feature

Белоти го одби Њукасл и посакува трансфер во Милан

Ѕвездата на Торино, Андреа Белоти ја одби понудата да се приклучи на англискиот Њукасл. Тој имаше понуда и од Ал Хилал од Саудиска Арабија, но иако двата клуба понудија висока плата од околу 7-8 милиони евра годишно, тоа не го привлече напаѓачот да ја напушти Италија.

Желбата на Белоти е кариерата да ја продолжи во Милан. Росонерите се заинтересирани за него, но засега немаат испратено официјална понуда. Сепак, се чини дека напаѓачот е подготвен да почека до крајот на преодниот рок.

Договорот на 28-годишниот напаѓач истекува на крајот од сезоната и многу клубови внимателно ја следат ситуацијата околу него. Една од опциите е тој да го напушти Торино  како слободен играч на лето, а реални се шансите да биде продаден во последните денови од зимскиот преоден рок за да може клубот да оствари финансиска добивка од таков трансфер.


Артета не го пушта Нкетиа во Кристал Палас

Арсенал ја одби понудата на Кристал Палас за Едуард Нкетија. Младиот напаѓач, чиј договор со „топџиите“ истекува по крајот на оваа сезона, е долгогодишна трансфер цел на Кристал Палас.

Веќе во текот на летото Кристал Палас се обиде да го привлече, а според „Скај Спортс“ ова е втора понуда за него, која клубот ја испраќа дури овој месец. Арсенал сака да го задржи Нкетија, но тој веќе ја одбил неговата понуда за повторно потпишување. За него е заинтересиран и Баер Леверкузен.

22-годишниот Нкетија нема одиграно ниту еден натпревар во Премиер лигата оваа сезона, но постигна пет гола на натпреварите на Арсенал во Карабао купот, каде „топџиите“ беа елиминирани во полуфиналето.


Фил Џонс се сели од Манчестер Јунајтед во Бордо

Членот на француската Лига 1, екипата на Бордо е сериозно заинтересирана за доведување на дефанзивецот од Манчестер Јунајтед, Фил Џонс.

Според информациите од весникот Лекип, преговорите помеѓу двата клуба се во напредна фаза и се чека одобрување на трансферот од тренерот Ралф Рангник.

Поранешниот англиски репрезентативец, веќе долго време е член на тимот од Олд Трафорд, меѓутоа веќе подолг период имаше проблеми со повреди и не успеа да се наметне во првиот тим на Јунајтед.


Интер потпиша со еквадорски ветеран

Фелипе Каиседо од денес и официјално е нов играч на Интер.

Еквадорецот во Интер пристигнува од Ченова на позајмица до крајот на сезоната.

„Соопштуваме дека постигнавме договор со Џенова за доаѓање на фудбалерот Фелипе Салвадо Каиседо Корозо. Еквадорскиот напаѓач во клубот доаѓа на позајмица до 30. јуни 2022 година“, соопштија од Интер.

Каиседо со доаѓањето во Интер повторно добива прилика да соработува со Симоне Инзаги. Во Интер ќе го носи дресот со број 88. Треба да се напомене и дека тој е првиот Еквадорец во историјата на клубот.


Нико Ковач се враќа како тренер во Германија

Хрватскиот тренер, Нико Ковач е многу блиску до враќање во германската Бундеслига. Тој се очекува да биде нов тренер на Борусија Менхенгладбах.

Раководството на клубот е незадоволен од последните резултати на актуелниот тренер Ади Хитер, па веќе се бара нов предводник на тимот. 

Во Нико Ковач се гледа како на идеална замена за преземање на клупата на Менхенгладбах, со оглед на неговот огромно искуство како играч и тренер во најдобрата германска лига.


Судот пресуди парична казна за Бензема во случајот Валбуена

Карим Бензема беше осуден во ноември минатата година поради 

уцена, но на својот поранешен соиграч никогаш не му го исплати износот кој му остана должен.

Судот му нареди на Бензема да плати сума од 250.000 евра на Валбуена поради уцената со експлицитни сники, а откако напаѓачот не го направи тоа, парите ќе му бидат одземени од банкарската сметка.

