feature

Генерално собрание на БВА: Балканијадите У20 ќе бидат Зонски квалификации за ЕП 2027

Балканските шампионати за одбојкари и одбојкарки до 20 години од годинешниот календар на Балканската одбојкарска асоцијација (БВА) ќе претставуваат и Зонски квалификации за ЦЕВ Европското првенство У20 кое ќе се одржи во 2027 година. Оваа одлука беше донесена на Генералното собрание на Асоцијацијата кое се одржа денеска во хотелот „Хилс“ во Сараево, БиХ, со присуство на претставници на десет од 11 членки на БВА.

Македонија ќе учествува во Зонските квалификации и во машка и во женска конкуренција, а тоа го потврдија претседателот Петар Јовановски и генералниот секретар Филип Деспотовски, кои како претставници на Одбојкарската федерација на Македонија беа делегати на Собранието.

Во женска конкуренција, домаќин на Балканијадата У20, која ќе се игра во периодот од 19 до 23 август ќе биде Босна и Херцеговина, а покрај организаторот и Македонија ќе учествуваат и Албанија, Бугарија, Црна Гора, Романија, Србија и Турција.

Кај мажите, организатор на Балканијадата до 20 години ќе биде Бугарија, а ќе учествуваат Македонија, Албанија, БиХ, Црна Гора, Романија, Србија и Турција. Ова натпреварување ќе се одржи од 25 до 29 август.

Во однос на другите БВА шампионати на Собранието беа дефинирани организаторите и термините за одигрување на истите, додека листата на учесници треба да биде комплетирана до 1 април.

Претседателот на ОФМ, Петар Јовановски оваа година ја превзема функцијата на потпретседател на БВА, додека Гркот Георгиос Карампецос е нов претседател на Асоцијацијата и ќе ја води оваа година.


Јуве се насочува кон Бето од Евертон

„Газета дело Спорт“ објави дека луѓето од Јувентус го насочиле вниманието кон португалскиот фудбалер во редовите на Евертон, Бето, откако дефинитивно пропадна најавениот трансфер на Мароканецот, Јусеф Ен-Несири.

Во текстот се наведува дека италијанскиот клуб влегол во интензивни преговори со колегите од Англија кои бараат најмалку 20 милиони евра за потписот на одличниот напаѓач.

Бето има исксутво од Серија „А“ бидејќи на времето го носеше дресот на Удинезе.


Ману Коне е потешко повреден, Гасперини во сериозно проблеми

Фудбалерот од средниот ред на Рома, Ману Коне, ќе отсуствува околу еден месец, објави „Скај Спорт Италија“ повикувајќи се на извори од клубот.

Играчот заработи потешка повреда на ногата на викенд-дербито со Милан и мораше принудно да замине во соблекувалната.

Црномурестиот фудбалер во тековнава сезона се појави на 29 натпревари со ефект од два гола и една асистенција.


Четири екипи учесници на турнирот а Атлетик во Скопје

Женскиот ракометен клуб Атлетик од Скопје го најави одржувањето на првото издание на меѓународниот женски ракометен турнир „АТЛЕТИК И ПРИЈАТЕЛИТЕ” кој ќе се одржи во Спортскиот центар Јане Сандански (мала сала) во период од 30 јануари до 01 февруари.

ЖРК Атлетик кој е лидер на табелата во првата женска ракометна лига со 11 победи од 11 одиграни средби по првиот дел од сезоната е најсериозен кандидат за пласман во Супер лигата, а зимската пауза ја искористи за добри подготивки, но и организација на овој женски ракометен турнир.

На турнирот ќе учествуваат три екипи од Македонија (Вардар, Куманово и Атлетик) и една од Црна Гора, екипата на Будуќност 2

Распоред на натпревари:
30.01.2026 (петок)
16:00 ЖРК Атлетик – ЖРК Вардар
18:30 ЖРК Будуќност 2 – ЖРК Куманово

31.01.2026 (сабота)
16:00 ЖРК Будуќност 2 – ЖРК Вардар
18:30 ЖРК Атлетик – ЖРК Куманово

01.02.2026 (недела)
12:00 ЖРК Будуќност 2 – ЖРК Атлетик
14:30 ЖРК Куманово – ЖРК Вардар

Сите натпревари ќе се играат во Спортскиот центар Јане Сандански (мала сала) и влезот е слободен за љубителите на ракометот.


Јаник Караско се враќа во Европа? Рома во преговори со саудискиот клуб

Поранешниот играч на Атлетико Мадрид, Јаник Караско

Рома упати првична вербална понуда за позајмица на белгискиот интернационалец Јаник Фереира Караско од редовите на Ал Шабаб. Иако „Римската Волчица“ е трпелива во преговорите, реализацијата на овој трансфер целосно зависи од зеленото светло на саудискиот клуб.

