feature

Неизвесно одржувањето на трката за ГН на Турција

Неполни две недели откако беше објавено дека патеката „Истанбул Парк“ во Турција ќе биде домаќин на трка од овогодинешниот Формула 1 шампионат на 13 јуни, се појави огромен прашалник за тоа дали оваа трка че биде одржана според планот. Сето ова се случи откако британските власти ја стави Турција на нивната „црвена листа“ поради големиот број на заразени лица од ковид-19 во земјата. Според оваа одредба, секој што бил во Турција десетина дена пред да пристигне на Островот, ќе мора да помине во задолжителен карантин. Во овој случај, стандардните исклучоци од кои имаат корист луѓето кои работат во Формула 1 кога ќе се вратат во Велика Британија по трките, нема да бидат валидни, бидејќи Турција е на оваа листа. „Ние сме свесни за одлуката на британската влада за ограничувања на патувањето во и од Турција и во моментов ја проценуваме ситуацијата. Повеќе детали ќе бидат објавени во наредните денови“, се вели во изјавата за Формула 1.


Херта го загуби Гендузи до крајот на сезоната

Играчот за врска на Херта, Матео Гендузи има повреда што ќе го извади од игра до крајот на сезоната.
22-годишниот играч за врска претрпе фрактура на стапалото при победата на Фрајбург со 3-0 во вчерашниот натпревар. „Прегледите потврдија скршеница на метатарзалната коска“, соопштија од клубот.
Матео Гендузи е на позајмица во Херта од Арсенал до крајот на сезоната, но во оваа фаза е нејасно дали играчот ќе остане во Берлин за следната сезона или ќе се врати во Лондон. Херта е во моментов на 14-та позиција во Бундеслигата и се бори да остане во елитата.


Светски првак прави еден од најчудните трансфери

Француски „Екипи“ пишува дека 28-годишниот Флоријан Тован е на прагот на сензационален траснфер во мексички Тигрес.
Офанзивецот на Олимпик Марсеј би требало да потпише петгодишен договор за мексичкиот клуб. Договорот со Марсеј му завршува по крајот на оваа сезона, па ќе стане слободен играч, а овој трансфер се очекува наскоро да биде и потврден.
Тован е светски првак со Франција од 2018. година и еден од најдобрите француски офанзивци. се очекуваше ова лето да замине во некој голем европски клуб, меѓутоа, тој ќе тргне по стапките на неговиот сонародник Андре-Пјер Жињак, кој во Тигрес стана легенда. Тован ги одби понудите на бројни европски великани кои сакаа бесплатно да го доведат во најдобрите фудбалски години.
Тован во кариерата играше за Гренобл, Бастија, Лил, Њукасл и Марсеј. За Франција има девет настапи и еден погодок.


Евротип предлог тикет – Недела 09.05.2021

Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи околу 63 коефициент:

Рен – ПСЖ 2
Двете екипи минуваат низ тешка сезона и бодовите од овој дуел може да бидат одлучувачки за исходот на крајот од сезоната. ПСЖ е во шок по елиминацијата од Лигата на шампионите, а Мбапе не е фит и неизвесен е за настап во овој дуел. Почетино може да не го ризикува и да го остави на клупата за резерви. Сепак, со или без Мбапе, сепак фаворитската улога и натаму е кај „светците“.

Арсенал – ВБА 1-1
По шокот во Лига Европа, Арсенал мора брзо да се соземе и има противник по мерка. ВБА е на прагот на Чемпиншип и скоро да ги загуби сите шанси за опстанок. „Топџиите“ тоа треба да го искористат и да се наполнат со самодоверба со убедлива победа.

Валенсија – Ваљадолид 1, 3+
Секоја тренерска смена нуди позитивен импулс кај екипата, па така и враќањето на „пожарникарот“ Воро треба да ја разбуди Валенсија. Опстанокот не е обезбеден, а ова е директен дуел против екипа која се бори за гол прволигашки живот. Очекувам многу голови и домашен триумф.

Црвена Звезда – Златибор 1, 4+
Титулата веќе е во витрините на „црвено-белите“, па играат до крајот на шампионатот на Србија за своја душа. Со оглед на тоа што разликата меѓу двете екипи е огромна, се чини дека прашање е само колку голови ќе примат гостите во својата мрежа.

Рома – Кротоне 1, 1+ПП & 1+ВП
Фонсека сака со стил да ја заврши сезоната и да му отстапи место на сонародникот Мурињо. Нема поубава можност, по Манчестер Јунајтед во четвртокот, да се врати победничкиот ритам и во Серија А. Кротоне е веќе второлигаш, Рома игра супер-офанзивно и отворено и верувам во убедлива победа.