Бензема во 2015 година заедно со уште четири лица се обидел да изнуди од 50.000 до 100.000 евра од поранешниот колега од француската репрезентација, поради што селекторот Дидие Дешам го исфрли фудбалерот на Реал Мадрид од селекцијата.

Одбраната на Бензема бараше сумата од 230.000 евра да не се исплати затоа што планираат да се жалат, но ниту тоа не му помогна на Французинот да остане без пари.

Валбуена прво сметал дека Бензема му дава пријателски совети, кога му кажувал како да постапи, меѓутоа на крајот се покажа дека тоа бил организиран „грабеж“ врз фудбалерот.


Јувентус со понуда за Закарија

Од фудбалскиот клуб Јувентус, подготвуваат уште едно засилување во зимскиот период. Клубот од Торионо веќе испратил понуда за доведување на Денис Закарија од Борусија Менхенгладбах.

Захарија е играч од средината на теренот и би претставувал одлично засилување на тимот доколку истиот го напуштат Дејан Кулушевски и Родриго Бетанкур.

Швајцарецот ја игра последната сезона од договорот со Менхенгладбах и Јувентус веќе испратил понуда во висина од 5 милиони евра, плус 2 милиони во бонуси.

Се очекува дека германскит бундеслигаш ќе ја прифати понудата од Јуве бидејќи само на овој начин финансиски би заработиле пред неговото заминување како слободен играч на лето.

За Закарија интерес покажуваат и од Манчестер јунајтед и Баерн Минхен.


Фиорентина донесе замена за Влаховиќ

Калчолигашот Фиорентина официјално го потврди доаѓањето на напаѓачот Артур Кабрал.

23-годишниот Бразилец, пристигна во редовите на Фиорентина од екипата на Базел за 14,5 милиони евра.

Со Кабрал, популарните „виолетови“ ја пополнија празнината во шпицот на нападот по заминувањето на Србинот Влаховиќ во Јувентус.


Очајнички обид Арсенал да купи напаѓач, изборот паѓа меѓу Исак и Давид

Арсенал се обидува да привлече напаѓач пред затворањето на преодниот рок, но тоа се покажува како тешка задача. Лондончани бараат замена за Пјер-Емерик Обамејанг, но во исто време се обидуваат да се разделат со него – нешто што исто така е нејасно дали ќе можат да го сторат до понеделник.

Нивната главна цел беше напаѓачот на Фиорентина, Душан Влаховиќ, но тој одбра да се пресели во Јувентус. По овој неуспех, Арсенал сега мора да се насочи кон некој друг напаѓач. Обидот на Арсенал да го ангажира играчот на Реал Сосиедад, Александар Исак, исто така наиде на проблем, бидејќи Шпанците им рекоа дека мора да платат клаузула од 90 милиони евра за да го добијат напаѓачот. Нивните последни надежи се во напаѓачот на Лил, Џонатан Дејвид.

Сепак, францускиот клуб не сака сега да се раздели со него, туку да почека до летото. Други опции за Арсенал се Доминик Калверт-Левин од Евертон, напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен и Оли Воткинс од Астон Вила. Ниту еден клуб не би се разделил со главен играч во зима без да најде замена, а времето истекува.


Романија и Чешка пречки до мундијалскиот сон за македонските ракометари

Чешка ќе биде финалната пречка на Македонија на патот до Светското првенство во Полска и Шведска во 2023 година, доколку нашите ракометари во првиот бараж дуел успеат да ја елиминираат Романија.

Првиот меч од оваа втора рунда од баражот ќе се игра на 11 април, а конечната одлука околу патникот на СП ќе биде донесена на реваншот закажан за 17 април.

Плеј-оф за СП 2023 – втора фаза:

Русија – Словачка/Белгија

Украина/Финска – Хрватска

Грција/БиХ – Црна Гора

Португалија/Швајцарија – Холандија

Италија/Словенија – Србија

Германија – Фарски Острови/Белорусија

Чешка – Македонија/Романија

Австрија/Естонија – Исланд

Израел/Литванија – Унгарија

Прв противник на Македонија во првата фаза од баражот е романската ракометна репрезентација.