feature

Кари уште една недела ќе ја лечи повредата

Кошаркарот на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари, нема да игра барем уште една недела откако магнетна резонанца покажа дека има воспаление на кокцигеумот.
Тоа го изјави главниот тренер на „воините“ Стив Кер. Еден од најдобрите играчи во НБА беше повреден минатата среда кога лошо падна на грб додека се обидуваше да шутира за три поени.
Кари во тековнава сезона одигра 39 натпревари со просек од 29 поени, 5,3 скока и 6,2 асистенции. Екипата на Голден Стејт во Западната конференција со 22 победи и 22 пораза го има деветтото место.


Барса без младата ѕвезда до крајот на сезоната

Ансу Фати веројатно ќе го пропушти остатокот од сезоната, пишува Марка. Младата ѕведа на Барселона мораше минатата година на операција на менискусот кој го повреди на првенствениот натпревар против Бетис. Се предвидуваше дека 18-годишниот фудбалер ќе паузира неколку месеци, но оправувањето не оди според очекувањата, па Фати ќе мора на уште една операција. Марка пишува дека ситуацијата со повредата се закомплизира и дека малку веројатно е да се врати на тренинзите до крајот на тековната сезона. Крилниот напаѓач на каталонскиот клуб се надеваше дека би можел да се најде на пописот на Луис Енрике за Европското првенство, бидејќи до повредата во десет натпревари запиша пет гола и четири асистении. Веруваше дека по повредата би можел да го заслужи повикот на селекторот, но од тоа очигледно нема да биде ништо. Марка додава дека на операција, и тоа во Катар, беше и Филипе Кутињо кој има проблеми со коленото.


Сензација – Суарез се враќа дома?!

Луис Суарез игра феноменално во Атлетико Мадрид. Уругваецот беше буквално „избркан“ од Барселона и препуштен на ривалите, образложенито беше тоа што Суарез веќе има сериозен број на години, а и голема плата. Тоа како да го налути „Пистолеро“, кој го предводи Атлетико до титулата во Примера со 19 погодоци во 25 одиграни натпревари. Шпанските медиуми пренесуваат вистинска „бомба“ – Клоп би можел да го врати Суарез на Енфилд! Ливерпул не е оној истиот од претходната сезона. Повредите на стартот од сезоната беа премногу за тимот на Клоп, „црвентие“ сега грчевито се борат за пласман во топ 4. Сонот за титула беше напуштен уште пред десетина кола. Суарез играше за Ливерпул од 2011. до 2014. година, тој замалку ќе им донесеше титула, кога со тимот предводеше Брендан Роџерс. Суарез беше вистински талисман на екипата, постигна 82 погодоци на 133 натпревари носејќи го црвениот дрес. Сега, во 34. година од својот живот, има договор со Атлетико до крајот на наредната сезона, а неговото враќање во Англија е единствено можно доколку Салах се одлучи да го напушти „Енфилд“.


Олимпискиот факел тргна кон Токио

Олимпискиот факел е на пат низ Јапонија. Од 23. јули до 8. август ќе се одржи одложениот од минатата година најголем собир на спортистите на планетата. Штафетата со огнот стартуваше од Фукушима на стадионот „Џ-Вилиџ“. Прв кој го носеше олимпискиот факел беше фудбалерот Азуса Ивашимизу, тој играше за репрезентацијата на Јапонија од 2006. до 2016. година. Факелот за 121 ден ќе помине низ 859 населени места во сите 47 префектури на Јапонија и ќе трае до денот на отворањето на Олимписките игри – 23 јули.


Откажан атлетскиот митинг во Најроби

Атлетската федерација на Кенија соопшти дека ги одложува квалификациите за Светското првенство за штафети кое треба да се реализира на 1 и 2 мај во Полска.
Во специјалната објава не се прецизира причината за одложување на квалификациите кои требаше да се реализираат во текот на викендот на стадионот Нијајо во Најроби.
На истите требаше да учествуваат и атлетичари од Боцвана, Јужна Африка, Нигерија, Етиопија, Уганда и Танзанија се со цел да им се овозможи на поголем број земји да ги исполнат нормите за учество на Светското првенство во Полска.