Спортскиот директор на Рома го означи Караско како приоритет за засилување на левата крилна позиција. Искуството на 33-годишниот фудбалер стекнато во Атлетико Мадрид и белгиската репрезентација се гледа како клучен фактор за тимот. Рома веќе достави прелиминарна понуда за позајмица, а самиот играч наводно е расположен за преселба во италијанската престолнина. Сепак, како што се ближи крајот на јануарскиот преоден рок, Ал Шабаб сè уште не покажува подготвеност за разделба со својата ѕвезда.

Саудискиот клуб во моментов е главната пречка. Раководството се противи на заминување на клучни играчи среде сезона, што е во согласност со пошироката стратегија на тамошните клубови за задржување на звучните имиња по големите инвестиции. И покрај желбата на Караско за враќање во европскиот фудбал и континуираните контакти меѓу агентите и двата клуба, конкретен напредок во преговорите сè уште нема.

Интересот за Белгиецот не е нов, Наполи исто така испрати прашања пред неколку недели, што само ја потврдува неговата висока вредност во Италија. Рома во моментов ја има лидерската позиција во оваа трка, верувајќи дека брзината и вештината на Караско можат да бидат одлучувачки за нивните амбиции. Сепак, доколку Ал Шабаб остане на својот цврст став, римјаните веќе подготвуваат алтернативни решенија на трансфер пазарот.


Челси, Ливерпул и Баерн во трка за потписот на „чудото“ од Рен, Жереми Жаке

Фудбалерот на Рен, Жереми Жаке. и логото на Ливерпул, Челси и Баерн Минхен

Во екот на јануарскиот преоден рок, 19-годишниот централен дефанзивец на Рен, Жереми Жаке, стана едно од најбараните имиња на пазарот. За неговиот потпис веќе се борат Челси, Ливерпул и Баерн Минхен. Иако матичниот клуб е решен да го задржи тинејџерот до крајот на сезоната, челниците на Рен се подготвени за преговори доколку некој понуди рекордна сума од 65 до 70 милиони евра за трансфер.

Лондонските „Сини“ го гледаат Жаке како приоритет за засилување на одбраната и веќе постигнаа начелен договор со самиот фудбалер. Сепак, првичните понуди од 40 до 50 милиони евра беа експресно одбиени од страна на францускиот тим. Челси сега се обидува да го „осигура“ играчот веднаш, со план тој да му се приклучи на тимот на Розениор по завршувањето на сезоната. Неговата смиреност и извонредна игра со топка се сметаат за совршен спој во тактичките замисли на новиот менаџер.

Додека Челси преговара, Ливерпул демне од сенка и се подготвува да ја расипе работата на својот ривал. Скаутите од Енфилд се воодушевени од доминацијата на младиот Французин во Лига 1. Иако тој има активен договор до 2029 година, „Редси“ во него гледаат долгорочно решение за одбраната, што само дополнително го засилува ривалството меѓу двата англиски клуба на трансфер пазарот.

Во оваа континентална битка се вклучува и германскиот гигант Баерн Минхен. Баварците го гледаат Жаке како идеална замена доколку Ким Мин-Јае го напушти клубот на лето. Неговите атлетски способности и капацитетот да игра во висока одбранбена линија совршено се вклопуваат во филозофијата на Баерн.

Ставот на Рен е јасен: Нема да брзаат со продажба, туку ќе ја чекаат највисоката можна понуда, најавувајќи возбудлива летна трансфер сага.


Крос со „бомба“ за фановите на Реал: Победите во „Ел Класико“ се поважни од титулата во Ла Лига?

Поранешниот играч на Реал Мадрид, Тони Крос

Пензионираната легенда на Реал Мадрид, Тони Крос, неодамна предизвика бура во јавноста со својот провокативен став за приоритетите на навивачите. Неговата изјава го става во фокус специфичниот емотивен товар што го носат пресметките со Барселона.

Во своето последно интервју, Крос истакна: „Навивачите на Мадрид повеќе би сакале да ги добијат двете ’Ел Класико’ средби без да ја освојат титулата, отколку обратно“. Тој дообјасни дека доколку бидат ставени пред избор, круна во Ла Лига со два порази од вечниот ривал или триумф во дербијата без краен успех во првенството, мнозинството би го избрало второто.

Социјалните мрежи веднаш „експлодираа“, а поддржувачите на Реал останаа поделени. Додека едни го прифатија мислењето на Крос како потврда за нивниот огнен темперамент, други застанаа во одбрана на тезата дека лигашкиот трофеј мора да биде над сè. Како четирикратен освојувач на Лигата на Шампионите со „Кралевите“, Крос одлично го познава пулсот на клубот по десетте години поминати на Сантијаго Бернабеу. Неговите зборови доаѓаат во екот на неизвесната трка за титулата во 2026 година, што дополнително им дава на тежина.

Ставот на Германецот само го потврдува митскиот статус на „Ел Класико“. Тоа е дуел каде победата носи вечно право на фалење, кое вреди многу повеќе од бодовите на табелата. Дури и по повлекувањето од терените, коментарите на Крос продолжуваат да го обликуваат дискурсот за идентитетот на Мадрид. Како што сезоната влегува во својата завршница, оваа дилема го става на тест вечното прашање: Што е поважно, сребрениот пехар или симболичната надмоќ над најголемиот ривал?


