кејн, Сон и другарите ќе биде сензација.

Наполи – Каљари 1, 4-6
Дуелот на „Сан Паоло“ редовно носи многу голови, а често и изненадувања. Наполи ја стабилизира играта и рамноправно се бори за место во Лигата на шампионите со северните клубови. За очекување е отворен натпревар, многу голови и домашна победа.

Манчестер Јунајтед – Ливерпул 0-2

Многу дерби натпревари оваа сезона во Премиер лигата завршија со мал број на голови, а често и со непопуларни 0-0. Бодовите им се понеопходни на гостите, а тие се и поодморни, бидејќи „ѓаволите“ играа во четвртокот во Лига Европа. Екипата која прва ќе постигне гол ќе има голема предност да дојде до бодовите.

Ајакс – Емен 1, 1+ПП1+ВП
Ајакс ќе биде старо-нов шампион на Холандија и има големи шанси со домашна победа да ја прослави титулата. Емен е противник по мерка, па тимот на Тен Хаг има домашен натпревар за убедлива победа и прослава на уште една титула во Ередивизие.


Американецот Марш е наследникот на Нагелсман во РБ Лајпциг

Екипата на РБ Лајпциг потврди дека екипата во сезоната 2021/2022 ќе ја предводи Џеси Марш. На официјалната страница, Лајпциг објавија, дека со Марш потпишале договор до јуни 2023 година. Џеси Марш, во Лајпциг, ќе го замени Јулијан Нагелсман, кој од наредната сезона се сели во Баерн Минхен. Марш, во Лајпциг доаѓа од братскиот клуб Ред Бул Салсбург. Американецот, во сезоната 2018/2019 работеше во Лајпциг, како помошен тренер. Во кариерата, Мар, работел во Монтреал и Њујорк Ред Бул.


Репрезентативките ги дознаа противниците за СП

Најдобрата женска фудбалска репрезентација на Македонија ги дозна противниците за квалификациите за Светското првенство за 2023 година, кои ќе стартуваат на крајот од актуелната година. Нашите фудбалерки се најдоа во квалификациската група „Д“ во друштво на селекциите на Англија, Австрија, Северна Ирска, Летонија и Луксембург.


Мбапе неизвесен за реваншот против Манчестер Сити

ПСЖ се надева дека 22-годишниот напаѓач ќе биде во можност да биде во составот на својата екипа за реванш полуфиналето во Лигата на шампионите со Манчестер Сити на 4 мај. „Граѓаните“ победија во Париз со 2:1 и се во многу подобра позиција од својот ривал. ПСЖ во моментов е втор во Лига 1, со еден бод помалку од лидерот Лил.


Клоп сака уште еден фудбалер на РБ Лајпциг

Марсел Сабицер е се поблиску до трансфер во Ливерпул, пренесуваат медиумите во Англија. Новиот извршен директор на Лајпциг потврди дека сегашниот состав ќе претрпи големи измени и дека неколку фудбалери ќе го напуштат клубот.
Ливерпул веќе неколку месеци работи на трансферот на Сабицер, за кого интерес покажува и Тотенхем.
Ливерпул е во преговори со Лајпциг за трансфер на дефанзивецот Конате, па „црвените“ сакаат во „пакет“ да го донесат двајцата фудбалери на „Енфилд“.
Засега не се откриваат финансиските детали од трансферот, кој наводно е пред реализација.


Себаљос сака да се врати во Примера по две позајмици во Арсенал

Дани Себаљос ја исклучи можноста да остане во Арсенал, позајмици повеќе не сака. Себаљос ги минува последните денови на „Емирати“ затоа што доаѓа крајот на позајмицата од Реал Мадирд и Шпанецот нема намера да се задржува на Островот. Креативниот играч за врска стигна пред две сезони во Арсенал, а после едногодишната позајмица истата беше продолжена за уште толку. Сега призна дека доаѓа крајот на неговиот период во Арсенал. „Лошо си поминав затоа што ја немав доследноста која ја имав минатата година. Само пет или шест натпревари одиграв на добро ниво. Да бидам искрен, Примера повеќе ми се допаѓа. Премиер лигата е покомплетна, но за мојот стил на игра Примера е подобра. Уште една позајмица би била тешка и за двете страни и за Реал Мадрид и за мене“, изјави Себаљос.


Пиоли ќе остане на клупата на Милан и следната сезона

Во италијанските медиуми вчера се појави информација дека Милан би можел да го отпушти тренерот Стефано Пиоли поради послабите резултати во последно време.
Меѓутоа денес стигнуваат поинакви вести. Медиумите блиски до клубот од Милано пренесуваат дека „росонерите“ нема да го отпуштат Пиоли дури и ако тимот не се избори за место во Лигата на шампионите.
Борбата за место во ЛШ во Серија А ќе биде и тоа како возбудлива и веројатно неизвесна до последното коло. После 33 кола Милан е петти со 66 бодови колку што имаат Наполи и Јувентус, Аталанта е втора со 68 бода, но тука е и Лацио кој е шести со 62 бода и натпревар помалку од конкурентите. На врвот се „одлепи“ Интер со 79 бодови.