Де Лихт ќе биде нов капитен на Јуве

Италијанските медиуми пренесуваат дека раководството на Јувентус ќе прави промени во играчкиот кадар на крајот на сезоната.
После раната елиминација од Лигата на шампиони и лошата сезона во Серија А во Јувентус се спремаат за промени, а најверојатно следната сезона ќе имаат нов тренер, но и капитен.
Се очекува на лето Џорџо Киелини да стави крај на кариерата и да ја предаде капитенската трака. Јасно е дека Бонучи нема да ја добие бидејќи го загуби кредибилитетот поради трансферот во Милан.
„Тутоспорт“ пишува дека нов капитен ќе биде Матијас де Лихт, кој веќе се наметнува како лидер на теренот, но и во соблекувалната.


Марковски го одржа првиот тренинг со Металург

На вчерашниот тренинг на Металург на ракометарите им беа претставени новиот тренер Иван Марковски и новиот кондиционен тренер Златко Јанакиевски.
Марковски смета дека моменталниот пласман на екипата не одговара на квалитетот што го поседува тимот и дека ќе стори се за да го поправи впечатокот што Металург го остави со своите досегашни настапи. Првиот тест, Металург под водство на Марковски, ќе го има веќе в сабота, кога во Автокоманда ќе гостува екипата на Еурофарм Пелистер 2, во рамките на третото коло на македонската Суперлига. Марковски како ракометар, покрај Металург, настапуваше и за екипите на Пелистер, Вардар, Метковиќ Јамбо, Загреб, италијанскиот Џенерали Трст, саудискиот Ал Шабаш и Арагон од Шпанија. Како тренер, заедно со Александар Зарков, тој почна со проектот Работник во Македонија, а потоа успешно го водеше францускиот женски тим Ле Самбр Авенуа.


УЕФА го укинува финансискиот фер-плеј

Европската фудбалска унија (УЕФА), во блиска иднина има во план да го укине финансискиот фер-плеј. УЕФА го воведе овој систем за да ги спречи големите и финансиски моќни клубови да завладеат со фудбалот.
Италијанскиот новинар, Танкредо Палмери, објави дека УЕФА ќе воведе нов систем, кој на клубовите ќе им овозможи поголеми слободи во трошењето на парите.
Ова значи дека богатите клубови повеќе нема да имаат ограничувања и веројатно е дека повторно ќе сведочиме на големи трансфери.
Трансфер-рекордот се уште го држи ПСЖ, кога во август 2017 година на Барселона за Нејмар ѝ плати 222 милиони евра.


Зидан има нов приоритет, а тоа не се Мбапе и Халанд!

Според пишувањата на англиските и шпанските медиуми, Реал Мадрид се откажа од фудбалерот на ПСЖ. Едноставно, Мбапе е прескап за нив во моментот. Од друга страна, премиерлигашите се наоѓаат во подобра финансиска ситуација за Ерлинг Халанд. Претставници на Манчестер Сити веќе го контактираа неговиот татко Алфи, а наводно во трката е и Челзи. Затоа, тимот од Мадрид има ново приоритетно име во нападот.
Зидан го сака Хари Кејн.
„Убиствениот“ Англичанец се подготвува за уште една сезона без трофеј. Дури ни Мурињо не можеше да ја направи својата магија. Тотенхем беше елиминиран од Динамо во Лига Европа, во моментот се шести во Премиерлигата.
Англичанецот е веќе во зрели години, летово ќе наполни 28. Време е за трофеи, а сопственикот на Тотенхем, Даниел Леви и Флорентино Перез веќе имаат добра соработка од минатото.


Панини Македонија објави кога албумот доаѓа во Македонија

Претставништвото на Панини во Македонија кој го произведува албумот со самолепливи сликички за големите фудбалски собири објави дека на 5 април, официјално ќе стартува со продажбата албумот за Европското првенство каде ќе настапи и македонската фудбалска репрезентација.
Колекционерите на албумот Панини во нашата земја ќе имаат голема причина за уживање и предизвик, затоа што прв пат во фудбалската историја Македонија ќе биде дел од ЕП или СП и во албумот, кој останува засекогаш.
Се уште не е познато колку ќе чини едно пакетче и колку сличиња ќе има внатре. Но јасно е дека македонските фудбалски репрезентативци ќе бидат најпосакувани во пакетчињата.