feature

Џеко: Апсолутно незаслужен пораз!

Поразот од 0:1 од Реал Мадрид е во целост незаслужен, изјави по натпреварот напаѓачот на Интер Един Џеко во кратката анализа на мечот од премиерното коло од групата Д во Лигата на шампионите.

Интер го дочека Реал Мадрид на Сан Сиро и беше подобрата екипа, но никако не можеше да постигне погодок со кој и би го потврдиле тоа. Единствениот погодок на натпреварот, доволен за три бода на Реал Мадрид, беше дело на Родриго во 89. минута.

Натпреварот веројатно ќе имаше различен расплет доколку Џеко искористеше една од трите шанси кои ги имаше пред противничкиот гол, но или Куртоа или одбраната на Реал го спречуваа да стане стрелец.

„Апсолутно незаслужен пораз. Заслуживме многу, многу повеќе.“ – рече Џеко по натпреварот додавајќи:

„Одигравме одлично, но тешко е кога нема да постигнеш гол.“

По првото коло од групата Д, Интер и Шахтјор се во вториот дел од табелата без освоен бод, а Шериф и Реал Мадрид имаат по три бода.


Барса ги брои последиците после Баерн: Алба и Педри повредени по дебаклот

Пред два дена Каталонците беа поразени од Баерн Минхен, а во овој натпревар се соочија  и сп овреда. Жорди Алба и Педри ќе мораат да одат на пауза.

Двајцата се повредија во вчерашниот натпревар. Алба ја истегна задната ложа и ќе биде надвор од теренот барем еден месец. Педри заработи повреда на квадрицепсот и ќе отсуства околу две недели.

Куман сега не може да смета на Серхио Агуеро, Дембеле, Ансу Фати и Мартин Брајтвајт.

Барселона во наредниот период има густ распоред и ја очекуваат три натпревари во првенството и еден меч во Лигата на шампионите.


Лапорта му постави ултиматум на Куман

Роналд Куман добил ултиматум од три натпревари во кои треба да го подигне нивото на игра на тимот, пренесува каталонски „Спорт“.

Барселона беше убедливо поразена од Баерн Минхен во ЛШ, а раководството е загрижено поради бледата игра на тимот.

Претседателот на каталонскиот клуб, Жоан Лапорта, одржал итен состанок со тренерот Куман, кој траел до доцна во ноќта.

Барселона бара од Куман веднаш да реагира и да го подигне нивото на игра на тимот, бидејќи нема повеќе да толерираат натпревари како тој синоќа против Баерн.


Манчестер Јунајтед ги ремети плановите на Барса за Дани Олмо

Дани Олмо со своите настапи го привлекува вниманието на европските гиганти. Откако за поранешниот фудбалер на Динамо интерес покажаа Барселона, Јувентус и Баерн сега во трката се вклучил и Манчестер Јунајтед, објавија британските медиуми.

Барселона во завршницата од преодниот рок се обиде да го доведе Олмо, тоа го потврди и самиот фудбалер, сепак немало време трансферот да се реалзира.

Во Барселона не се откажале и повторно ќе се обидат да го доведат во јануари или по завршувањето на сезона.

Олмо во јануари 2020 од Динамо премина во Лајпциг во трансфер вреден 22 милиони евра.


Голманот на Бриж после ПСЖ: Ништо посебно!

Клуб Бриж и ПСЖ одиграа 1:1 во првото коло од Лигата на шампионите, во натпревар на кој за првпат од првата минута заедно заиграа Меси, Нејмар и Мбапе, но белгиската екипа одлично се справи со атомскиот напад на ПСЖ.

По натпреварот, голманот на Бриж Симон Мињоле истакна дека немаше премногу работа.

„Воопшто немав работа. Одигравме одлично, тимски, компактно и не им дозволивме да створат некои големи шанси. Не можете такви играчи да чувате еден на еден. Преквалитетни се во тие ситуации, но успеавме тоа да го направиме заедно, не им оставивме простор. Имав неколку полесни одбрани, но ништо посебно.“ – рече Белгијанецот.

