feature

Компанија во која акционери се Серена и Хамилтон го купува Челзи?

Трофејна тенисерка и повеќекратен шампион во Формула 1 би сакал да влезе во новата сопственичка структура на англискиот клуб Челси.

Рускиот милијардер Роман Абрамович веќе извесно време се обидува да го продаде тимот поради бизнисот во Англија, загрозен од агресијата на неговата земја кон Украина, односно блиските односи со рускиот претседател Владимир Путин, а информациите на Скај велат дека за купувањето се заинтересирани и се уште активните спортисти Серена Вилијамс и Луис Хамилтон.

Споменатиот извор тврди дека освојувачката на 23 гренд слем титули и сопственик на седум шампионски титули ќе му се придружи на конзорциумот предводен од Сер Мартин Бротон.

Возачот на Формула 1 од Англија и тенисерката од Соединетите Американски Држави ќе му дадат по десет милиони фунти на споменатиот конзорциум и на тој начин, сметаат, ќе ја засилат понудата во конкуренција на уште двајца можни купувачи на „сините“.


Вајт и Фјури спремни за спектаклот на „Вембли“

Боксерите Тајсон Фјури и Дилиен Вајт, во текот на викендот ќе имаат меч на легеднарниот стадион – „Вембли“.

Организаторите во Англија очекуваат  94.000 гледачи што ќе биде рекорд по посетеност на боксерски меч во 21 век. Сегашниот беше поставен во 2017 година кога битката на Британецот, Ентони Џошуа и Украинецот, Владимир Кличко, ја гледаа 88.000 фанови на боксот.

Од претстојниот меч Фјури ќе инкасира 32,8 милиони долари а Вајт 8,2 милиони.


РБ Лајпциг одбива продажба на напаѓачот Нкунку

Германскиот „Скај Спорт“ пренесува изјава од претседателот на РБ Лајпциг Оливер Минцлаф, во врска со иднината на францускиот репрезентативец Кристофер Нкунку во клубот.

Претседателот беше прашан за иднината на напаѓачот, бидејќи за него има голем интерес од клубови како Манчестер Јунајтед и Арсенал. 

„Сум кажал неколку пати – Нкунку ќе биде играч на Лајпциг и следната сезона“, изјави Минцлаф.

Оваа сезона Нкунку има 30 гола на 45 натпревари во дресот на Бундеслигашот од Лајпциг.


Алаба не е сериозно повреден, ќе биде во комбинација за дуелот во Манчестер

Давид Алаба кој постигна гол на вчерашниот меч против Осасуна и мораше принудно да остане во соблекувалната на полувремето, нема посериозна повреда, изјави тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти.

„Оптимисти сме со Алаба, не изгледа дека е сериозно. Го болеше кај препоните и одлучивме да не ризикуваме“ , изјави тренерот на „белите“.

Реал Мадрид кој е на чекор да ја освои титулата во Примера Дивизион, наредната работна недела го очекува првата пресметка со Манчестер Сити во полуфиналето во Лигата на шампионите.


Карлос Саинц потпиша нов договор со Ферари

Формула 1 тимот на Ферари официјално објави дека потпишал нов, двегодишен договор со Карлос Саинц. 

Шпанскиот возач ќе вози за популарната Скудерија до крајот на 2024 година.

„Многу сум среќен што го обновив договорот со Ферари. Отсекогаш сум велел дека нема подобар Формула 1 тим за кој би се натпреварувал. По повеќе од една година со тимот можам да потврдам дека возењето во болидот на Ферари носи уникатно чувство кое не може да се спореди со ништо друго“, изјави Саинц.


Англиската Премиер лига објави нови имиња за Куќата на славните

Серхио Агуеро, Дидие Дрогба, Винсент Компани, Питер Шмајхел, Пол Сколс и Јан Рајт ќе бидат нови членови на Куќата на славните во Премиер лигата. 

Тие ќе им се придружат на Вејн Руни и Патрик Виеира, кои претходно оваа година станаа дел од престижното друштво.

Првите играчи кои беа примени во Куќата на славните на Премиер лигата беа Тиери Анри, Алан Ширер, Дејвид Бекам, Денис Бергкамп, Ерик Кантона, Стивен Џерард, Рој Кин и Френк Лампард.


Пол Погба се договорил со ПСЖ

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, ги договорил личните услови со Париз Сен Жермен, околу негов трансфер во летниот период.

Според информациите од Франција, двете страни ќе потпишат четиригодишен договор, а 29-годишниот Французин во ПСЖ ќе пристигне како слободен играч од Манчестер Јунајтед.

Погба оваа сезона постигна еден гол и има девет асистенции на 25 натпревари за „црвените ѓаволи“. Неговиот договор со клубот е до 30 јуни оваа година.


Меси останува во Париз и наредната сезона

Ѕвездата на Париз Сен Жермен, Лионел Меси веќе донел одлука за својата иднина. „Мундо Депортиво“ пренесува дека Аргентинецот планира да го исполни договорот и ќе остане во тимот на ПСЖ и следната сезона. Меси е подготвен наредната година да му помогне на екипата да го подигне пехарот во Лигата на шампионите.

Парижаните се на добар пат да ја освојат титулата во француското првенство оваа сезона. Меѓутоа ПСЖ повторно потфрли во Лигата на шампионите, каде во осминафиналето беше елиминиран од Реал Мадрид. 


Бенфика го носи Ди Марија

Португалскиот гигант Бенфика посакува ова лето да го донесе во своите редови играчот на ПСЖ, Анхел Ди Марија.

Според извори блиски до Бенфика, 34-годишниот фудбалер може да се врати во португалскиот клуб како слободен играч. Сепак, Ди Марија ќе мора да прифати помала плата од сегашните 13 милиони евра годишно.

Ди Марија беше член на Бенфика од 2007 до 2010 година. Крилниот напаѓач дојде во ПСЖ од Манчестер Јунајтед во 2015. Актуелниот договор на играчот е до крајот на оваа сезона.

Аргентинецот сезонава запиша 25 натпревари за ПСЖ, постигнувајќи три гола и пет асистенции.


Рудигер многу блиску до трансфер во Реал Мадрид

Дефанзивецот на Челзи и германската репрезентација, Антонио Рудигер би можел да му се приклучи на Реал Мадрид ова лето, објавува Марка.

Од Шпанскиот гигант се надеваат дека доведувањето на Рудигер  ќе ги реши проблемите во одбраната на тимот.

Раководството на Реал Мадрид е подготвено да ги засили преговорите со менаџерите на 29-годишниот фудбалер, и се надеваат дека тие ќе ги намалат финансиските барања за својот фудбалер со цел побрза реализација на трансферот.

Рудигер му се приклучи на Челзи од Рома во 2017 година. Тој забележа 28 натпревари во Премиер лигата оваа сезона и постигна 3 гола.