Премиерлигашот Арсенал и 18-годишниот Итан Нванери го продолжија договорот до 2030 година.
Крилниот напаѓач постигна 4 гола и имаше 2 асистенции во Премиер лигата минатата сезона. Со ова Арсенал покажува дека во Итан Нванери гледа перспектива на клубот. Лондонскиот клуб официјално објави дека потпишал долгорочен договор со 18-годишниот крилен напаѓач. Според Фабрицио Романо, договорот е на пет години.
Итан Нванери минатата сезона одигра 26 натпревари од Премиер лигата, со просек од 34 минути по натпревар.
Астон Вила ја одби понудата на Евертон за Мекгин
Астон Вила уште еднаш стави до знаење дека нема намера да го продаде капитенот Џон Мекгин. Евертон понуди 18 милиони фунти за 30-годишниот шкотски репрезентативец од средниот ред, но клубот од Бирмингем го одби.
Мекгин е исто така мета на Њукасл, но „страчките“ сè уште не испратиле понуда.
Договорот на играчот од средниот ред со Вила е со важност до јуни 2027 година. На 49 натпревари минатата сезона во сите натпреварувања, тој постигна 4 гола и имаше 6 асистенции.
Хет-трик на Роналдо, Ал Наср го прегази Рио Аве
Кристијано Роналдо даде три од четирите гола на Ал Наср во победата над португалскиот клуб Рио Аве во пријателски натпревар.
Роналдо е одличен во подготвителниот период, Португалецот покажува глад пред почетокот на новата сезона.
Денеска Ал Наср со 4-0 го победи Рио Аве, а три гола беа дело на Роналдо.
Резултатот го отвори Симакан во 15. минута, а пред крајот на првото полувреме Роналдо го даде првиот свој гол на мечот за 2-0.
Тудор го обединува Јуве на подготовките во Германија
Во пресрет на почетокот на новата сезона, тренерот на Јувентус, Игор Тудор одлучи да преземе важен чекор за јакнење на тимскиот дух што може да биде многу значајно за добра сезона.
Целиот тим, вклучувајќи ги играчите чија иднина е неизвесна во клубот, Тудор ги однел на вечера во Германија каде тимот се подготвува за пријателскиот меч против Борусија Дортмунд.
Тудор ги почастил играчите со вечера во азијски ресторан во Нирнберг, а италијанските медиуми овој потег го оценуваат како клучен за изградба на зедништво во тимот.
На вечерата не присуствувале само фудбалерите, туку и клупското раководство, вклучувајќи го и извршниот директор Маурицио Сканавино, директорот Франсиа Модесо и тим менаџерот Мареа Фбрисио.
На вечерата биле сите фудбалери, дури и оние кои се прогнозира дека ќе заминат. Меѓу нив биле и Даглас Луис, Артур Мело, Душан Влаховиќ, Нико Гонзалез и Тиаго Џало, со што Тудор испрати важна порака за заедништво на целата група.
Ташовски: Со Унгарија мора да бидеме над нашите можности
Македонската кошаркарска репрезентација синоќа пристигна во Солнок, каде в сабота против Унгарија ќе го одигра и вториот меч од претквалификациите за Светското првенство во 2027 година. Виктор Ташовски кој е дел до бековската линија во сениорскиот тим, во пресрет на дуелот со Унгарците вели:
„На натпреварот со Романија одиграме релативно добро, но пресуди нашето неискуство. Се уште сме многу млади, имаме некои играчи кои се во улога на дебитанти. Во дуелот со Унгарија, треба да пробаме да ги намалиме грешките. Што помалку грешки, толку подобро. Мислам дека нашата транзиција беше делумно добра. И сметам дека ако имаме подобра транзиција, можеме да извадиме и подобар резултат на гости. Македонија треба да биде над своите можности. Веројатно ќе бидеме во улога на аутсајдери на овој натпревар. Но ништо не е нереално. Но јас ќе бидам оптимист, и ќе кажам дека одиме на победа. Како на натпреварот со Унгарија, така и на следното гостување во Романија. Не е нереално да се победи и таму, така да очекувам победа на двата меча“ – смета Ташовски.
Ѓорческа лесно во четвртфиналето во Куршумлијска бања
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во четвртфиналето на ИТФ турнирот во Куршумлијска Бања, Србија.
