feature

Калеро си поднесе оставка, Леванте ќе доведе нов тенер

Шпанскиот клуб Леванте ја објави оставката на Хулијан Калеро од функцијата главен тренер. Соопштението беше објавено на официјалната веб-страница на клубот по одлуката на одборот.

Заминувањето на Калеро се случи еден ден по поразот на Леванте од Атлетик Билбао на домашен терен со 2:0. Клубот му изрази благодарност на 55-годишниот стручњак за неговата работа и му посака успех во понатамошната кариера.

Калеро го презеде Леванте во летото 2023 година. Под негово водство оваа екипа одигра 58 натпревари. Во овој период, тимот победи на 25, одигра 16 нерешено и загуби на 17.

Леванте е на 19-то место на табелата во шпанското првенство, со девет бода од 14 натпревари.


Шампионот првпат не победи во Битола, Алкалоид носи бод од „Боро Чурлевски“

Еурофарм Пелистер не победи на натпревар на кој се чинеше дека ги има бодовите во свои раце. Избраниците на Гарабаја пропуштија убава шанса да го добијат дербито со Алкалоид, водеа скоро цел натпревари, на моменти и со седум разлика, но дуелот заврши 26-26 (17-13).

Еурофарм Пелистер беше поуверлив во добар дел од мечот и заслужено стигна до навидум комотна предност. Највисоката изнесуваше 23-16 во раната фаза на второто полувреме сепак не се покажа како одлучувачка за важна победа. Тимот од Автокоманда почна да ја топи предноста и го натера Пелистер да игра со далеку поголема нервоза, па во завршната минута се влезе со еден гол позитива за домаќините (26-25).

Капитенот Кузмановски не реализираше напад кој сигурно ќе значеше и победа, а во следниот напад, Ѓоргиев погоди по шести пат од шестиот обид и донесе израмнување на триесет секунди пред крајот. Гарабаја доби тајм-аут и нацрта напад за победа, па откако гостите направија прекршок во опасната зона, Пелистер доби шанса за победа од седум метри.

Радивојевиќ ја презема одговорноста да го изведува пеналот, но разбранетиот Галевски одлично беше поставен и успеа со одбрана да ја замолкне салата „Боро Чурлевски“ во Битола.

Најдобар стрелец кај Еурофарм Пелистер беше Дејан Манасков со девет гола, Филип Кузмановски погоди пет пати, а Никола Митревски имаше 13 одбрани. Кај Алкалоид, Марко Стојковиќ заврши со осум гола, а Игор Ѓорѓиев имаше шест. Кај голманите Иван Галевски фати седум, а Марко Кизиќ четири топки.


Дика Мем се согласил на трансфер во Фуксе Берлин

Порталот „Хендбол Бејз“, најавува сензационален трансфер во светот на ракометот. Според овој извор, Дика Мем (28), еден од најдобрите играчи во светот, ги прифатил условите што му ги понудиле челните луѓе на Фуксе Берлин. Мем од летото 2027 година ќе стане играч на актуелниот шампион на Германија, за кој игра најдобриот ракометар во светот Матијас Гидсел (26).

И Гидсел и Мем првенствено играат на десната надворешна позиција, но данскиот репрезентативец може да игра и како среден бек, што значи дека овие двајца ќе формираат еден од најсилните тандеми на надворешни играчи во светот на ракометот.

Проектот во Берлин станува уште поимпресивен, ако се знае дека, според најавите од Германија, на Фуксе треба да му се придружи Симон Питлик, левиот бек на Фленсбург и уште една данска мегаѕвезда.

Шпанските медиуми исто така пишуваат дека Барселона се подготвува за иднината без Мем, кој игра за каталонскиот гигант од 2016 година. Шпанците сè уште не наведуваат каде ќе оди Французинот, но се поизвесно е дека тоа е Фуксе.

Минатата година, Фуксе ја освои Бундеслигата за прв пат во историјата под палката на Матијас Гидсел, актуелниот двократен добитник на наградата за најдобар ракометар во светот, додека загуби од Магдебург во финалето на Лигата на шампионите.