Киксот на ПСЖ го коментираше и најскапиот играч на Сити, Џек Грилиш.

„Во еден момент отидов да проверам дали е вистина дека Бриж и ПСЖ одиграа 1:1, не верував. Тоа покажува дека во Лигата на шампионите се е возможно.“


Арсенал размислува да го врати Вилшер

Џек Вилшер би можел да добие нова шанса во Арсенал. Пред три години Вилшер го напушти Арсенал и се пресели во Вест Хем, а без клуб е откако Борнмоут го ослободи минатата сезона.

Сега тој доби покана од Артета да тренира со Арсенал, тоа може да биде и почеток на нова соработка.

„Да се биде со добри пријатели и да тренирате со играчи од светска класа е нешто што ме прави среќен. Се надевам ќе разговараме и околу иднината“, изјави Вилшер.


Вајналдум: Ливерпул не ми покажа дека сака да ме задржи

Жоржино Вајналдум, кој по пет години го напушти Ливерпул и се пресели во редовите на ПСЖ, вели дека „црвените“ имале игноратски однос кон него иако изразил желба да остане на „Енфилд“.

„Во таков случај го следите инстинктот. Ливерпул не ми покажа дека сака да ме задржи, затоа морав да одам напред“, вели Холанѓанецот кој во текот на летото се пресели на „Паркот на принцовите“ иако имаше понуда од Барселона.

Вајналдум во дресот на Ливерпул одигра 179 средби на кои постигна 16 голови.


Гути: Уживам во секој пораз на Барселона

Легендата на Реал Мадрид Хозе Марија Гутиерез го коментираше поразот на Барселона во Лигата на шампионите.

Баварците ја разбија Барселона со 3-0 на „Камп Ноу“, а Гути признава дека ужива да ги гледа поразите на големиот ривал.

„Уживам во поразите на Барселона затоа што јас сум навивач на Реал Мадрид, Баерн е навистина добар тим со фантастични играчи на сите позиции, а од друга страна ја имаа очајната Барселона во овој момент. За мене резултатот не е изненадување, повеќе сум изненаден од начинот на кој играше Барселона“.

Го коментираше потоа Гути и стартот на сезоната на Реал Мадрид.

„Офанзивно ми изгледаат навистина добро, малку проблеми има во дефанзивата и таму работите треба да се поправат, посебно во натпреварите со посилни тимови“, изјави Гути.

Гути дресот на Реал го носеше од 1999 до 2010 година и во тој период одигра 542 натпревари и постигна 77 голови, освои се што можеше да се освои.


Пике: Баерн ни ја покажа реалноста сезонава

Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике, по стартниот пораз од Баерн Минхен на  домашен терен во Лигата на фудбалските шампиони, вели дека тимот го очекува долга и тешка сезона.

„Ќе продолжиме да се натпреваруваме. Првиот гол беше несреќен момент, но, вториот нè шокираше сите. Ќе се обидеме да бидеме подобриме во наредните натпревари. Сигурен сум дека ќе се бориме за сите трофеи“, изјави ветеранот во редовите на Каталонците.


Мацари е замената за Семпличи на клупата на Каљари

Искусниот Валтер Мацари беше назначен за тренер на италијанската екипа Каљари. Ова се случи само еден ден откако Леонардо Семпличи доби отказ поради лошиот старт на екипата од Сардинија во Серија А, кои имаат само еден бод по првите три кола.

59-годишниот Мацари потпиша договор со Каљари до 30 јуни 2024 година. Самиот Мацари беше играч на Каљари со кого играше во Серија А. Во тренерската кариера ги водеше Пистоезе, Ливорно, Регина, Сампдорија и Наполи, кои успеаја да се квалификуваат за Лигата на шампионите по 20-годишно отсуство.

Со Наполитанците го освои и Купот на Италија и стана вицешампион на земјата. Мацари исто така го предводеше Интер, како и англискиот Ватфорд. Неговиот последен ангажман беше во Торино.