Севиља најде засилување во нападот: Нил Мопеј пристигнува на заем од Марсеј

Нил Мопеј и логото на Севиља

Севиља и Олимпик Марсеј ги финализираа преговорите за трансферот на Нил Мопеј. 29-годишниот француски напаѓач доаѓа на Рамон Санчез Писхуан како позајмен играч до крајот на сезоната, со опција за целосен откуп на неговиот договор за сума од 6 милиони евра.

Иако Мопеј му се приклучи на Марсеј минатото лето по престојот во Евертон, тој не успеа да се наметне во првиот тим. Поради слабата минутажа и несогласувањата со стручниот штаб, напаѓачот во последно време тренираше со резервниот состав. Патувањето во Андалузија и медицинските прегледи се закажани за утре, со што ќе се официјализира овој брз договор.

Овој потег е дел од стратегијата на Севиља за опстанок во Ла Лига. Клубот се наоѓа во незавидна позиција на табелата, па засилувањето на офанзивната линија беше приоритет за тренерот Матијас Алмеида. Иако Марсеј првично инсистираше на директна продажба, на крајот прифати позајмица со право на откуп. Клаузулата од 6 милиони евра не е задолжителна и ќе зависи од учинокот на фудбалерот на теренот.

Французинот со аргентинско потекло зад себе има богато искуство од Премиер Лигата, каде ги бранеше боите на Брајтон и Евертон. По само еден настап во Лига 1 оваа сезона, Мопеј во Севиља гледа шанса за „рестарт“ на својата кариера. И покрај интересот од клубови како Хетафе во летниот период, тој се одлучи за проектот на Севиља како најатрактивна опција за неговата иднина.

Доаѓањето на Мопеј треба да ги реши ефикасните проблеми на тимот и да внесе потребна борбеност во нападот. За играчот, пак, ова е можност да се врати во препознатливата форма пред истекот на неговиот договор со Марсеј во 2028 година.


Емери го враќа „стариот познаник“: Даглас Луиз на чекор до камбек во Вила Парк

Даглас Луиз и логото на Астон Вилаа

Астон Вила е во активни преговори со Јувентус за враќање на Даглас Луиз, со цел да се ублажи кризата во средниот ред предизвикана од повреди.

Бразилецот, кој минатото лето го напушти Бирмингам во трансфер вреден 50 милиони евра, е подготвен да ја прекине неуспешната позајмица во Нотингем Форест. Со само пет натпревари како стартер во Премиер Лигата, Луиз е желен повторно да соработува со Унаи Емери и да ја врати препознатливата форма.

Повредите на клучните алки, Бубакар Камара и Џон Мекгин, го принудија раководството на Вила на брза реакција пред затворањето на јануарскиот преоден рок. Преговорите со „Старата Дама“ се во насока на позајмица, која би вклучувала опција за откуп по значително пониска цена од првичната. Од друга страна, италијанскиот гигант е расположен за зделка со цел да го ослободи буџетот од неговата висока плата.

Иако има договор со Јувентус до 2029 година, Луиз не крие дека има одлични спомени од неговиот петгодишен престој во Вила, каде го играше најдобриот фудбал во кариерата.

Иако Челси накратко покажа интерес за Бразилецот, лондонскиот клуб не ги официјализираше преговорите, оставајќи ја Вила како единствен фаворит.

Со само 318 одиграни минути во досегашниот дел од сезоната, Даглас Луиз во овој камбек гледа шанса не само за спас на клупската кариера, туку и за потврда на своето место во репрезентацијата на Бразил пред Светското Првенство.


Барселона го доведе младиот уругвајски „ѕид“: Патрисио Пасифико потпиша за Каталонците

Патрисио Пасифико и логото на Барселона

Барселона постигна договор со екипата на Дефенсор Спортинг за ангажман на 19-годишниот лев бек Патрисио Пасифико. Младиот Уругваец доаѓа на позајмица до крајот на сезоната и веднаш ќе му се приклучи на тимот на Барса Атлетик, предводен од Жулијано Белети.

Договорот вклучува опција за откуп од 1,8 милиони евра плус дополнителни бонуси, која може да стане задолжителна доколку се исполнат одредени перформанси. Со оваа зделка, Барселона обезбедува право на 50% од неговиот договор, со можност за понатамошно продолжување на соработката.

Пасифико веќе има завидно искуство за својата возраст, со речиси 50 настапи во првата лига на Уругвај и два постигнати гола. Иако неговата примарна позиција е лев бек, тој е исклучително поливалентен и може да одговори на задачите и како централен дефанзивец.

Неговата дефанзивна цврстина му го донесе прекарот „Уругвајскиот Ѕид“, а веќе е редовен дел и од младинските репрезентации на својата земја. Стручната јавност и навивачите овој потег го оценуваат како одличен бизнис на спортскиот директор Деко, кој продолжува со стратегијата за пронаоѓање „скриени скапоцени камења“ по пристапни цени.