Ѓорческа во мечот од второто коло денес ја совлада Виторија Паганети од Италија со 2-0 во сетови (6-3, 6-4). Во четвртфиналето за противник ќе ја има Ксенија Зајцева.
Лина Ѓорческа во првиот сет имаше негатива во дуелот со Паганети, но сепак го доби со 6:3, а во вториот сет имаше постојана предност и го доби сетот со 6:4, за победа од 2:0 и пласман во следната рунда.
Против утрешната противничка Ксенија Зајцева која настапуваше и во квалификациите, Ѓорческа има една победа во единствениот досега одигран меч.
Шешко го избра Јунајтед, доаѓа на лекарски прегледи на „Олд Трафорд“
Манчестер Јунајтед постигна принципиелен договор со РБ Лајпциг за трансферот на Бенџамин Шешко.
Њукасл даде почетна понуда од 69,9 милиони фунти за 22-годишниот напаѓач пред една недела, но Манчестер Јунајтед се приклучи на лицитацијата со своја понуда.
Шешко јасно стави до знаење дека сака само преселба на Олд Трафорд – уште еден удар за трансфер кампањата на Њукасл, кој веќе не успеа да ги потпише Лиам Делап, Жоао Педро, Уго Екитике и Џејмс Трафорд ова лето.
Според новинарот Фабрицио Романо, трансферната цена ќе биде 76,5 милиони евра, од кои 8,5 милиони евра се бонуси. Договорот со 22-годишниот Шешко ќе важи до 2030 година.
Минатата сезона, 22-годишниот напаѓач одигра 45 натпревари на сите турнири, постигнувајќи 21 гол и шест асистенции. Тековниот договор на играчот со германскиот клуб е со важност до летото 2029 година. Според информациите пазарната вредност на играчот е 70 милиони евра.
Пет клуба номинирани за тим на годината
Француското списание „Франс фудбал“ објави листа на кандидати за титулата најдобар фудбалски клуб до крајот на 2025 година. Меѓу номинираните се францускиот ПСЖ, бразилскиот Ботафого, шпанската Барселона, како и англиските екипи Челзи и Ливерпул.
Во сезоната 2024/2025, ПСЖ стана шампион, победник на Купот и Суперкупот на Франција, како и на Лигата на шампионите на УЕФА. Во финалето на Светското клупско првенство 2025, Парижаните загубија од Челзи (0:3), кој исто така стана победник на Конференциската лига на УЕФА.
Ботафого е актуелен бразилски шампион и победник на Копа Либертадорес. Ливерпул ја освои англиската Премиер лига во сезоната 2024/2025, а Барселона стана најдобриот тим во шпанската Ла Лига и стигна до полуфиналето на Лигата на шампионите.
Девет фудбалери на ПСЖ во изборот за „Златна топка“
Фудбалерите на освојувачот на Лигата на шампионите – Пари Сен Жермен, доминираат во номинациите за „Златната топка“. Списанието „Франс фудбал“ ги објави играчите номинирани за наградата за најдобар фудбалер на годината.
На листата се наоѓаат имињата на 9 играчи од Европскиот шампион. По ПСЖ, најмногу играчи има од Барселона – 4. Победникот ќе биде објавен на церемонијата на доделување на наградите на 22 септември. Актуелен освојувач на „Златната топка“ е Родри од Манчестер Сити.
Наполи чекаше на одлуката на Реал Мадрид, прашање беше дали фудбалерот на Жирона Мигел Гутиерез ќе биде вратен по клаузулата во “галактикосите”, но тоа на крајот не се случи.
Поради тоа, Гутиерез ја продолжува кариерата во Неапол, постигнат е договор меѓу сите три страни и нема повеќе никакви пречки овој лев бек да се најде во составот на Антонио Конте.
Наполи ќе плати 18 милиони евра, плус 2 милиони евра за бонуси.
Играчот ќе потпише договор до 2030 година, а според информациите од италијанските медиуми, Гутиерез ќе заработува 2.3 милиони евра годишно.
Роден е во 2001 година, кариерата ја започнал во Реал Мадрид, а за првиот тим на тој клуб има одиграно девет првенствени натпревари.