feature

ФК Тиквеш доби нов спонзор

Македонската компанија „Еуроникел Индустри“ е новиот спонзор на фудбалскиот прволигаш Тиквеш како и на ракометниот клуб Тиквеш.

Во фудбалот компанијата ќе вложува по 30.000 евра годиишно, а во ракометот 15.000 евра годишно за оваа сезона.

„Фудбалскиот клуб Тиквеш има голема вредност за градот и со своите успешни настапи ја испишува фудбалската историја на градот. Со оваа соработка и потпишаниот договор, добиваме партнер кој ги поддржува вистинските вредности и ја делиме истата цел, да бидеме подобри и поуспешни во своето поле. Исклучително сме среќни што компанија како Еуроникел Индустри застанува зад нас и тоа ќе ни даде дополнителен поттик за понатамошни успеси и уште подобри резултати.” – истакна претседателот на ФК Тиквеш Миле Масларков.


Погба се предомислува, сега сака нов договор на „Олд Трафорд“

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба сега сака нов договор со клубот откако во тимот се приклучи Португалецот Кристијано Роналдо.

Договорот на Французинот со „црвените ѓаволи“ истекува летото 2022 година, а претходно беше објавено дека Реал Мадрид е заинтересиран за услугите на играчот, но Манчестер Јунајтед нема намера да се раздели со него и има намера да го продолжи договорот.


Донарума: Милан е минато, сега уживам во Париз

Џанлуиџи Донарума ова лето го напушти Милан како слободен агент и се пресели во Пари Сент Жемен.

Младиот италијански голман вчера го имаше своето деби во дресот на ПСЖ, не прими гол и беше воодушевен од новииот клуб.

„Милан е минато, уживам во Париз. Среќен сум тука, добро ме пречекаа во клубот. Сакаме што е можно повеќе победи и да ги израдуваме навивачите кои се неверојатни“, изјави Донарума.

Донарума е дете на Милан, запиша 251 натпревар за „росонерите“, но не се раздели во најдобри односи со италијанскиот гигант.


Пелегрини на радарот на Милан и Барса

Барселона и Милан покажуваат силен интерес за играчот за врска на Рома и италијански репрезентативец, Лоренцо Пелегрини.

Куман е во потрага по квалитетен играч за врска, а Пелегрини е на врвот на листата желби.

Пелегрини влегузе во последната година од договорот, но Мурињо не сака да се откаже од него и ќе го убеди да остане.

Ситуацијата внимателно ја следи и Милан, кој исто така покажува сериозен интерес за играчот.

Италијанските медиуми пренесуваат дека „росонерите“ и Каталонците веќе стапиле во контакт со агентот на Пелегрини.


Аврамовски пронајде нов клуб во Турција

AW304809

Maкедонскиот репрезентативец Даниел Аврамовски заврши со Кајзериспор.

Клубот потвбрди дека соработката со нашиот интернационалец е завршена и тој е слободен да си бара нов клуб.

Низ турските медиуми се најавува дека следна дестинација на Аврамовски ќе биде тимот на Гиресунспор кој после три кола се наоѓа на последното место на табелата во Суперлигата.


Салихамиџиќ јавно го критикуваше Ројс

Членот на управниот одбор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ, го критикуваше капитенот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс, кој деновиве поради наводна повреда доби дозвола да ја напушти репрезентацијата на Германија, но, вчера се појави на теренот и одигра цели 90 минути против Баер Леверкузен.

Салихамиџиќ рече дека не е првпат играчи од други клубови да ги откажат меѓународните обврски додека Баерн Минхен никогаш не го практикува тоа. Тој го посочи примерот со крилото, Серж Гнабри, кој играше и постигна гол на Исланд иако имаше проблеми со грбот.

„Зачудувачки е кога ги пропуштате натпреварите на националната селекција и неколку денови подоцна играте за вашиот клуб. Нашите играчи остануваат и играат“, изјави Салихамиџиќ


ТФТ го освои првиот меморијален турнир „Анте Дуковски“

Кошаркарите на ТФТ се победници на првото издание од меморијалниот турнир „Анте Дуковски“, кој во неделата која е зад нас се играше во Скопје, а во чест на прерано починатиот тренер на МЗТ Скопје и на повеќе младински репрезентативни селекции.

Во големото финале, „црно-белите“ од Тафталиџе убедливо го совлада новиот прволигаш Феникс 2010 со резултат (106:83).

Американецот Хортон беше најдобар стрелец во победничкиот тим со 26. поени. Неговиот сонародник, Бродвеј реализираше 19 поени, а Маслинко и Ташовски постигнаа по 14 поени. Куртис Џоунс беше незапирлив во редовите на Феникс 2010 со 35 поени, а репрезентативецот Митревски додаде 17 поени.

Претходно, третото место го освои екипата на Академија ФМП, која во „малото финале“ го совлада Куманово (75:71).

Инаку на овој турнир настапија уште и екипите на Работнички и Ангели, кои не ја поминаа првата, групна фаза на овој премиерен собир, на кој настапија дури шест прволигашки екипи.


Анчелоти: Нападот ни е одличен, но одбраната има проблеми

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти по победата од 5-2 над Селта вели дека тимот одиграл според договореното.

„Речиси се помина добро. Играта се уште не е совршена. Навивачите многу ни помогнаа. Имавме две дефанзивни грешки на кои треба да работиме. Во исто време, нашиот напаѓачки потенцијал е неверојатен. Секако, мора да бидеме подобри во одбраната. Добро реагиравме и тоа ни помогна да победиме, но не треба да ги даваме тие топки така лесно. Треба да постигнеме рамнотежа. Ќе зборуваме за она што не успеавме да го направиме“, вели Анчелоти.


Симоне Инзаги: Заслуживме победа во Џенова

Тренерот на фудбалерите на Интер, Симоне Инзаги, изрази жалење поради ремито 2-2 на гостувањето кај Сампдорија во денешниот меч од Серија А. Неговиот тим двапати  водеше, но, домаќините се изборија за еден бод.

„Моравме и можевме да го добиеме мечот. Се соочивме со добар тим кој беше добро организиран, згора на тоа повредата на Сенсеине остави со играч помалку. За жал, вестите не се добри. Сепак мора да бидеме задоволни. Имаме седум бодови од три натпревари и тоа два беа на гости. Ќе работиме да напредуваме“, вели тренерот на Интер.


Млад играч на Ливерпул заработи скршеница, па воодушеви со неговиот потег (фото)

Ливерпул го победи Лидс со 3:0 на гостувањето во четвртото коло од Премиерлигата. За „црвените“ погодуваа Мохамед Салах, Фабињо и Садио Мане.

Во 60. минута од натпреварот беше исклучен дефанзивецот на Лидс, Паскал Струијк, кој заработи црвен картон по бруталниот прекршок над 18-годишниот Харви Елиот.

Струијк со лизгачки старт од зад грб ја скрши левата нога на Елио.

Елиот веднаш беше префрлен во болница, па му следи повеќемесечно опоравување. Во болницата, играчот на Ливерпул беше пречекан од неговото семејство, а тој направи голем гест.

Во собата до него лежеше дете со скршена рака, а Елиот му го подари дресот кој го носеше на натпреварот против Лидс.

Детето беше воодушевено, а фотографијата веднаш стана вирална на социјалните мрежи.