Влаховиќ скина мускул, се враќа следната сезона

Јувентус ќе мора извесно време да игра без Душан Влаховиќ. Српскиот напаѓач се повреди во 30 минута од мечот против Каљари, веднаш се фати за препоните и побара замена. Со грч на лицето и очигледна болка тргна кон клупата.

На прес-конференцијата шефот на стручнипт штаб на „старата дама“ потврди дека Влаховиќ ќе мора да паузира. Не знае колку долго, но претпоставува дека станува збор за подолг период. Влаховиќ се повреди веднаш по удар кон голот.

„Во болка е, го истегна мускулот. Го одморив против Бодо Глимт бидејќи не сакав да го преоптоварам, но и покрај тоа тој се повреди. Според мое мислење плати висока цена поради удар што не го изведе како што сакаше. Ако имаше целосен контакт со топката немаше да се повреди. Штета, ќе бидеме без него подолг период“, изјави Спалети.

Степенот на повредата ќе биде познат во текот на следните денови по деталните прегледи во клупската амбуланта. Повредата на Влаховиќ доаѓа во лош момент за Јувентус пред месец во кој тимот ќе игра против врвни ривали. Ги очекуваат дуели со Наполи, Болоња и Рома.


Јунајтед одигра перфектен втор дел и со пресврт слави против Кристал Палас

Манчестер Јунајтед се врати на победите во Премиер лигата со важен триумф од 1-2 на гостувањето кај Кристал Палас во 13 коло. Тимот на Рубен Аморим одигра зрело, создаде повеќе шанси и заслужено ги освои трите бода и покрај тоа што на паузата имаше негатива.

Палас поведе во 36 минута со голот на Жан Фелипе Матета од белата точка, резултат кој беше активен на полувремето.

Сепак, Јунајтед во второто полувреме направи целосен пресврт. Џошуа Зиркзе израмни на 1-1 во 54 минута, а девет минути подоцна Мејсон Маунт стрелаше за конечни 1-2. Гостите пропуштија уште неколку шанси преку Мбеумо и Маунт да дојдат до повисока победа.

Ова е шести лигашки триумф за Јунајтед кој сега има 21 бод и се искачи на шестото место, токму над денешниот противник. Во следното коло Палас гостува кај Барнли, а Јунајтед дома ќе го пречека Вест Хем.


Убедливи победи на Вардар и Струга, скопјани на чекор до есенска титула

Водечките екипи во Првата фудбалска лига, Вардар и Струга ТЛ остварија убедливи победи во денешните дуели од 15.коло. Вардар го совлада тимот на Шкупи со 6-1, додека Струга ТЛ го победи Башкими со 6:0. Вардар е лидер со 39 бодови, пред Струга со 38.

Вардар за две минути постигна два гола за водство до 2-0, а стрелец беше Горан Закариќ во 36 и 37. минута. На стартот од вториот дел Михаил Талевски (47. минута) зголеми на 3-0, додека капитенот Азер Омерагиќ донесе предност од 4:-0 во 57.минута. Голот за Шкупи во 71.минута го постигна Марио Станковски, а до крајот на натпреварот Омерагиќ постигна уште два гола за хет-трик (79 и 84.минута) за конечни 6-1.

Серијата голови во Струга ја „отвори“ Бунјамин Шабани во 24. минута, а на 2-0 зголеми Христијан Малески во 37. минута, додека третиот гол во 40. минута го постигна Стефан Јевтовски. И во вториот дел имаше три гола во мрежата на Башкими, а стрелци беа: Меметриза Хамза (53. минута), Малески (61. минута) и Арби Воша (89. минута).

На претходно одиграните дуели: Силекс – Арсими 1-3, Пелистер – Македонија ЃП 1-1 и Брера – Тиквеш 0-4.

Утре во 13:00 часот во Тетово се игра последниот натпревар меѓу Шкендија и Работнички.