Раул најсериозен кандидат за тренер на Ајнтрахт Франкфурт

Реал Мадрид и Ајнтрахт би можеле да имаат нова соработка. Прво, Лука Јовиќ премина во Мадрид, па се врати назад. Сега по истиот пат би можел Андре Силва, кон престолнината на Шпанија, додека во спротивен правец може да тргне Раул Гонзалес. Како што пишуваат голем дел од германските медиуми легендарниот напаѓач на Реал Мадрид е прв кандидат за нов тренер на Ајнтрахт бидејќи Ади Хитер заминува на крајот од сезоната. Шпанецот е заинтересиран за самостојна работа, а Бундеслигата би можела да биде негова прва дестинација. Раул е тренер на младиот тим на Реал има договор со шпанскиот гигант, но нема дилеми дека ќе добие зелено светло ако навистина сака да оди Ајнтрахт. Преговорите почнале, а ќе продолжат по завршувањето на сезоната.


Готово е, Нејмар потпишува долгогодишен договор!

Според француски „Екип“, Бразилецот Нејмар се согласил да го продолжи договорот со ПСЖ според кој ќе заработува по 30 милиони евра по сезона во следните пет години.
Нејмар немал ништо против да прифати помала плата за 5 милиони евра по сезона, но со едно барање, во случај на освојување на ЛШ да заработи бонус од 10 милиони евра.
Нејмар неодамна изјави дека е среќен во ПСЖ и дека клубот сега е еден од најдобрите четири во светот, па новиот договор е очекуван потег.
Во меѓувреме, тимот од Париз и понатаму работи на продолжување на договорот на Килијан Мбапе.


Тован од Олимпик Марсеј се сели во Тигрес

Флоријан Тован ја изненади фудбалската јавност со својот трансфер. Тован неколку сезони одлично играше во дресот на Марсеј и во текот на летото се поврзуваше со неколку европски клубови, но одлучи да остане во францускиот клуб. Неговиот договор со Марсеј истекува на крајот од сезоната и се очекуваше да направи исчекор во кариерата бидејќи како слободен играч можеше да бира каде да ја продолжи кариерата. Меѓутоа вчера стигна изненадување откако беше потврдено дека Тован кариерата ќе ја продолжи во Мексико. Негов нов клуб ќе биде Тигрес каде што ќе пристигне во јули оваа година.


Флик откри дека преговара со Германската фудбалска федерација

Ханс-Дитер Флик откри дека разговарал со германскиот фудбалски сојуз за преземање на репрезентацијата. Младиот специјалист претходно објави дека ги напушта Баварците, а германските гиганти веднаш најдоа замена во лицето на Јулијан Нагелсман. „Веќе имаше разговори, исто така со Оли Бироф. Сите сме фокусирани на Баерн. Иднината е далеку од јасна. Ќе почекам и ќе видам што ќе се случи. Да се биде селектор на Германија е нешто посебно. Имате тим од најдобрите играчи во земјата. Поминав прекрасен период таму и знам што да очекувам”, додаде тој.


Сопственикот на Интер побара намалување на трошоците

Претседателот на Интер, Стивен Женг побара од управата на клубот и тренерот Антонио Конте да се намалат трошоците. Интер минатиот викенд ја освои титулата во италијанското првенство по цели 11 години и така ја прекина деветгодишната доминација на Јувентус, но иднината на клубот е неизвесна, бидејќи сопствениците бараат нови инвеститори и се обидуваат да ги намалат трошоците. Конте претходно рече дека по освојувањето на титулата ќе се сретне со Женг како би разговарал за плановите, а Скај Спорт тврди дека состанокот е одржан. Женг се обврза да го продолжи проектот со Конте, но побара сите да ги намалат трошоците додека трае пандемијата. Наводно, играчите на Интер и тренерите ќе се согласат на доцнење на неколку плати, како трошоците би се пренеле на идната финансиска година. Нови засилувања во тимот ќе има само доколку се продадат некои играчи или пак ако се договори размена.


Англија сака да го организира финалето на ЛШ наместо Истанбул

Фудбалската асоцијација на Англија преговара со УЕФА за преселување на финалето на Лигата на шампионите на Островот. Натпреварот помеѓу Челзи и Манчестер Сити е закажан за 29 мај во Истанбул.
Состојбата со зголемувањето на инфекциите со коронавирус во Турција е таква што британската влада ја стави земјата на црвената листа. Ова значи дека секој што ја посетува земјата мора да остане во карантин во траење од 10 дена во владиниот хотел по враќањето во Велика Британија.
За елитните спортисти, постои исклучок кога патуваат, но тие исто така мора да бидат во карантин. Британската влада верува дека најдобра опција е финалето да се одигра на Островот, бидејќи учесници се две англиски екипи. На овој начин навивачите ќе можат да присуствуваат на натпреварот.
„Се плашам дека мора да ја ставиме Турција на црвената листа. Тоа значи дека навивачите не треба да патуваат во Турција. ФА разговара со УЕФА. Ние сме отворени за да бидеме домаќини на финалето, но ова е одлука на УЕФА”, рече министерот за транспорт, Грант Шапс.