Мурињо го сака левиот бек на Баерн

Португалскиот вицешампион Бенфика размислува за трансфер на левиот бек на Баерн Минхен, Рафаел Гереиро, во зимскиот преоден рок, објави „А Бола“.

Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, е заинтересиран да го има својот сонародник во тимот, а „Специјалниот“ високо го цени неговото искуство и квалитети на највисоко ниво.

Гереиро претходно јавно се опиша како „голем обожавател на Бенфика“ и веројатно би бил задоволен од можноста да добие повеќе редовна минутажа за игра во споредба со неговата моментална улога во Баерн Минхен. Иако не е постојан стартер, Гереиро останува вреден играч за Винсент Компани и клубот од Минхен, што значи дека потенцијалниот трансфер не би бил лесен, но се чини сосема можен под соодветни услови.

Тековниот договор на португалскиот бек со Баварците е до крајот на сезоната, а неговата цена моментално се движи околу осум милиони евра. Од почетокот на сезоната, 31-годишниот Гереиро има 13 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи три гола и исто толку асистенции.


Франк: Само тие кои не се вистински наши навивачи го свиркнаа Викарио

Менаџерот на Тотенхем, Томас Франк, ги критикуваше некои од навивачите на клубот за исвиркување на голманот Гуљелмо Викарио откако Италијанецот беше виновен за вториот гол на Фулам во нивниот домашен пораз од 2-1 во саботата.

Викарио излезе пред својот гол и му ја даде топката Хари Вилсон кој да постигне гол со прекрасен удар во празната мрежа.

Тоа беше 10-тиот домашен пораз на Тотенхем во Премиер лигата во календарската 2025 година, а навивачите го исвиркуваа тимот на полувремето и на крајот од натпреварот.

Иако ова веројатно беше очекувано, Франк рече дека не може да го прифати третманот кон италијанскиот репрезентативец Викарио.

„Кога губите со 2:0 по шест минути, има планина што треба да се искачи. Кога сте во лош период, сè се чини дека се свртува против вас – првиот удар беше одбиен, вториот беше грешка на Вик (Гуљелмо Викарио)“, рече Франк.


Ван Перси на удар на јавноста заради дебито на синот

Холандската фудбалска легенда Робин ван Перси се најде под лупа на јавноста по поразот на Феенорд од Селтик (1-3) во Лигата на Европа, откако во игра го внесе својот 19-годишен син Шакил.

Во моменти кога тимот очајно бркаше резултат, Ван Перси во последните десет минути одлучи да му даде шанса на младиот напаѓач, одлука што предизвика бројни реакции. Поразот ја продлабочи кризата на холандскиот гигант, кој сега има пет порази на последните шест натпревари во сите конкуренции.

По дуелот, Ван Перси беше соочен со прашања не само за слабата форма на екипата, туку и затоа што во еден таков важен момент за тимот одлучи дека е време неговиот син да дебитира.

„Таа одлука ја донесов како тренер, не како татко. Ни требаше гол. Шакил е играч што може да погоди од најразлични позиции. Затоа го внесов. Од аспект на татко, дебито на вашето дете е секогаш нешто посебно, но немав време да уживам во тој момент, работев, исто како и Шакил“, истакна тој.

Младиот напаѓач не успеа да донесе пресврт. Веќе една минута по неговото влегување,, Селтик постигна трет гол. За краткотото време на терен, Шакил немаше удар кон голот, иако доби три воздушни дуели.


Несторовски пак стрелец за Славен Белупо

Македонскиот напаѓач Илија Несторовски продолжи со одличната форма и втор меч по ред се запиша меѓу стрелците за Славен Белупо, постигнувајќи гол во ремито 1-1 против Истра.

Белупо беше на чекор до победа благодарение на голот на Несторовски во самиот финиш од првиот дел, кога прецизно реализираше пенал.

Гостите ја држеа предноста до длабоко во судиското продолжение, сè до 91. минута, кога Превљак успеа да израмни и да спаси бод за Истра.

Новиот погодок доаѓа само едно коло по неговите два гола во претходното во кое беше избран и во тимот на колото.